Спорт
Уникатен успех на Карло Анчелоти

Реал Мадрид ја осови 35.титула во клупската историја, а Карло Анчелоти постигна единствен успех во светот на фудбалот.
Италијанскиот тренер стана единствениот тренер во историјата на фудбалот кој ги освојувал титулите во петте најголеми европски првенства.
Анчелоти бил на Италија со Милан, шампион на Англија со Челзи, шампион на Германија со Баерн, шампион на Франција со Пари Сен Жермен и во вториот мандат стана шампион на Шпанија со Реал Мадрид.
😎 Repóker de Don Carlo Ancelotti: primer entrenador que gana las 5 grandes Ligas 🇪🇸🏴🇮🇹🇫🇷🇩🇪
🎨 Juan Carlos Fernández pic.twitter.com/ds1mQKNrmv
— MARCA (@marca) April 30, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул ќе се обиде да ги „украде“ Гави од Барселона

Фабрицио Романо на почетокот на овој месец објави дека Барселона договорила речиси сè со големиот талент Гави и дека наскоро ќе фудбалерот ќе го продолжи договорот истекува наредното лето.
Во договорот на Гави, Барса треба да стави клаузула за откуп од 1.000.000.000 евра. Не е познато зошто договорот се уште не е потпишан. Ваквиот развој на настаните се обидува да го искористи Ливерпул.
Според сегашната клаузула, тоа може да го направи со уплата од 50.000.000 евра,
Менаџерот на Гави, поранешниот играч на Барселона Иван де ла Пења, потврдил дека се уште нема официјална понуда за продолжување на договорот.
17-годишното чудо од дете оваа сезона одигра 47 натпревари за клубот во сите натпреварувања. Тој постигна два гола во првенството и има шест асистенции, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 60.000.000 евра.
Спорт
И Клоп го откри составот за големото финале
Еден час пред почетокот на финалето во Лигата на шампионите, Јирген Клоп го откри почетниот состав.
Германецот имаше само една дилема, дали да почне со Тијаго Алкантара или со Наби Кеита. Сепак Бразилецот со шпански пасош успеа да се рехабилитира од повредата и тој ќе биде во редот за врска, заедно со капитенот Џордан Хендерсон и Фабињо.
Ливерпул вечера, во Париз, се бори за седмата титула во Купот/Лигата на шампионите.
Here's how we line up for the #UCLfinal
👊🔴
— Liverpool FC (@LFC) May 28, 2022
Спорт
Македонија треба да покаже дека е фаворит во групата

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за почетокот на новото издание на Лига на нации. Првиот натпревар, Македонија ќе го одифра во Бугарија во Разград на 2.јуни.
На попладневниот тренинг на репрезентативниот тим се приклучија Енис Барди, Столе Димитриевски, Елиф Елмас и Дарко Велковски.
Дефанзивниот фудбалер, Никола Серафимов смета дека доколку сите го дадат својот максимум, јунскиот циклус, во кој Македонија ќе одигра четири натпревари, ќе го отвориме со победа.
„Пред сѐ очекувам новото издание од Лига на нации да го започнеме со добра игра против Бугарија. Противникот е квалитетен, но ако одиграме како што знаеме и умееме и го дадеме најдоброто од нас, мислам дека ќе ги освоиме бодовите. Секогаш очекуваме и се надеваме дека ќе добиеме шанса за настап. Наше е да бидеме максимално подготвени и мотивирани и на најдобар можен начин да ја искористиме шансата ако ни се укаже“, вњли Серафимов.
Давид Бабунски смета дека Македонија со резултатите што ги постигна во изминатиот период заслужува, но и треба да покаже на теренот дека е фаворит во групата со Бугарија, Грузија и Гибралтар.