Контакт

Спорт

Уапсен газдата на Сампдорија

Објавено пред

Италијанската полиција претпладнево го уапсила сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро. Апсењето нема врска со фудбалот, Фереро заврши во полицијата поради лажниот банкрот на една од неговите фирми. Покрај Фереро, уште петмина се наоѓаат во домашен притвор.

Фереро е познат во Италија по лажните банкроти. Работи според принципот – основа фирма, потоа ќе ја презадолжи и потоа ја банкротира. Против него се водат неколку процеси.

Сампдорија од вчера е актуелна во италијанските медиуми поради евентуалниот трансфер на тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Само вакцинираните ќе можат да настапат на Ролан Гарос

Објавено пред

Професионалните спортисти, ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот, доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се однесува и на вториот гренд-слем во сезоната, Ролан Гарос, кој во Париз ќе започне на 22.мај.

Француските власти, експресно си ги погазија зборовите откако пред два дена, најавија дека ќе им биде овозможено и на невакцинираните да се натпреваруваат на Ролан Гарос. Ова го изјави министерката за спорт, Роксана Марачинеану, а се по повод случувањата во Австралија и депортацијата на Новак Ѓоковиќ.

„Законот за вакцинација е усвоен и наскоро ќе започне да се спроведува. Ова значи дека задолжителна ќе биде потврда за вакцинација за влез во сите јавни установи (стадиони, кино сали, спортски објекти…). Тоа ќе важи и за учесниците и за гледачите, за Французите и за странците“, напишала министерката на „Твитер“.

По оваа одлука на француските власти, јасно е дека на Новак Ѓоковиќ му се „врзани рацете“ во обидот да стане рекордер според бројот на освоени гренд-слем трофеи. Од претходно тој знаеше дека без потврда за вакцинација нема да може да игра на третиот и четвртиот гренд-слем, Вимблдон и Ју-ес опен.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Крај на една ера – Терзиќ повеќе не е селектор на Србија

Објавено пред

Најтрофејниот тренер во српската одбојка, Зоран Терзиќ, повеќе не е селектор на женската репрезентација на Србија. На Терзиќ му заврши договорот со Одбојкарскиот сојуз на Србија, по што двете страни се договориле да не ја продолжат соработката.

Зоран Терзиќ, стана селектор на Србија во мај 2002 година. За две деценiи тој успеа да освои 20 медали на големите натпреварувања. Три пати бил европски, еднаш светски првак, три пати Србија под негово водство го освоила светскиoт Гранд при, три пати победила во Европаката лига. На Олимпијадите има сребро (2016) и бронза (2021).

Два пати во кариерата бил избран за најдобaр тренер во Европа (2018, 2021).

Прикажи повеќе...

Спорт

Бензема со ултиматум ги шокирал челиците на Реал

Објавено пред

Карим Бензема, најдобриот играч и стрелец на Реал Мадрид, има еден услов за да го продолжи договорот со клубот. Бензема има договор со Реал до јуни 2023 година. Сезонава има одиграно 27 натпревари, постигнал 24 гола.

Реал има јасни планови за летниот преоден рок. Флорентино Перез, сака да ги донесе во Мадрид Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Бензема нема ништо против доаѓањето на сонардникот Мбапе, но не му е по волја Ерлин Халанд.

„Ел Насионал“, тврди дека Бензема поставил ултиматум пред клупските челници. Тој ќе го напушти клубот доколку во Реал пристигне Халанд.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт50 минути

Само вакцинираните ќе можат да настапат на Ролан Гарос

Професионалните спортисти, ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот, доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија1 час

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување...

Регион2 часа

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат на сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години кои не се вакцинирани...

Свет2 часа

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа може полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Спорт2 часа

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Данска, најголемиот фаворит...

Свет3 часа

Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди...

Свет4 часа

Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави

Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада. Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е...

Македонија12 часа

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Со 62 гласаа „за“, 46 „против“ и без возджани Собранието го избра новиот состав на Владата. Нов премиер ќе биде...

Македонија17 часа

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н....

Македонија17 часа

1.348 нови случаи на Ковид-19 и осуммина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на...

Европа19 часа

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

Австрија ќе воведе обврска за вакцинирање против коронавирус за возрасните граѓани на почетокот на февруари, а во исто време се...

Регион22 часа

(Видео) Ѓоковиќ ја напушти Австралија

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше...

Топ23 часа

Инцидент на инфективно одделение во Охрид, физички нападната вработена

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информира полицијата. Имено денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид...

Свет24 часа

(Видео) Значителни штети по цунамито во Тонга, САД и Нов Зеланд нудат помош

Цунамито предизвикано од вулканската ерупција во островската држава Тонга предизвика значителна штета во главниот град на архипелагот. Како што изјави...

Топ24 часа

Малолетници затекнати на забава во тетовски клуб, четворица биле под дејство на акохол

26 малолетни лица биле затекнати во угостителски објект во Тетово, кај дел од нив според полицијата бил констатиран алкохол во...

Свет1 ден

Премиерот на Австралија ја поздрави одлуката на судот за Ѓоковиќ : Сега е време за тенис

Премиерот на Австралија Скот Морисон изјави дека одлуката за укинување на визата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е донесена од...

Македонија1 ден

Продолжува расправата за избор на нова Влада, пратениците до полноќ треба да гласаат

Собранието на Македонија денеска, со почеток во 12 часот, треба да ја продолжи собраниската седница на која единствената точка на...

Регион1 ден

Судот одлучи, Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија

Сојузниот суд во Австралија донесе пресуда против Новак Ѓоковиќ. Со ваквата судска одлука Ѓоковиќ ќе остане без настап на турнирот...

Македонија2 дена

Регистрирани 1.635 новозаразени со Ковид-19, починати 9 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 7.564 тестови,...

Досие