Спорт
Тен Хаг: Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, повторно демантираше дека Кристијано Роналдо ќе го напушти клубот од „Олд Трафорд“. Роналдо не се појави на почетокот на клупските подготовки за следната сезона, наводно поради семејни причини не отпатува со Манчестер јунајтед на турнеја низ Азија и Австралија.
Португалскиот фудбалер наводно сака да го напушти англискиот клуб кој следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите. Тој е незадоволен од трансфер-политиката на клубот, но сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.
„Роналдо има договор до 2023 година со можност за продолжување на уште една сезона. Тоа значи дека би можел да остане во нашиот клуб и по следната сезона. Тој не е на продажба. Тој се наоѓа во моите планови и со нетрпение ја очекувам нашата соработка Мислам дека е способен да игра пресинг. Тој во својата кариера покажа дека може да направи сè. Поставив некои барања за мојот стил на игра, на кои сакам да се надоврзам во иднина. Врвен играч може да придонесе, а Роналдо е тоа“, изјави Тен Хаг во Австралија каде тимот се подготвува за следната сезона.
Холандскиот стручњак изјави дека е подготвен да ја прилагоди играта на португалскиот фудбалер.
„Фудбалерите диктираат како да играте. Фудбалерите кои постигнуваат голови се важни за секој тим. Остатокот од тимот е изграден околу нив. Мора да победите од самиот почеток. Не гледам далеку во иднината. Имам стратегија, а тоа е процес кој бара време. Мораме да почнеме да се обидуваме да играме како победници“, истакна Тен Хаг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Енис Барди пред трансфер во Трабзонспор

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е во завршни преговори со турскиот шампион Трабзонспор, откриваат медиумите во Турција. Тој треба да биде едно од последните засилувања за тимот пред настапот во Лигата на шампионите, како и во битката за одбрана на шампионската титула.
Трабзонспор не успеа да го доведе Езгјан Алиоски, но можеби ќе има Македонец во тимот, Енис Барди.
Наводно, фудбалерот веќе ги договорил личните услови и треба да потпише тригодишен договор. Останува Трабзонспор и Леванте да ги договорат деталите за отштета и трансферот да се реализира.
Спорт
Црвена Звезда со нов триумф над Пјуник до плејоф за групите во ЛШ

Српскиот првак Црвена Звезда го совлада ерменскиот Пјуник и на реваншот со 0:2 и со вкупни 7:0 се пласира во плејоф за пласман во групите од ЛШ каде ќе се сретне со Макаби Хаифа.
Гејлор Канга во 44. минута донесе водство од пенал, откако претходно Александар Катаи не успеа да реализира од белата точка. Во вториот дел, Милан Павков во 60. минута со удар со глава го постави конечниот резултат.
Аполон Лимасол го совлада Макаби Хаифа со 2:0, но тоа беше недоволно со оглед дека израелскиот тим победи на првиот меч со 4:0.
Плзен го победи Шериф Тираспол со 2:1, а Жалгирис и Бодо/Глимт ремизираа 1:1.
Спорт
Мората е понуден на „Олд Трафорд“

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората би можел да го засили Манчестер Јунајтед. Тој има договор со Атлетико Мадрид до крајот на јуни 2023 година, но ниту во престојната сезона нема да игра за составот на Диего Симеоне. Претходно беше позајмен во Јувентус, но сега Атлетико сака комплетно да го продаде.
Напаѓачот е понуден на „Олд Трафорд“, а „црвените ѓаволи“ бараат напаѓач. Претходно, Болоња ја одби понудата од Јунајтед за Марко Арнаутовиќ.
Мората изминатите две сезони играше како позајмен играч во Јувентус, но и „старата дама“ не сакаше да го откупи неговиот договор.