Спорт
Теми Абрахам мора да ја искористи шансата во Челси

Поранешниот фудбалер на Челси, Карлтон Кол му порача на Теми Абрахам да ја искористи огромната шанса да биде фудбалер со бројот 9 на „сините“, откако новиот тренер Френк Лампард реши да го искористи 21-годишниот Англичанец како главен напаѓач против Манчестер јунајтед.
Челси загуби со 4:0, но младите Абрахам и Мејсон Маунт покажаа дел од својот квалитет. Како Абрахам, и Карлтон Кол произлезе од школата на клубот од „Стемфорд бриџ“, но не успеа да се пробие во првиот тим со Дидие Дрогба, Ернан Креспо и Еидур Гудјонсен, по што замина во Вест хем. Лампард исто така беше еден од соиграчите на Кол.
„Ова е фантастична шанса за Теми Абрахам. Кога јас бев таму, се борев за живот и за секоја минута. Се надевам дека момците на Френк знаат каква голема шанса е ова. Јас би сакал да добијам ваква прилика. Теми посебно мора да се покаже. Тој е добар фудбалер, има уште многу да учи, но сега е во Челси во Премиер лигата, најдобро школо. Лампард му верува и тоа е победничка ситуација. Абрахам треба да верува“, вели Кол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Евролига: Дилејни донесе нова победа за Барса

Малколм Дилејни ги постигна сите свои 17 поени во последните 13 минути од мечот, за да ги предводи Барселона до 98:86 победа над Панатинаикос со која се израмнија со Реал Мадрид со 10-3 скор и се само зад Ефес на евролигашката табела (11-2)
Дилејни имаше клучни поени за каталонскиот клуб, прво погодувајќи тројка за 84:77, а потоа и едно положување за 91:81, пред на 2:20 да зголеми на 94:81, разлика од која грчкиот клуб не успеа да се врати.
Францускиот Асвел пак, уште еднаш стигна до голема домашна победа, овојпат против Армани Милано со 89:82. Дејвид Лајти постигна 19 поени, Џордан Тејлор доаде 18 за Асвел, додека Родригез за италијанскиот тим имаше 13 поени и 10 асистенции. Асвел сега има 6-7 скор, додека Милано е на 7-6.
ЕВРОЛИГА, 13. КОЛО
Жалгирис Каунас – Валенсија 82:86 (21:19, 27:28, 9:17, 25:22)
Баерн Минхен – Зенит Петербург 77:69 (14:15, 23:20, 24:15, 16:19)
Асвел Лион – Олимпија Милано 89:82 (20:24, 18:21, 32:16, 19:21)
Барселона – Панатинаикос 98:86 (28:23, 27:24, 16:18, 27:21)
Спорт
Аугзбург и Макс го имаат „лекот“ за Хофенхајм (видео)

Филип Макс постигна два гола, а Аугзбург стигна до четвртата победа во пет лигашки мечеви со заслужена 4:2 победа на гости кај Хофенхајм.
Аугзбург влезе во мечот без пораз во последните четири меча и најави дека се дојдени по трите поени во Зинсхајм, откако Макс уште во 11. минута ги донесе во водство. Но, само три минути подоцна Роберт Сков постигна фантастичен гол за кој Томаш Коубек немаше одговор и Хофенхајм доминираше до крајот на полувремето.
Во второто полувреме, Аугзбург ги казни сите грешки на Хофенхајм. Прво Кевин Акпогума направи фаул за пенал во 51. минута, кој Макс лесно го реализираше, пред Фредрик Јенсен во 56. минута со својот прв бундеслигашки гол да донесе 1:3 предност. Јирген Локадија во 80. минута даде надеж на домаќините, но Сков со вториот гол само пет минути подоцна стави печат на победата.
Со победата, Аугзбург се искачува на 10. место на табелата со поен пред Хофенхајм, кои немаат победа во последните четири меча.
Спорт
Ексшампионката од Ролан Гарос, Скијавоне ја добила битката со ракот

Поранешната шампионка од Ролан Гарос, Италијанката Франческа Скијавоне објави дека ја добила битката со ракот преку емотивно видео на Инстаграм.
„Ми дијагностицираа малигнен тумор и тоа беше најтешката борба со која сум се соочила. Најдоброто нешто е што ја добив оваа битка. Кога пред неколку дена ми го соопштија тоа, скокав од радост. Подготвена сум за нови проекти и за нова иднина“, изјави Скијавоне.
39-годишната Скијавоне победи на Ролан Гарос во 2010, а следната година беше во финалето, кога го имаше и најдобриот рејтинг во кариерата, четвртото место на ВТА листата во 2011. Таа се повлече од тенисот во 2018 година, а на почетокот на 2019 кратко работеше како тренер на Каролине Вознијацки, која исто така најави пензија во јануари.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија4 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми