Контакт

Спорт

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Објавено пред

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е проблем за Валтери Ботас.

Возач на Кадилак одлучи да патува од Малезија до Сингапур со велосипед, наместо со приватен авион. Неговите следбеници на велосипедската апликација „Страва“ забележаа дека Финецот веќе го започнал своето патување.

Според планот што го сподели, Ботас има намера да помине околу 350 километри во текот на неколку дена за да стигне на време за медиумските обврски во Сингапур, закажани за в четврток.

Тој започна веднаш по Големата награда на Малезија, трка што не ја заврши бидејќи мораше да се повлече. 37-годишниот возач ја помина првата делница, од Куала Лумпур до Порт Диксон, долга 56,6 километри, за два часа и осум минути.

Иако делницата беше релативно кратка, Ботас откри на својот Инстаграм профил дека дел од патувањето морал да помине ноќе. Видливоста била исклучително лоша, па се движел потпирајќи се исклучиво на мало светло монтирано на кормилото на велосипедот.

Ваквите потфати не се вообичаени за финскиот возач. Тој редовно учествува во велосипедски трки, често заедно со својата партнерка, професионалната велосипедистка Тифани Кромвел.

На пример, во 2023 година, тој учествуваше во хуманитарна трка од 100 километри, маскиран како Дафман од цртаната серија „Симпсонови“. Тој ја освои таа трка и, како награда, обезбеди пиво за фановите во Колорадо.

Една година подоцна, по веста дека нема да има место за него во Формула 1 во сезоната 2025, тој веднаш се сврте кон велосипедизмот. Тимот Заубер објави дека ја прекинува соработката со него и Џоу Гуанжу, а Ботас одговори со комплетирање на целосен триатлон „Ајронмен“ на неговиот имот веќе следниот ден: тој исплива 3,9 километри, возеше 180,2 километри со велосипед и конечно истрча маратон од 42,2 километри.

Foto/ Depositphotos

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава6 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт7 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт7 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет7 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт7 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет8 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет9 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт9 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...