Спорт
Тимур Дибиров во тимот на колото во ЛШ, го има и вториот најубав гол (ВИДЕО)

Левото крило на РК Вардар, Тимур Дибиров, се најде во тимот на колото во Лигата на шампионите, во изборот на ЕХФ. Тој имаше одлична вечер во триумфот над Елверум (39:30) и постигна седум гола за „црвено-црните“, со што се наметна и во изборот на најдобрата „седумка“ за последното коло од групната фаза во елитното европско натпреварување.
Дибиров се најде и во уште еден избор, тој е стрелец на вториот најубав гол во рубриката „Топ 5“ на ЕХФ Лигата на шампионите.
Вардар за прва пречка во нокаут фазата од Лигата на шампионите ќе го има Веспрем.
🌪️ Timur Dibirov was @HCVardar‘s top scorer with seven goals tonight – the last one being simply outstanding 👏#ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/4ijyrrS9dd
— EHF Champions League (@ehfcl) March 9, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трка во Мото ГП откажана поради „геополитичка ситуација“

Меѓународната мото федерација (ФИМ) потврди дека трката за Големата награда на Финска е откажана. Трката беше откажана поради доцнење на работите на патеката и геополитичката ситуација предизвикана од руската војна во Украина, јавува агенцијата Анадолија (АА).
„Ризиците кои ги носи моменталната геополитичка ситуација во регионот, како и работата на патеката „Кими ринг“, за жал, не натераа да ја откажеме Големата награда на Финска во 2022 година. Сегашните услови доведоа до одложувања и ја загрозија работата на новата патека“, се вели во соопштението на ФИМ.
Од ФИМ истакнаа дека во календарот за оваа сезона ќе има 20 трки. Траката за Големата награда на Финска требаше да се вози на 10 јули.
Спорт
Ибрахимовиќ: Пиев апчиња, од болки шест месеци не спиев

Златан Ибрахимовиќ се огласи на социјалните мрежи по успешната операција на предните вкрстени лигаменти и откри шокантни детали за повредата и состојбата на неговото колено во текот на оваа сезона.
Според прогнозите, Швеѓанецот ќе паузира околу осум месеци, па останува да се види дали потоа ќе може да ја продолжи кариерата со оглед на тоа дека тогаш ќе наполни 42 години.
„Во изминатите шест месеци играв без лигаменти на левото колено. Имам оток шест месеци, можев да тренирам со тимот само 10 пати. примив повеќе од 20 инјекции, земав лекови против болки секој ден. Едвај можев да спијам од болки. Никогаш не сум страдал толку многу на теренот и надвор од него. Нешто што е невозможно го овозможив, имав само една цел на ум, да ги направам соиграчите и тренерите шампиони на Италија, бидејќи тоа го ветиц. Денеска имам нови лигаменти и уште еден трофеј“, изјави Ибрахимовиќ.
Милан по пауза од 11 години повторно е шампион на Италија. Интересно и таа титула Милан ја освои со Ибрахимовиќ во тимот.
Спорт
Лукас Пакета пред трансфер на „Сент Џејмс парк“

Њукасл јунајтед, клубот со најбогатите сопственици во светот, летово ќе прави голема реконструкција на тимот. „Тајмс“ објави дека првиот фудбалер што ќе го донесе Њукасл, во летниот преоден рок, ќе биде Лукас Пакета.
Бразилскиот играч за врска има договор со Лион до 2025 година, а Њукасл за неговиот трансфер подготви 60 милиони евра. Доколку трансферот биде реализиран тоа ќе биде клупски рекорд. Во јануари, Њукасл од Лион за 50 милиони евра го донесоа Бруно Гимараеш.
Пакета, 24-годишната бразилски репрезентативец е во Лион од 2020 година. Лион му плати на Милан 20 милиони евра, 18 милиони помалку отколку што Милан година и пол порано му плати на бразилскиот Фламенго.
Во последниот преоден рок Њукасл потроши повеќе од 100 милиони евра за да го засили тимот во борбата за опстанок во Премиер лигата. Тој ги доведе Бруно Гимараеш од Лион, Крис Вуд од Барнли, Киран Трипие од Атлетико и Ден Бурн од Брајтон.