Спорт
Тешко го прифати поразот – Роналдо се присети на поништениот гол во Белград

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата, тешко го прифати поразот од Србија во Лисабон. На „Луж“ стадионот, Србија со голот на Митровиќ во 90.минута забележа победа 2:1 и се пласираше на Светското првенство, додека Португалија ќе игра бараж за пласман на Мундијалот во Катар.
По завршувањето на натпреварот, со солзи во очите, Роналдо не сакаше да се поздрави со селекторот Фернандо Сантош, туку гестикулираше со рацете.
Португалскиот селектор на прес-конференцијата им објаснил на новинарите што значела гестикулацијата на Роналдо.
„Зборуваше за голот за победа во последната минута, кој му беше поништен во Белград. Тоа го зборуваше. Тоа значеше неговата гестикулација. Фрустриран е. Тоа е нормално…“, објаснил Сантош.
Cristiano Ronaldo visível irritado depois do jogo. Durante a partida, ele estava incomodando com o posicionamento da equipe, com a postura de Portugal e com as perdas de bola. Vídeo mostra essa irritação. pic.twitter.com/vFso9GPoNt
— Arthur Quezada (@ArthurQuezada) November 14, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атлетико сериозно е заинтересиран за Себаљос

Атлетико Мадрид сериозно се заинтересирани за фудбалерот на градскиот ривал, Реал, Дани Себаљос.
„Марка“, пишува дека Атлетико веќе вторпат стапил во контакт со Себаљос, кој на 30.јуни ќе биде слободен играч.
Себаљос не крие дека не е задоволен од улогата во тимот. Сака да добие повеќе минути на теренот. Анчелоти тоа не може да му го гарантира, а неговата позиција дополнително ќе се влоши доколку Реал, во летниот преоден рок го донесе Џуд Белингем.
За разлика од Реал, според „Марка“, Диего Симеоне е подготвен да му понуди место во стартниот состав на Атлетико.
Покрај Атлетико, Себаљос има понуда да се врати во Бетис.
Спорт
Поради Израел одложена ждрепката на СП У-20

Ждрепката за Светското првенство на ФИФА, за играчи до 20 години во Индонезија, следната недела ќе биде одложена, изјави извор за Ројтерс откако гувернерот на Бали одби да биде домаќин на израелската репрезентација.
Фудбалскиот сојуз на Индонезија (ФСИ), објави дека ждрепката закажана за петок е откажана и ФИФА се уште врши проверки за подготвеноста на турнирот.
Турнирот со 24 тима треба да се одржи од 20 мај до 11 јуни во шест градови во Индонезија, а Израел ќе го има своето деби во натпреварувањето.
„Џакарта пост“ објави претходно овој месец дека гувернерот на Бали, Вајан Костер, напишал писмо до Министерството за млади и спорт барајќи од нив „да усвојат политика за забрана на израелскиот тим да се натпреварува на Бали“, поради конфликтот со Палестина.
На почетокот на овој месец, демонстрантите маршираа низ главниот град Џакарта, веејќи знамиња на Индонезија и Палестина, барајќи да не му се дозволи на Израел да учествува на првенствот.
Населението на Индонезија е претежно муслиманско. Повеќето индонезиски муслимани практикуваат умерена верзија на исламот, но во последниве години е забележан пораст на верскиот конзерватизам кој навлезе во политиката.
Во текот на изминатата година, израелските сили уапсија илјадници луѓе на Западниот Брег и убија повеќе од 200 Палестинци, вклучувајќи борци и цивили. Во меѓувреме, повеќе од 40 Израелци и тројца Украинци беа убиени во палестинските напади.
Ако Индонезија ги загуби правата за домаќин како резултат, членот на Извршниот одбор на ПССИ, Арија Синулинга, рече дека е загрижен дека санкциите на ФИФА би можеле да го „изолираат индонезискиот фудбал од светот“.
Синулинга рече дека се надева на решение каде политиката може да се одвои од спортот, а нејзиниот претседател Ерик Тохир треба да се координира со Министерството за надворешни работи и Министерството за млади и спорт.
Спорт
Гави е во чудна е ситуација по одлуката на судот
Шпанскиот суд го прогласи за неважечки договорот на Гави (18)со Барселона, по што тој беше избришан од тимот на Барселона на официјалниот сајт на Ла Лига. Ла Лига порача дека Гави не го сметаат за член на сениорскиот тим, туку за дел од клупската академија.
„Мундо Депортиво“, наведува дека и покрај ова Гави ќе продолжи да игра нормално за Барселона и шпанската репрезентација.
„Барселона ќе се жали на одлуката, а статусот на Гави нема да се промени до јуни. Чекаме клубот да го реши проблемот со финансирањето на платата“, објавија Шпанците.
Тие објаснуваат дека договорот на Гави, потпишан во септември минатата година, според кој тој ќе остане во клубот до 2026 година и кој содржи откупна клаузула од една милијарда евра, сè уште е валиден, но е „во мирување“.
„Мундо Депортиво“ затоа истакнува дека ситуацијата станува чудна бидејќи „не е јасно дали Гави ќе биде слободен играч на 30 јуни доколку не биде пријавен или ова важеше до крајот на зимскиот преоден рок“.
Гави има 84 настапи за Барселона, од кои 37 оваа сезона. Според „Трансфермаркт“, еден од најголемите светски таленти вреди 90 милиони евра.