Спорт
Терзиќ го презеде Атлетик Билбао
Она за што шпекулираше изминатите неколку недели, претпладнево доби потврда. Един Терзиќ е новиот тренер на Атлетик Билбао почнувајќи од следната сезона.
Баскискиот клуб официјално ја објави веста во вторник наутро. Две години по разделбата со Борусија Дортмунд, што следеше по нивниот пораз од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во 2024 година, германскиот тренер најде нова работа.
Терзиќ ќе го преземе клубиот веднаш по завршувањето на актуелната сезона.
Тој тимот ќе презема од Ернесто Валверде, кој седеше на клупата на Атлетико, од 2021 година.
Foto/ EPA
🚨❤️🤍 OFFICIAL: Edin Terzić signs in as new Athletic Club manager, new chapter at Bilbao for the German coach.
Contract valid until June 2028. 🇩🇪 pic.twitter.com/a1yyxvLJwd
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 5, 2026
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Аферата „Спајгејт“ го остави Саутемптон без можност да се бори за место во Премиер лигата
Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се борат на Вембли за влез во елитата бидејќи беа прогласени за виновни во сега веќе познатата шпионска афера.
Можност да игра во најскапиот меч во светот (победникот добива 200 милиони фунти), добија фудбалерите на Мидлзбро. ќе се сретне со Хал на Вембли утре.
Мидлсбро побара Саутемптон да биде исфрлен од плејофот откако објави дека бил жртва на шпионажа на тренинг, два дена пред првиот полуфинален натпревар. Клубот изјави како го фатиле аналитичарот на Саутемптон додека се криел во грмушките и го снимал нивниот тренинг.
Sky Sports News has obtained a photo that shows a man outside Middlesbrough’s training ground with a camera.
The picture has emerged after a complaint from Middlesbrough that a member of Southampton’s staff spied on one of their training sessions ahead of the play-off tie. pic.twitter.com/o0P0adAuLb
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 13, 2026
Саутемптон беше казнет и со одземање на четири бода на почетокот од следната сезона во Чемпионшип.
Финалето е сè уште закажано да се одржи оваа сабота на стадионот „Вембли“. Саутемптон има право на жалба, а комисијата има намера да одлучи за евентуалните приговори до крајот на утрешниот ден, со цел да се обезбеди непречено одвивање на финалниот натпревар.
Спорт
Шок: Алкараз нема да игра и на Вимблдон
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го откажа настапот на најпрестижниот турнир во светот, Вимблдон.
Алкараз имаше одличен почеток на сезоната, го освои Австралија Опен, но потоа влезе во серија на лоши резултати поради повреда на зглобот.
Поради ова, тој се откажа од турнирите во Барселона, Мадрид и Рим, а потоа го откажа и Ролан Гарос.
Непосредно пред почетокот на Ролан Гарос, Алкараз исто така го откажа Вимблдон, турнир кој го освои двапати, а на кој играше во финалето минатата година.
„Моето закрепнување оди добро и се чувствувам многу подобро, но за жал сè уште не сум подготвен да се натпреварувам, поради што морам да се откажам од турнирите на трева во Квинс и Вимблдон. Тоа се два турнири кои се навистина посебни за мене и многу ќе ми недостигаат. Ќе продолжиме да работиме за да можам да се вратам што е можно поскоро!“, напиша Шпанецот на социјалните мрежи.
Foto/ EPA
Спорт
Диого Жота на списокот на Португалија: Трогателен гест на селекторот Мартинез
Да не беше трагедијата во Кернадиља минатото лето, името на Диого Жота сигурно ќе беше на списокот на португалскиот селектор, Роберто Мартинез.
Сакајќи да му оддаде постхумна почит на фудбалерот кој прерано нè напушти, Роберто Мартинез го прочита неговото име на списокот на учесници на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Диого нема да биде физички таму, но неговиот дух продолжува да живее меѓу играчите на Португалија кои, една година по веста за смртта на неговиот соиграч, ќе се обидат да станат светски шампиони и во негова чест.
Диого Жота почина на 3 јули минатата година во сообраќајна несреќа што го потресе фудбалскиот свет и Португалија. Имаше 28 години.
Веста за трагедијата во која неговиот брат, Андре Силва, исто така го загуби животот, предизвика бран емоции кај навивачите, соиграчите и спортските легенди.
Со години, Жота беше еден од најважните играчи на португалската репрезентација. Дебитираше за репрезентацијата во 2019 година и одигра 49 натпревари за Португалија, постигна 14 гола.
голмани: Диого Коста, Руи Силва, Ѓозе Са, Рикардо Вељо
дефанзивци: Матеуш Нунеш, Диого Далот, Нелсон Семедо, Жоао Кансело, Рубен Диаш, Гонзало Инасио, Томаш Араухо, Ренато Веига и Нуно Мендес
играчи од средниот ред: Саму Коста, Рубен Невеш, Витиња, Жоао Невеш, Бруно Фернандеш, Бернардо Силва
напаѓачи: Рафаел Леао, Франциско Консеисао, Педро Нето, Тринкао, Жоао Феликс, Гонзало Гуедес, Гонзало Рамос, Кристијано Роналдо.
На Светското првенство, Португалија ќе игра во групата К, во која се уште и Колумбија, Демократска Република Конго и Узбекистан.
