Спорт
Тајсон Фјури чека шесто дете: Сите сами за себе ќе си заработуваат леб!

Боксерот Тајсон Фјури (32) изјави дека со сопругата Парис го чекаат нивното шесто дете. Имаат три сина и две ќерки, а најмладиот е Принц Адонис Амазијах роден во 2019 година.
„Имам прекрасна жена и здрави деца. Тоа е најважната работа, здравјето на семејствоо, ништо друго не е важно. Работа, пари, кариера, ништо од тоа не е важно, единственото што не можете да го добиете назад е изгубеното време со семејството“ порача популарниот „Џипси кинг“.
И сподели на јавноста како се носи со секојдневните предизвици во одгледувањето на децата. Вели дека не сака се да им овозможи затоа што планира да ги научи нормално да живеат и сами да си заработуваат в иднина.
„Многу ми е битно да се држам до традицијата и да имам многу деца. Децата мора да научат колку е тешко да се заработува. Ако ме видат мене како само трошам и живеам како филмска ѕвезда, ќе мислат дека тоа е единствено нормално. Мораат да заработуваат од нормална работа, 200-300 фунти неделно, битно е колку и да заработуваат нивните умови да не се `загадени` од родителите милионери. Моите деца не одат во приватно училиште, туку во нормално, како и сите останати“ заклучи боксерскиот шампион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бекенбауер „куртули“ во истрагата за корупција, предметот е застарен

Етичкиот суд на ФИФА ја затвори истрагата за корупција против германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер откако предметот застари, потврдија од светската куќа на фудбалот.
Бекенбауер како лидер на успешната кандидатура на Германија за СП во 2006 година уште во 2016 година беа обвинети дека исплатиле 10 милиони швајцарски франци на Мохамед Бин Хамам од Катар за гласови за изборот. Покрај Бекенбауер ослободени од обвиненијата се и Тео Цванцигер и Хорст Шмит.
Швајцарските федерални обвинители исто така го истражуваа случајот, но судењето „колабираше“ минатиот април исто така поради застарување на делото. Бекенбауер не беше обвинет таму поради здравствени причини.
75-годишниот Бекенбауер стана првиот фудбалер кој како капитен и селектор освои титула од Светското првенство, предводејќи ја Западна Германија до титулата во 1974, пред во 1990 да ја освои титулата како селектор на обединета Германија.
Спорт
Навивачите на ПАО со луд пречек на Хезоња во Атина

Поранешниот петти пик на НБА драфтот, Хрватот Марио Хезоња и официјално стана член на грчкиот Панатинаикос, и денеска, на неговиот 26. роденден не можеше да посака подобар пречек во Атина, каде што околу 500 фанови го пречекаа новиот херој.
Крилото остана без НБА тим, и си замина по 330 НБА меча во пет сезони со просек од само 6.9 поени и 3.1 скокапо натпревар.
„Долго време чекав да пристигнам. Конечно сум тука и ми се оствари желбата. Панатинаикос е религија, клубот има најдобри фанови на светот и денеска го покажаа тоа уште еднаш. Едвај чекам да им вратам за ова“, изјави Хезоња.
This is how Panathinaikos fans greeted Mario Hezonja at the Athens International Airport.
(Via https://t.co/4QQhYtiafw / yt) pic.twitter.com/tEbAYsCSTf
— Dionysis Aravantinos (@AravantinosDA) February 25, 2021
Спорт
Ибрахимовиќ: Го „златанизирав“ Стефано Пиоли
Златан Ибрахимовиќ вели дека го „златанизирал“ тренерот Стефано Пиоли, кој во Милан покажал дека е голем тренер и во исто време потврди дека нема трпение со неговите помлади соиграчи кај „росонерите“.
„Кога дојдов во јануари 2020 можеби го ‘златанизирав’ Пиоли и го направив многу повеќе како мене. Тој пристигна во Милан каде што имаше тешка атмосфера. Ако сме сега тука каде што сме, тоа е негова заслуга, бидејќи покажа дека е голем тренер. Има вистински менталитет и очекува многу од тимот, иако се работи за млади момци. Можеби има повеќе трпение од мене, но затоа е постар и позрел од мене. Тој е навикнат на ситуација во која се бори да остане во Серија А, што е многу различно од тоа да си навикнат на врвот. Сега, покажа дека е достоен за ова ниво. Мене пак, не ми е грижа. Не е важно колку години имаш, нема време за губење во Милан. Мора да играш добро сега. Ако не играм добро, Милан ќе донесе друг напаѓач и така е за секого“, вели Златан.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер