Контакт

Спорт

Третолигашот Транмир роверс со шлаканица за Вотфорд, сега на ред се Манчестер јунајтед! (видео)

Објавено пред

Транмир роверс, клубот кој е на 21. место во англиската трета лига (Лига 1), направи вистинска сензација, пласирајќи се во 1/16 финалето на ФА купот по 2:1 победа над премиерлигашот Вотфорд изборена во продолжение! Награда за овој успех – дуел со „разнишаниот“ Манчестер јунајтед на нивниот стадион „Прентон парк“ веќе во недела.

Тимот кој стана познат во последно време поради тоа што премиерлигашкиот судија Мајк Дин е негов страствен навивач, во првиот меч на гости кај Ватфорд одигра 3:3 во трилер-меч, а сега дома, по регуларните 1:1 по регуларните 90 минути, успеа да стигне до шокантна 2:1 победа.

Сепак, ова не е најголемиот успех во историјата на клубот од Биркенхед, мало градче во близината на Ливерпул – тие стигнувале до четврт-финалето на ФА купот во 2000, 2001 и 2004 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Зарѓаниот“ Федерер елиминиран уште во првото коло во Женева

Објавено пред

Шварцарецот Роџер Федерер е елиминиран уште во првото коло на тенискиот турнир од Серија 250 во Женева. Првиот носител на турнирот загуби од Шпанецот Пабло Андухар со 2:1 (6:4, 4:6, 6:4).

Сега Андухар го презеде лесниот ждреб на Федерер, па во второто коло ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Швајцарецот Стрикер и Унгарецот Фучович.

Дека навивачите зажелеа да ги видат потезите на еден од најдобрите тенисери на сите времиња, доволно говори и фактот што околу оградата на теренот во Женева се насобраа голем број гледачи за илегално да го следат мечот.

Федерер речиси две години не играл на земјена подлога, па потребно беше нозете да се загреат.

Двајцата тенисери беа израмнети сѐ до деветтиот гем кога шпанскиот тенисер направи брејк и поведе.

Федерер го возврати ударот во вториот сет, па мечот мораше да биде одлучен во трет сет.

Во третиот гем Швајцарецот направи брејк, но Андухар возвртаи во осмиот гем.

Тогаш Федерер го загуби и следниот сервис-гем, па иако до крајот успеа да спаси 2 ме-топки на противникот, третата му го донесе поразот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Роналдо: Халанд и Мбапе се типовите што доаѓаат, фантастични се!

Објавено пред

Португалскиот ас Кристијано Роналдо, кој веќе има 36 години, во претходните 13 години, заедно со Лео Меси, доминира во светскиот фудбал. Тие двајца освоија 11 од последните 12 „Златни топки“ (лани не се доделуваше, а една година Лука Модриќ се закити со златното одличие).

Роналдо и Меси и понатаму се важни алки во своите екипи, но медиумите сѐ погласно ги бараат нивните наследници.

„Тешко е со прст да се покаже само на еден играч, но возбудливо е да се гледаат новите генерации што доаѓаат. Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе се типовите што доаѓаат, фантастични се. Некои играчи може да имаат една или две успешни сезони, но оние најголемите се способни да држат високо ниво многу долго. За тоа е потребно многу работа и труд. Се надевам дека ќе ме паметат како голем играч, како некој што напорно работел и секогаш давал сѐ од себе за да ѝ помогне на екипата. Сметам дека со тоа заслужив место во историјата“, вели Кристијано Роналдо.
Португалецот сезонава во првенството даде 29 гола на 33 меча.

Прикажи повеќе...

Спорт

Газдата на Сити ќе го плати патот за 6.000 навивачи до Порто

Објавено пред

Сопственикот на англискиот шампион Манчестер Сити, шеикот Мансур, ќе им го плати патот на 6.000 навивачи на „граѓаните“ до Порто, каде што сезонава ќе се одигра финалето во ЛШ против Челси на 29 овој месец.

Секој од клубовите на „Драгао“ ќе има по 6.000 навивачи.

Дополнителните трошоци, кои вклучуваат и тестови на Ковид-19, како и високите цени на авионските билети, го направија патувањето кон Португалија недостижно за многумина од фановите што имаат обезбедено влезници за финалето.

„Пеп и екипата имаа извонредна сезона и нивниот пласман во финалето на ЛШ по исклучителната година претставуваат историски момент за клубот. Неверојатно важно е што повеќе навивачи да имаат можност да присуствуваат на овој меч. Пред сѐ, оние што толку години го поддржуваат Манчестер сити и во добрите, но и во лошите времиња“, рече шеикот Мансур за клупската страница.

Навивачите кон Порто ќе патуваат на денот на натпреварот со посебни авиони, а ќе се вратат во Англија веднаш по мечот. Самите ќе мораат да си ги намират трошоците за тестови на Ковид-19, а во текот на престојот во Порто ќе бидат во т.н. балон.

Финалето во ЛШ требаше да се игра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, но е преместено бидејќи Турција е на црвената листа на Британија поради пандемијата на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

Нетанјаху најави уште поостра реакција во следните неколку дена

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека земјата ќе го засили својот одговор на ракетните напади во следните неколку дена....

Свет3 часа

(Видео) Највисокиот облакодер во Кина почна да се ниша, луѓето во паника бегаа, причината непозната

Еден од највисоките облакодери во Кина беше евакуиран кога почна да се ниша, а луѓето во паника бегаа на сигурно...

Македонија3 часа

Регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на...

Македонија6 часа

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја...

Македонија7 часа

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ8 часа

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија10 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет10 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија10 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет10 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет11 час

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет11 час

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет11 час

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион1 ден

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија1 ден

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија1 ден

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа1 ден

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија1 ден

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија1 ден

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет1 ден

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Досие