Спорт
Тежок пораз на Бугарија во Вилнус

Литванија во шестото коло ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Светското првенство. Во Ц-групата, во Вилнус, Литванија ја победи Бугарија со 3.1.
Литванија на убедлив начин ја прекина серијата од 11 порази и само ја продлабочи кризата во која се наоѓа бугарскиот фудбал.
Бугарите лошо го отворија натпреварот, во 14.минута Илиев не реализираше пенал. Казната стигна четити минути подцна кога водство на Литванија и донесе Ласицкас. Израмнувањето го донесе Десподов. Фудбалетот на Лудогорец погоди во 64.минута.
Во финишот, во 82. и 84.минута, Черњих со два гола стави точка на натпреварот.
Ц-групата ја предводи Италија со 14 бодови, со два натпревари помалку следуваат Швајцарија со 8 и Северна Ирска со 5 колку што има и Бугарија, додека Литванците се последни со три бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хоселу е на чекор до трансфер во Реал
Реал Мадрид е многу блиску до потпис со нов напаѓач. Станува збор за 33.годишниот центарфор на Еспањол, Хоселу. Тој треба да пристигне на позајмица, пишува „Марка“, а Реал само ќе ја преземе обврската да му ја исплаќа платата. Постои можност и по позајмицата да остане играч на Реал. Тој наводно ќе ја активира клаузулата во договорот со која ќе може да си замине доколку клубот испадне, што ќе се случи на крајот од сезоната.
Хоселу е искусен напаѓач кој пред 12 години играше за Реал Мадрид, односно неговиот друг тим Кастиља. За првиот тим има одиграно еден натпревар во сезоната 2011/2012.
Потоа смени многу клубови, играше за Хофенхајм, Ајнтрахт Франкфурт, Хановер, Стоук Сити, Депортиво, Њукасл, Алавес, пред минатото лето да пристигне во Еспањол.
Тој е во фантастична форма оваа сезона. Постигна 17 гола во сите натпреварувања и пред крајот на сезоната се наоѓа на третото место на листата на најдобри стрелци во Примера. Пред него се само Левандовски и Бензема.
Спорт
Покетино почна со чистката – Челси нема да го откупи договорот на Феликс

Маурисо Покетино, новиот тренер на Челси, започна со чистката во соблекувалната. Аргентинецот, вчера потпиша две годишен договор, а денес го известил Жоао Феликс дека неговиот договор нема да биде откупен од Атлетико Мадрид.
Жоао Феликс, во јануари, се пресели на позајмица во Челси. „Сините“ за него на Атлетико му платија 11 милиони евра. Феликс неколку пати изјави дека сака да остане на „Стенфорд Бриџ“. Покетино нема да му ја исполни желбата.
Феликс за Челси одигра 20 натпревари и постигна четири гола.
„Челзи не извести дека Покетино не го сака Феликс и дека нема да го откупат неговиот договор. По истекот на позајмицата, тој ќе се врати во Атлетико, а потоа ќе видиме што ќе се случи. Во моментов немаме планови за него”, им откри во вторникот на шпанските новинари, пртседателот на Атлетико, Енрике Серезо.
Жоао Феликс е првата „жртва“ во ерата на Покетино во Челси. Се очекува во преодникот рок клубот да го напуштат Кристијан Пулишиќ, Хаким Зијеш, Калиду Кулибали, Мејсон Маунт, Нголо Канте…
Спорт
Де Лаурентис подготвил богата понуда за тренерот на Порто

Лучано Спалети ја освои Серија А со Наполи, го врати шампионскиот пехар во градот под Везув по 33 години и потоа го напушти клубот.
Италијанските медиуми, тврдат дека Спалети се скарал со газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. Од другра страна, Де Лаурентус изјави дека Спалети самиот решил да го напушти клубот. Ова можеби е вистината, бидејќи Спалети откри дека заминува на едно годишен одмор.
Неколку тренерски имиња се поврзуваат со Наполи. Италијанските медиуми пренесоа дека Де Лаурентис за тренер го сака поранешниот шпански селектор, Луис Енрике, но изгледа вистината е поинаква.
Првиот човек на Наполи ќе се обиде да го донесе во клубот Жержо Консеисао, тренерот на Порто.
За да го убеди да ја прифати понудата, Де Лаурентис бил подготвен на Португалецот да му понуди шест милиони евра годишна плата. Доколку прифати, Консеисао ќе биде меѓу тренерите со најголема плата во Серија А.