Контакт

Спорт

Условот на Халанд да потпише со Барса – пласман на Каталонците во ЛШ!

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Барселона тргна по норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, напаѓачот на Борусија Дортмунд, кој е еден од најбараните светски фудбалери во моментот.

Каталонскиот клуб наводно веќе почнал преговори со неговиот агент Мино Раиола.

Каталонски „Спорт“ пишува дека парите не се пресудни во изборот на нов клуб на Норвежанецот. Барса од 21-годишниот фудбалер сака да направи најголема ѕвезда во тимот и играч околу кого тренерот Чави ќе може да ја гради екипата во наредната сезона.

Условот на Халанд да потпише со Барса е пласман на Каталонците во ЛШ идната сезона.

Барса во моментот е осмопласирана на табелата во Ла Лига со минус 5 поени од четвртопласираниот Атлетико Мадрид, кој е на позиција што носи во ЛШ.

„Спорт“ тврди дека Барса има пари за доведување на Халанд. Цената за целата операција на негов трансфер на „Камп ноу“, што вклучува отштетна клаузула за Борусија, плата за играчот и провизија на агентот, би можела да надмине 200 милиони евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Формула 1 ќе има нов начин на менаџирање на трките, Маси ќе биде жртвуван?

Објавено пред

Формула 1-шампионатот ќе има целосно нова структура за менаџирање на трките во обид да се избегне нова контроверзија како на последната трка од минатата сезона во Абу Даби, тврди Би-би-си.

По драматичниот финиш на сезоната, во кој Макс Ферстапен го помина Луис Хамилтон во последниот круг во Абу Даби кога безбедносното возило се тргна од патеката по необичната наредба на директорот на трката, Мајкл Маси, Мерцедес најави протест, а потоа се откажа, иако побара менување на системот во Ф1.

Според Би-би-си, плановите на ФИА се да се воведат серија безбедносни мерки со кои директорот на трките на Ф1 ќе може да прави послободни одлуки, но без притисок од шефовите на тимовите. Исто така, останува нејасно дали Маси ќе ја задржи својата позиција иако ФИА смета дека тој бил нефер нападнат од шефовите на двата ривалски тима, Тото Волф и Кристијан Хорнер.

Исто така, можна е и ревизија на изборот на стјуардите на трките, кои се независни од директорот на трки и одлучуваат за прекршувањето на правилата.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Олимписките шефови ќе се сретнат со Пенг Шуаи во Пекинг

Објавено пред

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) открива дека постојат планови за средба со кинеската тениска ѕвезда Пенг Шуаи во Пекинг следниот месец откако 36-годишната тенисерка исчезна од јавната сцена на крајот на 2021 по обвинувањето на поранешниот кинески вицепремиер Жанг Гаоли за сексуален напад.

По овие вести, на Западот почна кампања со името „Каде е Пенг Шуаи“, која се зголеми на Австралија опен кога дел од навивачите се појавија во такви маички. Шампионката од Вимблдон 2013 во двојки неколкупати се појави во јавноста и прати писмо дека е слободна и дека западните медиуми ја извртеле нејзината приказна, а претседателот на ИОЦ, Томас Бах, во ноември имаше видеоразговор со неа. Сега од ИОЦ велат дека ќе има средба за време на Олимпијадата во Пекинг.

„По првиот повик на ИОЦ со Пенг Шуаи на 21 ноември 2021, тимот на ИОЦ е во постојан контакт со неа со постојани разговори секоја недела. Таа ќе ги следи Олимписките игри во Пекинг и ќе го следи кинескиот тим кога ќе има средба со членовите на ИОЦ“, се вели во објавата на портпаролот на ИОЦ.

Олимписките игри во Пекинг почнуваат на 4 февруари со дипломатски бојкот од САД, Австралија и Велика Британија поради човековите права во земјата домаќин.

Прикажи повеќе...

Спорт

Инфантино ја објасни изјавата за мигрантите

Објавено пред

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се обиде да ја разјасни контроверзната изјава дека со одржување светско првенство во фудбал секои две години ќе помогне африканските мигранти помалку да умираат на море.

Швајцарецот преку „Твитер“ објасни дека не му била намера директно да го поврзе мундијалот со заштитата на животот на африканските мигранти.

„Бидејќи моите забелешки пред Советот на Европа беа погрешно интерпретирани и извадени надвор од контекст, сакам да разјаснам дека во мојот говор пораката беше дека сите што се на позиција за носење одлуки имаат одговорност да ја подобрат ситуацијата на луѓето во целиот свет. Ако има повеќе можности, вклучувајќи во Африка, но не само таму, тогаш луѓето ќе ги искористат тие можности во своите земји. Тоа беше обичен коментар, неповрзан со одигрувањето на светските првенства на секои две години“, вели Инфантино.

Инфантино: Со СП на две години ќе има помалку мигранти што умираат на морињата

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет6 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија7 часа

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ10 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа10 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија12 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа13 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа14 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија1 ден

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија1 ден

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија1 ден

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија1 ден

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ1 ден

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија1 ден

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ1 ден

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија1 ден

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ1 ден

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија1 ден

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет2 дена

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија2 дена

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Досие