Спорт
Тод: Го посетив Шумахер, уште се бори
Поранешниот шеф на Ферари, а сега претседател на ФИА, Жан Тод, открива дека го посетил седумкратниот Ф1-шампион – Михаел Шумахер минатата недела и вели дека Германецот уште се бори да ги надмине катастрофалните последици од повредата на главата поради кои речиси седум години е надвор од очите на јавноста.
Шумахер имаше пад при скијање на француските Алпи во декември 2013 година, а откога помина одредено време во медицински индуцирана кома, неговото семејство, предводено од сопругата Корина, успешно го крие во нивниот дом на езерото Женева во Швајцарија. Тод, кој му е близок пријател на 51-годишниот Шумахер, е еден од ретките што добиле шанса да го посетат Шуми.
„Го видов Михаел минатата недела. Тој се бори. Боже, сите знаеме дека имаше несреќна и страшна трагедија, која му предизвика многу проблеми, но покрај него е неговата прекрасна сопруга, ги има децата, медицинските сестри и само можеме да му посакаме најдобро нему, а и на неговото семејство. Јас можам да бидам тука кога ќе бидам потребен“, вели Тод.
Луис Хамилтон ќе се доближи на само една победа од рекордот на Шумахер од 91 победа доколку триумфира в недела во Муџело, а исто така е на добар пат да го израмни неговиот рекорд од седум светски титули оваа година и Тод верува дека тоа е неизбежно.
„Луис ќе ги помине сите рекорди на Михаел бидејќи е многу талентиран возач. Мотивиран е, вози за најдобриот тим и сите состојки се присутни. Едниот возач го познавам многу добро, а другиот само површно, но јасно е дека двајцата се целосно спротивни, а ги обединуваат страста, професионалноста и физичката подготвеност“, додава Тод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.