Спорт
Тен Хаг го предупреди Роналдо: Нема да ја сменам визијата, ако некој пречи ќе си оди

Ерик Тен Хаг од следната сезона ќе биде менаџер на Манчестер јунајтед, според многумина, можеби најтешката тренерска работа во моментов поради состојбата во која се наоѓа славниот клуб и разочараноста на навивачите.
Се очекува на „Олд Трафорд“ да има „чистка“ со шест фудбалери чии договори завршуваат и со многу други потенцијални заминувања, но најмногу внимание секако претставува како порнешниот помошник на Пеп Гвардиола во Баерн Минхен и човек кој е познат по својата дисциплина и начин на работа ќе се справи со ѕвезда како Кристијано Роналдо.
Во интервју за холанскиот „Тоув“, Тен Хаг е сигурен дека нема да има никаков проблем по прашањето дали може да се справи со „сите Роналда на светот“.
„Мислам дека можам да се справам со сите ѕвезди и на крај да останам свој. Нема да го сменам начинот на кој работам. Фудбалерите кои ги имате секогаш одредуваа како играте, но јас ги поставувам побарувањата и стандардите. Јас кажувам што е нечија задача и тој што нема да ја исполни, без разлика за кого се работи, ќе биде информиран. Нема да правам отстапки за тоа“, вели Тен Хаг.
Erik ten Hag gaat naar Manchester United. Hoe kijkt hij terug op zijn Ajax-tijd? ‘Ego’s zijn voor iedere coach nu dé uitdaging.’ #ajax #TenHag #ManchesterUnited https://t.co/Ejrbgrn6Ai
— Trouw (@trouw) April 22, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Епска победа на Алкараз по четири и пол часа на Ролан Гарос

Новата шпанска тениска надеж Карлос Алкараз го „преживеа“ второто коло на Ролан Гарос, откако во епска битка од 4 часа и 34 минути, на крајот беше подобар од својот сонародник, Алберт Рамос-Вињолас, враќајќи се за 6:1/6:7(7)/5:7/7:6(2)/6:4 победа.
19-годишниот Алкараз се смета за најсериозен ривал на ветераните Новак Ѓоковиќ и Рафа Надал за титулата од Париз, откако оваа година имаше блескав скок во топ 10 во машкиот тенис, освојувајќи ги титулите во Рио во февруари и Мастерс 1000 трофеите од Мајами и Барселона.
Во најдолгиот меч во својата кариера, шестиот носител спаси меч-топка на 4:5 во четвртиот сет, по што во одлучувачкиот сет губеше со 3:0, пред да се врати за неверојатна победа.
Следен за Алкараз е подобриот од мечот помеѓу Себастијан Корда и Ришар Гаске, а тинејџерот може да се сретне со носителот на титулата, Ѓоковиќ, веќе во четврт-финалето, и со легендата на Ролан Гарос, Надал во полуфиналето.
Спорт
Бекер префрлен во затвор за странци, му следува депортирање од Британија

Германската тениска легенда, Борис Бекер е префрлен во затвор за странци, што е сигнал дека ќе биде депортиран од Обединетото Кралство по отслужување на затворската казна, тврдат британските медиуми.
Бекер доби затворска казна од две и пол години во април откако беше прогласен за виновен за прикривање на 2.5 милиони фунти за да избегнеда плати долг откако прогласи банкрот. Германецот првично беше испратен во затвор од „категорија Б“ во Вендсворт, но според „Тајмс“, сега ќе биде префрлен во „затвор од категорија Ц“ во Хантеркомб. Ова значи дека иако се работи за затвор со помало обезбедување, во Хантеркомб од 2021 се затвораат само странски државјани.
54-годишниот Бекер живее во Британија од 2012 година, но според „Тајмс“, никогаш не добил британско државјанство, поради што е „квалификуван“ за автоматско депортирање бидејќи добил казна подолга од 12 месеци.
Спорт
Тебас: Ал-Хелаифи е „човек со многу шапки“, ПСЖ ја убива француската лига

Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас, продолжи со војната на зборови со Пари Сен-Жермен и нивниот претседател Насер Ал-Хелаифи, посочувајќи дека се работи за човек со „многу конфликти на интереси“ и објаснувајќи дека ПСЖ ја „убива“ француската лига, а УЕФА не презема ништо.
По одлуката на Килијан Мбапе да остане во Париз, Тебас ги пријави ПСЖ до УЕФА за прекршување на финансискиот ферплеј и сега уште еднаш побара да се преземат активности против францускиот клуб.
„Насер Ал-Хелаифи е претседател на ПСЖ, претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), член на извршниот комитет на УЕФА и претседател на ‘БеИН спортс’, една од најголемите ТВ-компании на светот која купува ТВ-права во фудбалот. Тој е човек со многу шапки, тука има премногу конфликти на интереси кои не смеат да постојат во 2022. Еден човек не може да биде во сите овие организации и да води ТВ-канал кој купува права за Ла лига, Лигата на шампиони, репрезентативните мечеви. Ќе поднесеме формална жалб до УЕФА оваа недела, но и тужба во Франција и уште една пред ЕУ во Брисел. Ќе видиме и за во Швајцарија“, најави Тебас.
Тој повторно ги критикуваше ПСЖ и Манчестер сити за прекршување на финансискиот ферплеј.
„ПСЖ ја убива француската лига. Има правила на УЕФА за да се спречат такви ситуации, но ако не дојде до тоа, ПСЖ ќе ја убие лигата. Меси дојде во ПСЖ и француската лига доби 70 милиони евра од меѓународните ТВ-права, додека ние добиваме 900 милиони евра без Меси и без Кристијано Роналдо“, посочи Тебас.
Ал-Хелаифи: Во Шпанија се љубоморни бидејќи француската лига е посилна