Спорт
Три недели пауза за Килијан Мбапе

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн поради повреда на мускулот, пренесува „Екип“.
Мбапе се повреди на натпреварот од 21. коло на францускиот шампионат против Монпелје. Тој ја напушти играта во 21. минута, а по денешните прегледи беше утврдено дека играчот на „светците“ ќе биде надвор од терените најмалку три недели.
Мбапе ќе ги пропушти натпреварите против Тулуз и Монако во францускиот шампионат, мечот со Олимпик од Марсеј во Купот на Франција. Натпреварот помеѓу ПСЖ и Баерн ќе се одигра на 14 февруари во Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ ја растажи Подгорица, Французите триумфираа во Даблин

Светскиот вицепрвак Франција стигна и до втора победа во квалификациите за ЕП 2024 откако ја совлада Република Ирска со 0:1 во Даблин. Бенјамин Павар беше стрелец на победничкиот гол за „триколорите“ во 50.минута од мечот.
Србија го доби дуелот со Црна Гора со 0:2, благодарение на Душан Влаховиќ. Напаѓачот на Јувентус беше двоен стрелец. Го отвори резултатот во 78.минута, а потоа и го потврди триумфот во 96.минута.
Шведска немаше милост против Азербејџан и славеше со 5:0, а Австрија со пресврт ја победи Естонија со 2:1.
Чешка не успеа да слави на гости во Кишињев против Молдавија и ремизираше без голови, а Полска ја победи Албанија со 1:0, со голот на Карол Свидерски. Унгарците беа убедливи и со 3:0 победија против Бугарија.
Холандија очекувано го победи Гибралтар со 3:0.
Спорт
Нагелсман ќе го почека отказот на Грем Потер и сака да раководи на „Стемфорд бриџ“

Раководството на Челси го посакува германскиот тренер Јулијан Нагелсман, откри новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг.
Доколку Потер не успее да постигне подобри резултати со Челси до крајот на сезоната, Тод Боели ќе го разреши. „Сините“ сакаат да му дадат поддршка, тоа го потенцираа неколку пати, но сега дојде моментот кога Челси треба да влезе во серија на позитивни резултати.
Реал Мадрид ќе биде тешка пречка за нив во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Тешко е да се поверува дека преку Премиерлигата би можеле да стигнат до ова натпреварување за следната сезона бидејќи моментално се на десеттото место со 38 бода.
Нагелсман веднаш доби понуда и од градскиот ривал Тотенхем. Тој е отворен и за тренерското место во тој клуб, но бидејќи Челси во моментов е финансиски помоќен и е во тек нов проект, Германецот многу лесно би можел да избере да дојде на „Стемфорд бриџ“.
Спорт
Калулу го пропушта дербито против Наполи

Францускиот интернационалец Пјер Калулу ќе го пропушти дербито на Милан против Наполи, лидерот во Серија А, поради повреда на потколеницата. Во соопштението, „росонерите“ велат дека централниот дефанзивец за една недела ќе биде подложен на дополнителни прегледи, но дефинитивно е во аут за дуелот со „наполитанците“.
Калулу се повредил за време на настапите за младата репрезентација на Франција до 21 година.
Милан и Наполи во април ќе се сретнат и во италијанското четвртфинале во Лигата на шампионите.