Контакт

Спорт

Тотенхем ќе се обидат да го донесат Шкриниар

Објавено пред

Антонио Конте има намера да ја засили последната линија на Тотенхем. Не е тајна дека прв избор на Конте е Словакот од Интер, Милан Шкриниар. Конте смета дека Шкриниар е идеален дефанзивец за неговата формација со тројца во последната линија.

Шкриниар, се поврзуваше со трансфер во Тотенхем и во 2020 година, но тогаш токму Конте стави вето на трансферот.

Се шпекулира дека Интер за дефанзивецот бара 50.000.000 евра (42.500.000 фунти).

„Калчомеркато“, пишува дека Конте ќе достави понуда, веднаш по отворањето на зимскиот преоден рок. Според овој извор, Тотенхем, лицитацијата ќе ја започне со сума од 30.000.000 евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Барти експресно до полу-финалето на АО

Објавено пред

Ешли Барти, експресно избори пласман во полу-финалето на Австралија опен. Најдобрата во светот за 60 минути ја декласира Американката Џесика Пегула.

Неизвесност на мечот имаше само во првите пет гем. Пегула се држеше до резултатот 3:2, потоа Барти го крена нивото на својата игра освои девет гема во низа и со 6/2, 6/0 се пласираше во полу-финалето.

Барти го потврди својот досегашен најдобар резултат на домашниот гренд-слем. Претходно полу-финале играше и во 2020 година.

Ешли Барти има две гренд- титули, во Париз во 2019 година и лани во Вимблдон.

Австралијката за пласман во финалето ќе се бори со Медисон Киз, која со 6/3, 6/2 ја порази шампионката од Ролан Гарос, Барбира Крејчикова.

Прикажи повеќе...

Спорт

Навивачите на Фиорентина му се заканија на Влаховиќ: Готов си, обезбедувањето нема да те спаси

Објавено пред

Прашање на денот е кога Душан Влаховиќ ќе ја официјализира соработката со Јувентус. „Газета дело Спорт“, тврди дека, трансферот ќе изнесува 67.000.000 евра, од оваа сума 2.000.000 евра ќе добие поранешниот тим на Влаховиќ, Патизан. Напаѓачот ќе потпише петгодишен договор, по сезона ќе заработува 7.000.000 евра.

Навивачите на Фиорентина не можат да се помират со фактот дека уште еден играч на клубот ќе заврши во редовите на омразениот ривал.

Пред стадинот „Артемио Франки“, навивачите на Фиорентина, поставија транспаренти со заканувачки пораки.

„Обезбедувањето нема да ти помогне. Готов си“, а на вториот пишува: „Влаховиќ го..о едно“.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Финикс ја продолжија победничката серија – Пол и Букер ѝ пресудија на Јута

Објавено пред

Финикс Санс и против Јута Џез ја потврдија одличната форма. Тимот на Монти Вилијамс на последните седум натпревари има ист толку победи. Финикс, во дербито ја побија Јута со 115:109.

Финикс се единствениот тимво лигата со едноцифрен број на порази. По дуелот со Јура, екипата од Аризона има 37 победи и девет порази. Јута го запиша 18.пораз и им го препушти третото место во Западната конференција на Мемфис Гризлис.

Крис Пол и Девин Букер, искомбинираа 60 поени во победата над Јута. Букер постигна 33 поени, а Пол забележа дабл-дабл од 27 поени и 14 скокови.

Чикаго Булс испуштија предност од 28 поени во Оклахома, но сепак славеа над Тандер 111:110.

Оклахома сити Тандер со неверојатна серија, во последната четвртина, успеаја да се вратат во натпреварот, на 30 секунди до крајот се доближија на поен негатива, но Зек Лавин со поените од слободни фрлања ги згасна нивните надежи дека ќе можат да приредат сензационален пресврт.

Никола Вучевиќ со 26 поени и 15 скокови, односно Зек Лавин со 24 поени го предводеа Чикаго. Дабл-дабл од 31 поен и 10 асистенции за Оклахома забележа Шеј Гилџес-Александер.



Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгереналниот секретар, Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си куцала пораки кои ги прикажала како негова...

Македонија2 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија3 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија3 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет3 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет3 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет13 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет15 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија19 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија19 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа19 часа

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија22 часа

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија23 часа

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија23 часа

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија24 часа

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет1 ден

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија1 ден

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет1 ден

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет1 ден

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Досие