Контакт

Спорт

Уште еден играч на Јута има коронавирус, соиграчот го заразил!

Објавено пред

Потврден е втор случај на заразен со коронавирус во НБА лигата, во тимот на Јута Џез. Првиот кој беше позитивен на опасниот вирус, Французинот Руди Гобер со своето недолично однесување се чини го заразил колегата од тимот – Донован Мичел.

„Наодот на Мичел е позитивен на коронавирус. Играчите на Јута рекоа дека Гобер бил невнимателен, ги допирал соиграчите и нивните предмети, па така вирусот му го пренел на соиграчот“ – извести познатиот американски новинар, Адријан Војнаровски.

За среќа, од вкупно 58 тестови на играчи и останати вработени во Јута Џез, само Мичел бил позитивен.

На социјалните мрежи е вирална снимката на која францускиот кошаркарски центар на прес-конференција сакајќи да се пошегува за коронавирусот, ги допира микрофоните.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ботошани по елиминацијата од Шкендија: Судијата не досуди чист пенал за нас

Објавено пред

Шкендија вчера успеа да победи во Романија кај Ботошани (1:0) и да избори место во наредната рунда каде противник ќе и биде Тотенхем.

Од таборот на романскиот тим за елиминацијата го обвинија шведскиот судија Мохамед Ал-Хаким. Според нив тој во 25 минута не досудил чист пенал по стартот на играчот на Шкендија Павиќ, врз Ашковски. Наместо да покаже на белата точка судијата досиди прекршок во напад од Ашковски.

Погледнете го спорниот момент на кој се жалат Ромамците.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Драгиќ блескаше, Мајми води 2-0 против Бостон

Објавено пред

Кошаркарите на Мајами хит поведоа со 2-0 во финалето на Истокот против Бостон Селтикс кога вториот меч го добија со 106:101.

Мајами успеа да го надомеси минусот од 17 поени и во неизвесна завршница да стигне до победата.

Бостон имаше плус 3 по првата четвртина (31:28), во вториот период имаше предност и од 17 поени, а на полувремето Селтикс водеше со 60:47. Мајами предноста ја стигнаа во третата четвртина кога ја имаше највисоката предност 77:84. Во последниот период имаше неколку пресврти, на крајот Мајами беше тој што се радуваше на победата.

По мечот, според медиумите, имало многу нервоза во соблекувалната на Бостон, а најгласен бил Маркус Смарт, кој викал по соиграчите.

Горан Драгиќ со 25 поени и Бем Адебајо со 21 поен и 10 скока го предводеа Мајами. На спротивната страна се истакнаа Кемба Вокер со 23 и Џејсон Тејтум со 21 поен.

Прикажи повеќе...

Спорт

ТСЦ-Стеауа 3:3, па 6:6 на пенали 10:11

Објавено пред

ТЦС од Бачка Паланка и ФЦСБ (поранешна Стеауа) синоќа во квалификациите за Лига Европа одиграа еден од најлудите натпревари во историјата на фудбалот. Натпреварот во регуларниот дел заврши 3:3, по продолженијата, беше 6:6, а пенал-рулетот им припадна на гостите од Романија со 4:5. Само играчот на ТСЦ, Бањац, не успеа да реализира од 11 метри.

Романскиот тим во Бачка Топола стигна со само 14 фудбалери, без девет првотимци, кои останаа дома поради коронавирусот. На клупата Стеауа има само тројца играчи, еден напаѓач и двајца играчи од редот за врска.

Од друга страна, ТСЦ издржа до пеналите кога целото второ полувреме го одиграа со играч помалку, а продолженијата ги завршија со двајца помалку на теренот.

ТЦС има водство од 2:0 и 3:1, но Стеауа успеа да ја стигне таа предност и да избори пласман во плејофот, каде што за противник ќего има Слован Либерец.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 минути

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција започна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како „медиган“. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија13 минути

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош започна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, кој изминатава недела гореше во два...

Свет54 минути

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет1 час

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија Ванг Џиганг изјави дека земјата во моментов спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија1 час

Жените се уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ2 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа2 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет2 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион2 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија14 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ14 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет14 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија15 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ16 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ18 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура18 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија20 часа

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Македонија20 часа

Седуммина починати и 186 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 теста,...

Македонија20 часа

ЗНМ повикува на транспарентна и непристрасна истрага за рекламирањето на партиите на последните избори

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага...

Македонија21 час

(Видео) Костадинов: Односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство

Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство, изјави портпаролот...

Досие