Спорт
Тепачка во Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед оваа сезона потфрли на резултатски план, а раководството најави дека ќе им ги намали на годишните плати на фудбалерите за 25%. Ова секако се рефлектира и на атмосферата во тимот која е дојдена до точка на вриење.
Последниот тренинг на тимот е принудно прекинат поради физичка пресметка меѓу двајца фудбалери.
Како што тврди „Сан“, Ралф Рангник бил принуден да го прекине тренингот на тимот откако двајца првотимци, чии имиња не се наведени, имале физички дуел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Маркез утре ќе ја заврши сезоната, мора да оди на операција

Шпанскиот мотоциклист Марко Маркез ќе ја заврши сезоната по трката во Муѓело, беше потврдено на прес-конференцијата одржана по квалификациите во саботата. Возачот на Репсол Хонда ќе мора да оди на операција, бидејќи се мачи со повреда на раката.
„Како што се сеќавате, Марк беше опериран пред 18 месеци и оттогаш има долг процес на опоравување и напорна работа со лекарите во Мадрид. За жал, позицијата на мотоциклот не е она што тој сака да ја има за време на тркачкиот викенд. По консултација со лекарите, во петокот добивме информација дека операцијата може да се изврши, дека е можно тоа да се направи сега и затоа Марк ќе ја заврши сезоната по оваа трка. Сметаме дека ова е правилната одлука за сите“, изјави Алберто Пуѓ.
Маркез повторно доживеа пад на квалификациите во Муѓело, во еден момент гореше неговиот мотор. Тој кажа дека целта му е да биде целосно подготовен за сезоната 2023.
Засега не се знае кој ќе го замени Маркез во тимот на Репсол Хонда. Алберто Пуѓ истакна дека допрва ќе одлучи за тоа, бидејќи веста за здравствената состојба на Шпанецот стигна во петокот.
Спорт
Леклер на пол-позицијата во Монако, Перез го искрши својот болид

Шарл Леклер на домашен терен во Монте Карло, ја освои 14.пол-позиција Возачот на Ферари беше најбрз во квалификациите, кои ги обележа инцидентот што го предизвика Серхио Перез на истекот на времето.
Ферари ја потврди доминацијата што ја имаше на слободните тренинзи, Леклер со 1:11.376 минути ќе стартува прв, а неговиот тимски колега Карлос Саинц ќе биде до него во првиот стартен ред.
Вториот ред на стратот го имаат возачите на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Ферстапен.
До десеттото место се пласираа Ландо Норис (Мекларен), Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Алипн), Луис Хамилтон (Мерцердес), Себастијан Фетел (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).
Трката за Големата награда на Монако, во недела ќе започне во 15 часот.
Спорт
Тухел за Канте: Тој е нашиот Салах, Мбапе, Де Брујне, Ван Дајк…

Манчестер јунајтед заинтересиран да го доведе играчот на Челси, Нголо Канте, пишува „Гардијан“. Договорот на францускиот играч за врска со Челзи истекува следната сезона, а британските медиуми наведуваат дека Јунајтед е „во очајнички обид да го засили средниот ред кој беше под нивото од оваа сезона“.
Според овој извор во овој момент речиси е невозможно да се помисли дека лодонскиот клуб ќе го продаде Канте.
Тренерот Томас Тухел го пофали 31-годишниот играч од средниот ред, велејќи дека тој е нивниот „Мохамед Салах, Килијан Мбапе, Кевин де Брујне и Вирџил ван Дијк“ и дополнил дека тој е „клучен, клучен, клучен играч“.
Но оваа сезона, Канте, имаше проблеми со повредите, што ги спомена и Тухел. Поради повредите Канте пропушти многу натпревари и не успеа да влезе во вистинскиот ритам во текот на целата сезона.
„Челзи често мораше да игра без Канте. Ситуацијата со неговиот договор значи дека тие би можеле да донесат одлука доколку Јунајтед ја даде вистинската понуда. Јунајтед почнува од нула со тренерот Ерик тен Хагг. Канте би го засилил редот за врска, а тие го сакаат и Френки де Јонг од Барселона и Деклан Рајс од Вест Хем. Овие двајца се многу поскапи од Канте“, пишува „Гардијан“.