Контакт

Спорт

Тројца кандидати за местото на Фетел во Ферари

Објавено пред

Скудерија Ферари на својот список има тројца кандидати кои би можеле да го наследат Себастијан Фетел пишува „Газета дело Спорт“.

Шансите Фетел да потпише нов договор со Фераир се мали иако пред неколку дена тој самиот изјави дека преговорите се движат в вистинска насока за двете страни.

Договорот на Германецот истекува на крајот од оваа сезона. Ферари биле подготвени да му понудат нов договор за 2021 година, додека Фетел барал две годишен договор.

Исто така во оваа фаза на преговорите проблем е и финансискиот момент. Доколку остане Фетел ќе мора да прифати значително намалување на платата. За неговиот нов договор Ферари предвиделе 13 милиони евра.

Вториот возач на Ферари Шарл Леклер веќе го продолжи договорот, во наредните пет сезони тој ќе заработува по 10 милиони евра годишно.

Какви опции имаат во Ферари за наредната сезона доколку пропаднат преговорите со Фетел.

Во тимот размислуваат за Шпанецот Карлос Саинц, Австралиецот Даниел Рикардо и домашната надеж Антонио Џовинаци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Само Федерер е пред Ѓоковиќ

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ ја почна 287. недела на челната позиција на АТП-листата. Пред него сега е само Роџер Федерер, кој во кариерата вкупно 310 недели бил број 1.

АТП-листата сè уште не е ажурирана бидејќи не е завршен мастерсот во Рим каде Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Диего Шварцман.

Ѓоковиќ пред финалето има 10.860 поени и можност со победа да ја зголеми предноста во однос на Рафаел Надал, кој во Рим, како бранител на титулата, испадна во четврт-финалето.

Надал има 9.850 поени, а зад него во Топ 5 уште се Доминик Тим (9.125), Роџер Федерер (6.630) и Данил Медведев (5.890).

Прикажи повеќе...

Спорт

Тројка со звукот на сирената – Лејкерси водат 2-0 против Денвер

Објавено пред

Лос Анџелес лејкерс го доби вториот натпревар против Денвер со 105:103 во финалната серија на Западот. Лејкерси победија со тројката која Ентони Дејвис ја постигна со звукот на сирената.

Лејкерси во текот на целиот меч имаа предност, меѓутоа не можеа да се одлепат. Во првиот период Лејкерси водеа и со двоцифрена разлика (25:15). На крајот од третиот период Денвер се доближи на само три поени, меѓутоа Лејкерси успеаја во последниот период да се одлепат на 16 коша од противникот.

Финишот на мечот беше исклучително интересен. При водство на Лејкерси, 100:92, Никола Јокиќ постигна 13 поени, а Деневер се најде пред победа (102;103). Сепак, во последниот напад Мејсон Пламли одигра лоша одбрана го остави Дејвис сам кој непречен погоди тројка за конечни 105:103.

Дејвис го предводеше победникот со 31 поен, пет повеќе од Леброн Џејмс, кој имаше и 11 скокови и четири асистенции.

Кај Денвер се истакнаа Јокиќ со 30 поени, шест скока и девет асистенции, односно Џамал Мареј со 25 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

Реал со нула во Сан Себастијан ја отворија сезоната

Објавено пред

Реал Мадрид во првиот официјален натпревар во новата сезона одигра 0:0 во Сан Себастијан против Реал Сосиедад.

Во натпревар без многу убавина најголемата шанса за постигнување на гол ја имаа домашните фудбалери. Во 43 минута репрезентативецот на Шведска Исак шутираше но Куртоа брилијанто го спаси својот гол.

Баренечеа имаше обид на стартот од вториот дел кој заврши крај голот. Реал единствено се заканија преку Бензема чии удар го одбрани Ромеро.



Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, осомничен за убиството на Саздо

Третоосомничениот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа2 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија2 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија2 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет4 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Свет4 часа

Се урна зграда во Мумбај, загинаа најмалку осум луѓе

Најмалку осум луѓе загинаа во Индија, во уривање на станбена зграда, што се случило рано утрово, пренесуваат локалните медиуми. Според...

Македонија4 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет17 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија19 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија21 час

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион24 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 дена

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Досие