Спорт
УЕФА им забрани, но Унгарците ќе дозволат знамиња на Голема Унгарија на трибините

УЕФА им забрани на унгарските навивачи да носат знаме и ознаки на Голема Унгарија, поранешната државна творба која заедно со Унгарија вклучуваше делови од Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Словачка, Романија и Украина. Сепак, унгарскиот фудбалски сојуз тврди дека Европската фудбалска организација нема право да им забрани да ги носат тие симболи на натпреварите и дека нивните навивачи, доколку сакаат, можат да продолжат да ги истакнуваат.
„Се работи за историската карта на Унгарија која едноставно беше погрешно протолкувана. Има несигурности и недоразбирања за тие симболи, а за сѐ се виновни медиумите. Затоа сметаме дека е потребно да го повториме нашето објаснување. Одлуката да ги носиме тие знамиња ја донесе нашата федерација, која ќе дозволи нивен влез на стадионите во следните два натпревари. Романскиот фудбалски сојуз очигледно погрешно ги протолкувал тие симболи. Продолжуваме да се бориме против сите форми на расизам и дискриминација, но знамињата ќе ги дозволиме и за тоа не треба да не обвинуваат за расизам“, се вели во соопштението на Унгарскиот фудбалски сојуз.
УЕФА објави дека ќе ги казни Унгарците ако на трибините има знамиња на Голема Унгарија.
The Romanian Football Federation contradicts the Hungarian one and says that UEFA did not authorize the use of flags with Great Hungary pic.twitter.com/PqMOJhRzHy
— RoINTEL (@RoINTEL) March 22, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(ВИДЕО) ПСЖ со пораз дома се збогува од Меси, Рамос, Галтие…

Пари Сен Жермен е шампион на Франција, но пораз дома (2:3) од Клермон се прости од своите ѕвезди Лионел Меси и Серхио Рамос кои го напуштаат клубот. Ова веројатно беше последен меч и за Кристоф Галтие на клупата на „светците“.
Серхио Рамос се збогува со гол и го отвори резултатот во 16.минута, а пет минути подоцна Килијан Мбапе погоди од пенал и голот му го посвети на Серхио Рико, кој се бори за живот откако имаше несреќа и падна јавајќи со коњ.
Сепак, Клермон израмни до полувремето. Гастиен намали во 24.минута, а откако Кеи не реализира пенал, израмнувањето го донесе Зефане.
Токму Греџон Кеи беше стрелец на победничкиот гол за Клермон во 63.минута.
Ленс го победи Оксер на гости со 1:3 и во конечниот поредок има само бод помалку од ПСЖ на втората позиција на табелата. За Оксер овој пораз значеше и испаѓање од елитата, откако Нант славеше дома против Анже со 1:0.
Монако загуби дома од Тулуз со 1:2.
Спорт
(ВИДЕО) Лацио заврши на втората позиција во Серија А по триумфот над Емполи

Лацио славеше на гостувањето кај Емполи со 0:2 и победнички го заокружи шампионатот во Серија А. На крајот ќе го освои второто место со 74 бода, два повеќе од Интер.
Алесио Ромањоли во 48.минута го отвори резултатот, а триумфот го потврди Луис Алберто во судиското продолжение од мечот.
Кремонезе ја победи Салернитана со 2:0, но од следната сезона ќе настапува во Серија Б.
Спорт
Одбојкарите го добија инфаркт-мечот против Хрватска

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија во драматичен меч успеа да слави со 3:2 во сетови против Хрватска и ја оствари втората победа во Златната Европска лига. Избраниците на Јошко Миленкоски ги добија првите два сета, но потоа дозволија Хрватска да се врати и да израмни, па дуелот се решаваше во петти сет.
Беше неверојатно неизвесно, а Македонија на крајот ја доби драмата со 16:14 на поени во решавачкиот сегмент.
Нашите одбојкари тргнаа фуриозно, го добија првиот сет со 25:17, а во вториот им дозволија 22 поени а Хрватите. Но, потоа ривалот го подигна нивото на играта, возврати со 25:22 во третиот сет, а го доби и драматичниот четврти сет со 31:29. Сепак, на крајот славеше Македонија.