Спорт
УФЦ: Едвардс пак го победи Усман, Гетџи го „суреди“ Физиев

Лион Едвардс со фантастична тактичка борба стигна до победа во пет рунди над Камару Усман за да ја одбрани својата титула во велтер категорија на УФЦ 286 во Лондон, носен од поддршката на публиката.
Едвардс успеа да ги издржи сите обиди на Усман да го пренесе мечот на подот, и ги упати посилните удари во пресметката, за да дојде до 48:46, 48:46, 47:47 победа. Тој „преживеа“ и казна од одземање на поен во третата рунда за држење на кафезот. Следни противници на Едвардс најверојатно ќе биде Колби Ковингтон.
Во вториот главен меч во Лондон, Американецот Џастин Гетџи успеа да го издржи силниот старт на противникот за да го победи на поени Рафаел Физиев. Физиев имаше далеку подобр стаарт на мечот, со повеќе удари, но Гетџи успеа да се врати во послената рунда, која му ја донесе победата на поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона оствари рекордна заработка на „Ел Класико“

Каталонскиот гигант Барселона оствари победа од 2-1 против Реал Мадрид на синоќешното „Ел Класико, а покрај тоа и урна уште еден рекорд. На стадионот „Камп Ноу“ присуствуваа повеќе од 95.000 гледачи кои ја наполнија клупската каса за повеќе од 8,2 милиони евра. Ова е рекордна сума од продажба на билети за домаќините.
Барселона сега има 12 бода предност пред Реал Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига.
Доколку Барселона стане шампион, тоа ќе биде прва титула за тимот од сезоната 2018/2019.
Спорт
Серхи Роберто: Во Барселона го чекаме Меси со раширени раце

Играчот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто, беше меѓу главните актери и се истакна со гол во победата на каталонскиот тим над Реал Мадрид од 2:1 во синоќешното „Ел Класико“. Со оваа победа Каталонците во голема мера ја обезбедија шампионската титула, со оглед дека имаат 12 бода предност со исто толку натпревари до крајот на шампионатот.
По средбата, Серхи Роберто коментираше и за една од темите кои повторно креваат огромна врева во последните недели, за можното враќање на Лионел Меси на „Камп Ноу“. Тој изјави дека сите играчи сакаат тоа да се случи и се нетрпеливи за таков развој на ситуацијата, а односот на ПСЖ кон Меси е неправеден.
„Дали сме подготвени да го дочекаме враќањето на Меси? Со раширени раце. Кој не би очекувал да се врати? Но, на крајот на денот не сакам да зборувам премногу бидејќи тоа е нешто што треба да го решат тренерот и претседателот на клубот. Сепак, ние го играчите би го пречекале со раширени раце. Начинот на кој се однесуваат кон него во ПСЖ е неразбирлив за мене. Има добра сезона, постигна многу голови, многу асистенции, но сега го обвинуваат затоа што испаднале од Лигата на шампионите? Остава горчлив вкус во устата дека играч од вакво ниво може да биде третиран на таков начин“, изјави Серхи Роберто по натпреварот.
Огромен проблем за евентуалното враќање на Меси во Барселона остануваат финансиските проблеми на Каталонците кои се далеку од решени. Тие сериозно ја надминале границата на платите и според финансискиот фер-плеј треба да го намалат бузетот за околу 200 милиони во наредните месеци.
Спорт
Конте ќе добие отказ од Тотенхем до крајот на неделата

Италијанскиот стратег Антонио Конте ќе добие отказ од Тотенхем до крајот на неделата, пренесува британски „Телеграф“. По коментарите по натпреварот со Саутемптон на прес-конференцијата на која ги критикуваше своите играчи и го окарактеризираше Тотенхем како „клуб губитник“, раководството на Тотенхем одлучило да се раздели со Конте.
Сѐ треба да се заврши до крајот на неделата кога според сознанијата на британски „Телеграф“ тимот треба да го преземе Рајан Мејсон и тој ќе го води тимот до крајот на сезоната во која ќе се обиде да се избори за пласман во Лигата на шампионите.
Антонио Конте планираше да го напушти Тотенхем на лето, но очигледно е дека не е задоволен од ситуацијата во клубот и односот на играчите кои не успеваат да воспостават континуитет и да ги исполнат неговите замисли.
На средбата со првиот човек на клубот Даниел Леви напоменал дека нема ништо против раководството, туку дека критиките биле насочени исклучиво кон тимот.