Контакт

Спорт

Туре пак контра Гвардиола: Време е за нов тренер во Манчестер сити

Објавено пред

Јаја Туре смета дека мора да се постават прашања за иднината на Пеп Гвардиола во Манчестер сити по нов неуспех во Лигата на шампионите велејќи дека е време за промени.

Каталонскиот тренер беше именуван на чело на „граѓаните“ во 2016 со главна цел да се донесе европска слава на „Етихад“ откако претходно успеа да ја освои Европа со Барселона. Сепак, по поразот од Лион во четврт-финалето, Туре, кој помина осум години во клубот (2010-2018), вели дека мора да се постави прашањето за иднината на Гвардиола во тимот.

„Менаџерот беше донесен токму за тоа, да го донесе овој трофеј и кога ќе видите како Ливерпул и други тимови што успеваат во Европа, без многу потрошени пари, тоа е разочарувачки и, пред сè, многу чудно. Во моментот тој не го прави тоа за што беше донесен. Сите знаат дека Пеп е голем менаџер, но во моментот работите не одат најдобро и можеби промената е добра работа. Ќе видиме“, вели 37-годишниот Туре, кој е без клуб по заминувањето од кинескиот Кингдао хуангхаи во јануари.

Тој имаше конфликт со Гвардиола во Барселона и во Сити и пред две години изјави дека мислењето оти Каталонецот е еден од најдобрите тренери во историјата е само мит.

„Пеп сака да доминира и да има верни играчи што му лижат од рацете. Мене тоа не ми се допаѓа. Секогаш го почитувам тренерот, но не така. Другите нема да го признаат тоа, но многумина го мразат бидејќи манипулира и се игра со твојата глава. Тој не ми зборуваше, а јас зборувам каталонски, шпански и англиски. Би требало да биде доволно“, изјави во 2018 Туре.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

ЛШ: Кјељце ја запиша првата победа оваа сезона

Објавено пред

Полскиот фаворит Виве Кјељце стигна до 26:23 победа над Пик Сегед во првиот меч од второто коло во ЕХФ-лигата на шампионите закрепнувајќи од драматичниот пораз од Флензбург во првото коло во групата А, каде што е и македонскиот шампион Вардар.

Работата беше завршена во првото полувреме, кое го добија со 12:7, уништувајќи го унгарскиот тим, особено во одбраната. Иако во второто полувреме Сегед успеа да се врати во игра, на крајот Кјељце им го нанесе првиот пораз во првиот меч за унгарскиот вицешампион.

Поранешниот вардарец Алекс Душебаев беше фантастичен за Кјељце со осум гола, а и кај гостите најефикасен беше поранешен играч на македонскиот клуб, ветеранот Жоан Канељас, со 11 постигнати гола.

Во групата Б данскиот Алборг немаше проблеми со Мотор Запорожје стигнувајќи до убедлива 38:29 победа.

ЕХФ-ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Алборг – Мотор Запорожје 38:29 (17:13)

Виве Кјелце – Пик Сегед 26:23 (12:7)

Прикажи повеќе...

Спорт

Мурињо со голем гест прифати емотивна молба од македонски новинар

Објавено пред

Менаџерот на Тотенхем, Португалецот Жозе Мурињо, направи прекрасен гест пред гостувањето на неговата екипа во Скопје на утрешниот меч против тетовска Шкендија во рамките на третото квалификациско коло во Лига Европа.

Кога се чинеше дека сите новинари преку апликацијата „Зум“ ги поставија своите прашања до Специјалниот, а тој веќе тргна да ја напушта просторијата, се јави македонскиот новинар Игор Александровиќ, па Мурињо се врати за да го чуе и неговото прашање.

Александровиќ немаше прашање за стратегот, туку молба. Побара да се фотографира со Мурињо при неговиот престој во Скопје.

„Мојот покоен татко, пред да почине ми рече да ве поздравам ако некогаш ве сретнам. Исто така, би ве замолил да се фотографираме ако одиграте добро затоа што тој е вашиот најголем фан, па таа фотографија би ја врамил и би ја ставил на неговиот споменик“, рече Александровиќ.

Мурињо веднаш прифати, а напомена и дека резултатот на мечот нема да зависи од тоа дали ќе се фотографираат или не.

Со овој потег Мурињо стекна дополнителни симпатии во македонската, но и во англиската јавност.

Инаку, делегацијата на Тотенхем со чартер-лет пристигнува вечерва, а не е предвиден тренинг на арената „Тодор Проески“. Нема да има ниту прес-конференција во Скопје.

Мечот меѓу Шкендија и Тотенхем почнува утре во 20 часот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Соборен светски рекорд, Миура заигра во Џеј-лигата со 53 години, 6 месеци и 28 дена!

Објавено пред

Симболот на долговечност, кога станува збор за фудбалот, и тоа оној професионалниот, се поврзува со името на Јапонецот Казујоши Миура.

Тој денеска постави светски рекорд затоа што за својот тим Јокохама настапи на гостувањето против Кавасаки со полни 53 години, 6 месеци и 28 дена.

Фасцинантно изгледа податокот дека Миура во шестата деценија од животот сè уште настапува во Џеј-лигата.

Со ова тој стана најактивниот фудбалер во првите лиги во целиот свет. На претходните 17 меча најголем дел од времето го помина на клупата за резерви, но против Кавасаки доби шанса во почетниот состав. Не постигна гол, иако досега во кариерата има 221.

Интересен е податокот дека Миура на теренот бил во 5 децении. Во осумдесеттите играл за Сантос и Палмеирас, во 90-тите за Џенова, Динамо Загреб, во 20-тите за Висел Кобе, а од 2005 година е во Јокохама.

Интересен е податокот што, освен него, Јокохама во првите 11 на денешниот меч имаше уште двајца ветерани – Шенсуке Накамура со 42 и Даисуке Мацуи, кој има 39 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија42 минути

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет1 час

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет4 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет4 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија4 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија5 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија6 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија6 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион7 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија7 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија8 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет8 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија8 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија9 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија9 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа10 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа11 час

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет11 час

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија12 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Досие