Контакт

Спорт

Тер Штеген: Не само да ги победиме, туку да доминираме над Јунајтед

Објавено пред

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, вели дека неговиот клуб ќе се обиде да доминира над Манчестер јунајтед во вториот меч од четврт-финалето во вторник. Каталонците го пречекуваат англискиот клуб со 1:0 предност од првиот меч, но германскиот голман вели дека тоа не значи оти тие ќе влезат опуштено во мечот.

„Немаме многу голема предност. Не сакаме само да ја одбраниме, туку и да покажеме дека сме супериорни. Сакаме да покажеме дека сме многу подобри од Јунајтед  и треба да ги победиме на наш начин. Треба да играме со карактер“, вели Тер Штеген.

Последните три сезони Барселона беше елиминирана во четврт-финалето кога лани пропушти 4:1 предност од првиот меч и загуби со 3:0 од Рома.

„Поразот од Рома беше тежок, но беше пред една година. Не сакаме да се повтори и мораме да бидеме внимателни“, вели Тер Штеген.

Спорт

Седлоски заминал од Широки, се враќа во Вардар

Објавено пред

Поранешниот тренер на Вардар Гоце Седлоски повеќе не е шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Широки Брег. Доцна синоќа Седлоски поднел оставка на функцијата, објавија медиумите во БиХ. Оставката клубот треба да ја потврди во текот на денов.

Широки со пораз ја започнаа новата сезона во првенството на Босна и Херцеговина. Екипата на Седлоски загуби на домашен терен од Челин 0-1. По мечот Седлоски не се појавил на прес конференцијата.

Широки лошо ја отворија новата сезона, пред поразот од Челик, екипата не испеа да го мине првото коло во Лига Европа.

Седлоски во август минатата година стана тренер на Широки.

Инаку, Гоце Седолски нема да остане без работа, бидејќи тој веднаш ќе ја преземе функцијата спортски директор во Вардар.

Прикажи повеќе...

Спорт

Реал и Арсенал се договориле за Себаљос

Објавено пред

Дани Себаљос денес или најдоцна утре треба да стане играч на Арсенал. Шпанецот треба да се пресели во северен Лондон како позајмен играч, а Арсенал ќе треба да го откупи неговиот договор по истекот на сезоната.

Себаљос не сакаше, но мораше да го напушти Реал Мадрид. Клучен за трансферот во Арсенал бил Унаи Емери кој му ветил дека ќе му ја исполни желбата, а тоа е да одигра околу 40 натпревари во сезоната.

Арсенал во трката за Себаљос ги победи Милан и Тотенхем.

Прикажи повеќе...

Спорт

Роналдо ослободен од обвинувањата за силување

Објавено пред

Кристијано Роналдо нема официјално да биде обвинет за силување, потврдиле од обвинителството во Лас Вегас, во сојузната американска држава Невада.

Против Португлецот обвинителството водеше постапка за наводно силување во 2009 година. Извесна Кетрин Мајорга го обвини славниот фудбалер дека ја силувал во хотелска соба во Лас Вегас. Таа Роналдо го запознала во еден ноќен клуб во Лас Вегас.

Таа прво се спогодила и прифатила паричен надомест од 375.000 евра, за да не зборува за наводниот инцидент, но десет години подоцна таа го смени ставот. Најпрвин на медиумите им ја раскажала целата случка, а потоа преку своите адвокати започна да го гони Роналдо.

„Откако повторно ги прегледавме информациите што ни беа достапни решивме дека не може да утврдиме со сигурност дека Роналдо сексуално ја злоупотребил. Поради тоа обвинувањата се отфрлаат“, се наведува во соопштението на обвинителството во Лас Вегас.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ54 минути

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија1 час

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Европа1 час

Илјада пожарникари трет ден ги гаснат пожарите во Португалија, расте бројот на повредени

Бројот на повредени во пожарите во Португалија, кои траат веќе три дена, се искачи на 39. Повеќе од илјада пожарникари...

Македонија2 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија3 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион3 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија17 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија18 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија18 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија20 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија21 час

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија23 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија2 дена

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Досие