Спорт
Трансферот на Белингем порасна за 30 милиони евра
Пред една година Џуд Белингем го одбележа летниот преоден рок кога од Дортмунд во Реал Мадрид, а сумата која се споменуваше како обештетување и која се најде и на „Трансфермаркт“ е 103 милиони евра.
Нема сомнеж дека ги оправда очекувањата веќе во првата сезона и дека може да се пофали со освоени три трофеи со Реал (шампионална титула на Шпанија, титула европски шампион, европски Суперкуп). Англичанецот со Реал потпиша договор до 2029 година.
Сепак, овие освоени трофеи значат и дека Реал на тие 103 милиони евра веќе треба да им плати дополнителна сума на „милионерите од Дортмунд“.
Утрово на оваа тема пишува шпански „Мундо Депортиво“, кој го пренесува сознанието на германски „Билд“ дека споменатата сума веќе пораснала од 103 на 133,9 милиони евра.
Имено, на фиксната сума која првично беше исплатена, беа додадени одредени бонуси кои на Дортмунд.
Споменатиот извор наведува дека во првата година Реал Мадрид морал да плати 10 милиони повеќе на германскиот тим само поради освојувањето Ла Лига и Лигата на шампионите.
„Гледајќи ги многу високите перформанси на младиот Белингем во неговата прва година, вртоглавата трансфер бројка е амортизирана, но она што се истакнува е лагата, или што Реал само половично ја кажа вистината”, пишува Мундо Депортиво и потсетува дека не е првпат Реал да не ги објавува сите детали за трансферот, бидејќи нешто слично се случи и при трансферот на Герет Бејл од Тотенхем во Реал.
„Во Мадрид оваа практика на криење на дел од потписите кои надминуваат 100 милиони не е нова. Флорентино Перез, кога пропушти да го ангажира Нејмар во 2017 година, тргна по Герет Бејл. Тогаш Реал на Тотенхем не му плати 91 милион евра, туку 100.759.417 евра.
Точната бројка ја објави ‘Football Leaks’ каде што протече милионскиот договор меѓу клубовите. Што криеше Реал Мадрид во тој случај? Клубот успеа да ја скрие сумата од Роналдо. Целта беше Роналдо да не дознае дека има играч за кого клубот издвоил повеќе пари. Трансферот на Роналдо изнесуваше 94 милиони евра“, потсетува шпанскиот весник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Луис Енрике: Арсенал се најдобри во светот кога играат без топка
Одбројувањето до кулминацијата на сезоната започна – финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 30 мај,на „Пушкаш Арена“, во Будимпешта.
Тренерот на новиот/стариот шампион на Франција и новиот/стариот финалист на Лигата на шампионите на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, разговараше со новинарите, десет дена пред натпреварот на сезоната, за предизвикот наречен Арсенал.
На прашањето, каков ефект врз играта на Арсенал, ќе има фактот дека станаа шампиони на Англија, Енрике одговори:
„Никој не знае. Заслужија да ја освојат титулата, имаа неверојатна сезона. Имаме искуство против Арсенал и Микел Артета, ја знаеме нивната способност да играат со и без топка, тие се најдобриот тим во светот. Тоа е многу привлечна комбинација. Ако не примите гол, а постигнете гол, тоа е фантастично. Ќе биде тешко финале, два тима ќе влезат со различен пристап. Може да биде одлично финале.“
Шпанскиот стратег зборуваше во суперлативи за работата на Артета во сите претходни години на клупата на Арсенал. Тој тврди дека неговиот сонародник го вратил победничкиот менталитет во тимот.
„Тој го донесе тој победнички менталитет во Арсенал. Топџиите напредуваат под негово водство веќе неколку сезони. Тие се многу добри со топката. Не секогаш имавме посед против нив. Без топката, тие се најдобриот тим во Европа. Тие се шампиони на Англија. Не стигнаа до финалето минатата година затоа што ги елиминиравме. Артета е одличен тренер. Тој беше во многу добра позиција да учи со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Она што го всадува е натпреварувачки дух и тие се одличен противник. Го познавав како играч во Барселона пред да оди во Париз. Нивната статистика е неверојатна. Игравме против нив три пати“.
Тој очекува спектакл од финалето.
„Ќе биде возбудливо финале. Едвај чекаме да го играме. Бев таму последниот пат кога загубија, како навивач на Барса, со мојот син. Беше добро затоа што Барса победи (се насмевнува).Се надевам дека ќе победиме, но ќе биде тежок натпревар. Ќе ја имаме поддршката од нашите навивачи, тие се неверојатни. Ќе имаме предност затоа што се неверојатни. Ќе се обидеме да покажеме колку е одличен фудбалот.“
Foto/ Depositphotos
Спорт
Манчестер Сити ќе вложи 200 милиони фунти во засилувања
Манчестер Сити влегува во нова ера по заминувањето на Пеп Гвардиола, а клубот веќе подготвува огромна реконструкција на тимот вредна дури 200 милиони фунти.
Челниците на Сити планираат три големи трансфери ова лето, така што Енцо Мареска веднаш ќе добие тим способен да ја продолжи својата доминација во Англија и Европа.
Иако многумина веруваат дека заминувањето на Гвардиола ќе означи крај на една ера и голем пад за Сити, луѓето во клубот веруваат дека структурата што ја изгради Шпанецот е доволно силна за да го одржи клубот на врвот и без него.
Извршниот директор Феран Соријано, кој останува во клубот, ќе игра клучна улога во транзицијата, додека новиот спортски директор Уго Вијана ќе го води преодниот период.
Според извештаите во Англија, Сити веќе сериозно размислува за трансферот на Елиот Андерсон, кој е означен како еден од приоритетите за средниот ред.
Исто така, постои интерес за десниот бек на Брентфорд, Мајкл Кајоде, едно од најпријатните изненадувања во Премиер лигата оваа сезона.
Третата голема цел треба да биде уште еден елитен играч од средниот ред, особено затоа што Бернардо Силва го напушта клубот заедно со Гвардиола.
Извори блиски до Сити тврдат дека доаѓањето на Мареска нема да ги промени плановите за трансфери, бидејќи италијанскиот стручњак е целосно вклучен во проектот и ги поддржува целните засилувања.
Клубот верува дека континуитетот е најголемата сила на Сити.
Мареска веќе работел во системот на Пеп Гвардиола и добро ја познава структурата на клубот, поради што челниците на Сити го гледале како идеален наследник, наместо некое „поголемо“ тренерско име.
Сити наводно веќе размислува неколку години однапред, па младиот напаѓач на Борнмут, Ели Крупи, е означен како голема цел за во иднина, иако трансферот не е реален пред 2027 година.
Според англиските медиуми, клубот е убеден дека дури и без Гвардиола, ќе остане една од најпосакуваните дестинации во светскиот фудбал.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Оклахома изедначи против Сан Антонио
Кошаркарите на Оклахома го победија Сан Антонио (122:113) и го израмнија резултатот на 1-1 во финалето на Западната конференција на НБА лигата.
Овој пат, Спарс не успеаја да го сопрат Шеј Гилџис-Александер, кој го заврши натпреварот со 30 поени и девет асистенции.
Сан Антонио не се предаде во ниту еден момент, неколку пати се вратија во игра, но во последната четвртина не може да го следат темпото на противниците.
Оклахома славеше така, и покрај почетниот проблем, Џејлен Вилијамс го напушти теренот по само седум минути игра.
Заедно со Шеј, Алекс Карусо со 17 поени и пет асистенции се истакна во домашниот тим, Чет Холмгрен додаде 13, а Џаред Мекејн и Кејсон Волас имаа по 12.
Кај Сан Антонио, Стефон Касл постигна 25 поени, осум асистенции и пет скока, Девин Васел имаше 22 поени и четири скока, а Виктор Вембањама имаше 21 поен, 17 скока, шест асистенции и четири блокади.
Третиот натпревар на програмата е на 23 мај во 14:30 часот во Тексас.
