Спорт
Унгарците ја добија драмата со Германија, познати сите групи од втората фаза

Унгарската ракометна репрезентација во драматичен финиш ја победи Германија со 29:28 за да го освои првото место во групата А на Светското првенство во Египет и да пренесе максимални 4 поени во втората фаза, каде што им се приклучуваат силните Шпанија, Полска и Бразил, откако Полјаците ги декласираа Бразилците со 33:23.
Унгарците имаа фантастично прво полувреме, во кое имаа и +5 предност, за на полувреме да отидат со гол предност (15:14). Во второто полувреме, тие не успеаја да направат разлика и на крајот Германија поведе со 24:23 по што се играше гол-за-гол, но Унгарците останаа посилни. Бенце Банхиди и Доминик Мате блеснаа со по осум гола за Унгарија, додека за Германците, Марсел Шилер заврши со седум.
ГРУПА 1: 1.Унгарија 4, 2.Шпанија 3, 3.Полска 2, 4.Германија 2, 5.Бразил 1, 6.Уругвај 0
ГРУПА 2: 1.Данска 4, 2.Хрватска 3, 3.Катар 2, 4.Аргентина 2, 5.Јапонија 0, 6.Бахреин 0
ГРУПА 3: 1.Португалија 4, 2.Франција 4, 3.Исланд 2, 4.Норвешка 2, 5.Швајцарија 0, 6.Алжир 0
ГРУПА 4: 1.Шведска 4, 2.Русија 3, 3.Египет 2, 4.Словенија 2, 5.Белорусија 1, 6.Македонија 0
СП ЕГИПЕТ 2021, 3.КОЛО
ГРУПА А
Уругвај – Зеленортски Острови 10:0 службено
Германија – Унгарија 28:29 (14:15)
Табела: 1.Унгарија 6, 1.Германија 4, 3.Уругвај 2, 4.Зеленортски О. 0
ГРУПА Б
Шпанија – Тунис 36:30 (17:14)
Бразил – Полска 23:33 (11:13)
Табела: 1.Шпанија 5, 2.Полска 4, 3.Бразил 2, 4.Тунис 1
ГРУПА Ц
Јапонија – Ангола 30:29 (16:12)
Хрватска – Катар 26:24 (13:11)
Табела: 1.Хрватска 5, 2.Катар 4, 3.Јапонија 3, 4.Ангола 0
ГРУПА Д
Бахреин – ДР Конго 34:27 (14:12)
Данска – Аргентина 31:20 (15:10)
Табела: 1.Данска 6, 2.Аргентина 4, 3.Бахреин 2, 4.ДР Конго 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Брињоне се израмни со Компањони, страотен пад на Викхоф

Федерика Брињоне по разочарувачкиот настап на Светското првенство, се врати на победите во Светскиот куп со триумф на домашен снег на супер-џи трката во Вал ди Фаса, така остварувајќи ја својата 16. победа од СК, со што се израмни со легендарната италијанска скијачка Дебора Компањони.
Брињоне беше за 0.59 секунди побрза од фантастичната Швајцарка Лара Гут-Бехрами, додека третото место отиде кај уште една Швајцарка, Корин Сутер со 0.72 секунди послабо време. Во топ 5 беа уште две Италијанки – Елена Куртони и Франческа Марсаља
„Прекрасно достигнување е да се стигне Компањони, но не планирам да застанам тука. Имам уште иднина во овој спорт и многу соништа“, вели Брињоне.
Трката исто така ја одбележи и страотниот пад на 22-годишната Норвежанка Кајса Викхоф, која при огромна брзина се удри во заштитната ограда и веднаш со хеликоптер беше однесена во болница. Се верува дека има скршеница на нозете.
Спорт
Халиловиќ со голчиште и со посвета за Ѓорѓе Балашевиќ

Хрватскиот фудбалер Ален Халиловиќ постигна убав гол за на своите Бирмингем сити да им донесе 2:1 победа над Квинс Парк Ренџерс во 33. коло на англиската втора лига, но најмногу внимание на Балканот предизвика неговата маичка со ликот на Ѓорѓе Балашевиќ, неодамна починатиот кантавтор од Србија.
Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, влезе во игра во 63. минута, и го постигна својот прв гол за Бирмингем по трансферот минатата година.
Brilliant first goal by 🇭🇷 Alen Halilović (24) for Birmingham City in a 2-1 win against QPR. pic.twitter.com/V2F957Xs0D
— Croatian Scout (Suspended again) (@CroatianScout2) February 27, 2021
Спорт
Алекс Попирин со прва АТП титула во Сингапур

Австралискиот тенисер Алексеј Попирин ја комплетираше неделата од соништата, враќајќи се од сет негатива за 4:6/6:0/6:2 победа над Александер Бублик за да ја освои својата прва АТП титула на Сингапур опен.
21-годишниот Попирин беше доминантен на сервис за да го победи четвртиот носител за 84 минути, губејќи само шест поени на свој сервис, и освојувајќи седум гема во низа без загубен поен на свој сервис од 3:5 во првиот сет. Пред оваа недела, најголем успех на Попирин беше четврт-финале на АТП турнир.
„Многу работа, многу пожртвуваност за да се стигне до овој момент за мене, моето семејство и мојот тим. Горд сум што конечно успеав“, изјави Попирин.
Казахстанецот Бублик исто така одеше на прва АТП титула во своето второ финале во 2021, откако мораше да се повлече од финалето во Анталија, а покрај тоа загуби и во финалињата во Њупорт и Ченгду во 2019 година.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран