Спорт
Тотенхем и Мурињо го добија дербито со Арсенал и се вратија на првото место

Тотенхем е нов лидер во Премиер лигата, откако во славното севернолондонско дерби со 2:0 го совладаа Арсенал, покажувајќи дека во моментов трае ерата на Жозе Мурињо и дека еден клуб е доминантниот.
За тимот на Мурињо повторно проработе врската Хери Кејн-Сон Хеунг-Мин, откако двајцата имаа по една асистенција и еден гол во првото полувреме за импресивна победа.
Кејн прво во 14-тата минута совршено го најде Сон, кој постигна апсолутно фантастичен гол, и иако потоа до крајот на мечот Арсенал имаше над 60 отсто од поседот на топката, контролата не ја предадоа. Во финишот на првото полувреме, Сон го пронајде Кејн за 2:0.
Со победата, Тотенхем е на врвот на Премиер лигата со 24 поени, пред Челси со 22 и Лестер и Ливерпул со 21 (Ливерпул со натпревар помалку), додека Арсенал се само на 15. место со 13 освоени поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алаба и Реал потпишале преддоговор

Давид Алаба потпишал преддоговор со Реал Мадрид, тврди „Марка“. Според овој извор, Австриецот, синоќа, во присуство на докторот на Реал ги минал лекарските прегледи.
Алаба потпишал четири годишен договор со Реал, а како што пишува „Марка“ ќе има плата од 11 милиони евра по сезона. Австриецот во Реал ќе пристигне во јули.
Давид Алаба е играч на Баерн веќе 13 сезони, во Минхен е од 2008 година, а член на првиот тим стана во 2010 година.
За Баварците одиграл 408 натпревари, постигнал 32 голови.
Спорт
Шампионот падна пред Вориорс, Харден и Дурент им пресудија на Милвоки

Шест натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Победи забележаа Мемфис, Бруклин, Торонто, Чикаго, Мајами и Голден стејт.
Мало изненадување претставува победата на Голден стејт Вориорс над ЛА Лејкерс 115:113. Вориорс, успеаја да ги победат шампионите, и покрај тоа што имаа негатива од 16 поени по првиот дел. Во третиот период се вратија во мечот, а во четвртиот ја изборија победата.
Стеф Кари ги предводеше Вориорс со 26 поени и 7 асистенции, три поени помалку постигна Кели Убре. Кај Лејкерси се истакна Денис Шрудер со 25 поени, Леброн забележа 19 поени, а Ентони Дејвис имаше 17 поени и исто толку скокови.
Бруклин Нетс во драматичен меч ги победија Милвоки Бакс со 125:123. Мечот го реши Кевин Дурент на 30 секунди до крајот, а Крис Мидлтон потоа имаше два обиди но не успеа да избори продолженија.
Џејмс Харден забележа 34 поени, 12 асистенции и 6 скока, а Кевин Дурент запиша 30 поени, 9 скока и 6 асистенции. На спротивната страна Јанис Адетокумбо го предводеше тимот со 34 поени, 12 скока и 7 асистенции, Крис Мидлтон постигна 25 поени.
Резултати:
Торонто-Далас 116:93
Чикаго-Хјустон 125:120
Мајами-Детроит 113:107
Мемфис-Финикс 108:104
Спорт
Во Милан издржа седум меча, во Торино 18 – „Биковите“ го отпуштија Џампаоло

Торино потврдија дека го отпуштија тренерот Марко Џампаоло по катастрофалниот старт на сезоната за „биковите“ со само 2 победи во 18 меча, и негова замена најверојатно ќе биде Давиде Никола.
Одлуката била направена по саботното очајно 0:0 реми со Специја, тим кој над 80 минути играше со 10 играчи. Под Џампаоло, Торино имаше 2 победи, 7 нерешени мечеви и 9 порази, постигнувајќи 26 гола и примајќи дури 35. Тие исто така испаднаа и од осминафиналето на Копа Италија, губејќи од Милан на пенали.
Џампаоло на претходното работно место траеше уште помалку – Милан го отпуштија по само седум меча во 2019/20, во кои загуби четири пати и го именуваа Стефано Пиоли, кој оваа сезона засега ги држи на првото место.
📄 | Il Torino Football Club comunica di aver esonerato Marco Giampaolo dall’incarico di allenatore della Prima Squadra. La Società ringrazia Giampaolo e il suo staff per la professionalità e per l’impegno dimostrati in questi mesi in granata pic.twitter.com/1GynlHVoHX
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) January 18, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира