Спорт
Тандемот од Јувентус го пропушта Камерун

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, се соочува со сериозни проблеми пред натпреварот со Камерун, во второто коло на СП во Катар. На сликарите на „орлите“ во Катар им нема крај. Неизвесен за овој натпревар, како што пренесе „Спорт клуб“ е напаѓачот на Душан Влаховиќ.
Влаховиќ, премиерниот натпревар на Србија на СП, против Бразил, го започна од клупата за резерви. Доби шанса во втриот дел, но повторно почувствувал болка, која била толку силна што едвај го завршил натпреварот.
Ден по натпреварот речиси и да немало подобрување, па настапот на Влаховиќ против Камерун е под знак прашалник. Она што е сигурно е дека тој и на овој меч нема да биде во стартниот состав.
Покрај Влаховиќ не е сигурно дека подготвен за Камерун ќе биде и неговиот соиграч од Јувентус, Филип Костиќ. Вин-бекот, воопшто не играше против Бразил.
Проблем за Пикси прествува и повредата на Сергеј Милинковиќ Савиќ. Офанзивниот играч за врска се повреди на стартот од натпреварот против Бразил. Сепак, во српската репрезентација сите веруваат дека тој ќе игра против Камерун.
Натпреварот Србија – Камерун е закажан за в понеделник, од 11 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Навас се сели кај „шумарите“

Кејлор Навас во финишот на преодниот рок ќе го засили Нотингем Форест.
„Шумарите“ се во потрага по голман, откако Дин Хендерсон се повреди и не е познато кога би можел да се врати во тимот. Дел од медиумите шпекулираат дека за него оваа сезона е завршена.
Навас целосно падна во втор план кај новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие, прв голма на „светците“ е Џиџи Донарума.
Претходно се шпекулираше дека Навас би можел да премине во Ал-Наср., но голманот ја одби таа можност.
Спорт
Мартинез ја „натера“ ФИФА да смени едно правило
Контроверзното однесување и психолошките игри на Емилијано Мартинез, во пенал сериите на Сп во Катар, кои ги имаше Аргентина против Холандија во четвртфиналето и Франција во финалето, ја натераа ФИФА да направи промена во правилата.
Новото правило ќе биде донесено на конгресот на ФИФА во март, пишуваат англиските медиуми.
На голманите, на гол-линијата, ќе им биде забрането да им се обраќаат на фудбалерите кои изведуваат пенали, да гестикулираат кон нив, да ги деконцентрираат пред да го шутираат пеналот и да прават други психолошки игри при изведувањето на пеналите.
Новото правило кога ќе биде усвоено ќе започне да се применува од наредната сезона.
Спорт
Продава слики од Михаел Шумахер за 1.000.000 евра

Голем скандал ја потресе Италија. Наводно, највлијателните медиуми во таа земја имаат можност на неименуван извор да му платат еден милион евра за да добијат фотографии на кои се гледа моменталната состојба на Михаел Шумахер. Легендарниот германски возач моментално е во тешка состојба откако доживеа несреќа на скијање во 2013 година и оттогаш многу малку се знае за неговата здравствена состојба.
Неименувано лице, блиско до семејството Шумахер 1 реши да ја искористи несреќата на славниот Шумахер и да заработи речиси една деценија по трагедијата.
Како што пренесува италијанскиот весник „Република“, лицето кое го фотографирало и снимило Михаел Шумахер им понудило на најпознатите медиуми од таа земја да ги купат фотографиите за милион евра, а потоа да му откријат на целиот свет како девет години по несреќата изгледа седумкратниот светски шампион.
Според информациите кои се појавија, семејството знае за постоењето на овие фотографии, но се уште не сака на јавноста да и го открие идентитетот на лицето.
Од друга страна, италијанските медиуми наведуваат дека моментално ниту еден весник во таа земја не сака да ги купи и објави споменатите фотографии.