Контакт

Спорт

Валверде: Неизбежни се прашањата за мое заминување

Објавено пред

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде повторно морал да одговори на прашањето околу евентуалниот отказ откако неговиот тим испадна од Атлетико Мадрид во полу-финалето во Суперкупот.

Барселона синоќа во Џеда, со пресврт, го загуби натпреварот од Атлетико (2:3). Поради тоа повторно е актуелен евентуалниот отказ за тренерот Валверде.

„Знаеме каков е фудбалот. Никогаш не сте сигурни, таква е оваа работа. Кога се резултатите лоши или кога губите, како што тоа се случи сега, неизбежни се прашањата очекувано е да разговараме на таа тема. Неизбежно е“, рекол Валверде.

Во текот на мечот на Барселона ВАР и поништи два гола (Меси и Пике).

„Доминиравме, а мечот го решија детали на кои што не можевме да влијаеме. Го имавме мечот во свои раце. Не мислам дека бевме надиграни“.

Барселона наредниот натпревар ќе го игра на 19 јануари против Гранада.

Спорт

Ред бул ѝ понудиле место во Ф1 на Линдзи Вон, но не смее да остане бремена!

Објавено пред

Во необично интервју, легендарната американска скијачка Линдзи Вон тврди дека ѝ било понудено да вози во Формула 1 од страна на Ред бул рејсинг, но дека таа не сакала да се обврзе поради барањето на австриската компанија да не остане бремена во следните три години.

Вон освои четири титули од Светскиот куп во алпско скијање и беше златна во спуст на Олимпијадата во 2010 година во блескава кариера, која ја прекрати поради низа повреди. Сега во интервју со Греем Бенсингер таа вели дека, по тестирањето Формула 3,5 болид на Ред бул во Шпилберг, во 2016 добила понуда да вози во Формула 1.

„Беше фантастично, но имав тенденција да одам пресилно во кривините. Не смеев да го уништам болидот кој чинеше милиони долари. Дури размислувам да отидам во Формула 1 и да бидам тркач. Но, не можев бидејќи тие бараа да се посветам три години, да не останам бремена, да не правам други работи. Не сакав да го направам тоа, а тие бараа целосна посветеност. Тие ми кажаа дека ако не успеам во Формула 1, ќе ми дадат да возам во НАСКАР. Парите се луди! Еден Формула 1-возач добива пари колку што во скијањето има за цела сезона. Сигурно Луис Хамилтон заработува повеќе пари од сите скијачи на светот“, открива Вон.

Прикажи повеќе...

Спорт

Клоп: Ќе го чекаме Ван Дајк како добра сопруга кога мажот е во затвор!

Објавено пред

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вети дека „црвените“ ќе го поддржуваат својот дефанзивец Вирџил ван Дајк како добра сопруга кога мажот е во затвор откако еден од највлијателните фудбалери во неговиот состав доби сериозна повреда на коленото на дербито со Евертон и, најверојатно, ќе го пропушти остатокот од сезоната.29-годишниот Ван Дајк беше во игра во сите 38 меча на Ливерпул во Премиер лигата во 2019/2020 за освојување на првата титула по 30 години, но сега Клоп се соочува со можноста да не може да смета на него до крајот на сезоната.

„Секогаш е истото, фудбалерите сакаат да бидат сами во такви моменти, а јас сум доволно долго тренер за да го знам тоа. И јас сум бил фудбалер и ја имав истата повреда и тогаш не сакав многу да зборувам. Постојано сме во контакт, тука сме за него и тој го знае тоа – ќе го чекаме како добра сопруга кога мажот е во затвор и во меѓувреме ќе се обидеме да бидеме тука за него“, изјави Клоп на прес-конференцијата пред првиот меч од новата сезона во ЛШ против Ајакс.

Прикажи повеќе...

Спорт

Фановите на Њукасл не го гледаа својот клуб и собраа пари за добротворни цели

Објавено пред

Фановите на Њукасл јунајтед донираа 20.000 фунти за добротворни цели во текот на викендот во знак на протест на превисоката цена на следење на натпреварите преку ТВ-преносите во Велика Британија.

Поразот на Њукасл од Манчестер јунајтед од 1:4 во саботата беше еден од неколкуте мечеви во Премиер лигата, кои беа достапни во живо само со доплата од 14,95 фунти и фановите на Њукасл во знак протест ја поведоа кампањата „Добротворни цели не ППВ“ и донираа пари во локалната организација која им дава храна на сиромашните.

„Ја цениме великодушноста на фановите на Њукасл и парите добро ќе дојдат. Ние храниме 1.000 луѓе неделно и користиме над 10 тони храна секој месец за цена од 1.700 фунти за тон, така што оваа донација ќе биде добредојдена“, вели директорот на органзиацијата, Џон Мекори.

Слични кампањи против планот на Премиер лигата направија и фановите на Лидс јунајтед и Манчестер сити.

Навивачите лути на Премиер лигата – гледање еден меч на ТВ ќе чини 14,95 фунти!

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет2 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија4 часа

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија6 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија6 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет6 часа

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија6 часа

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ6 часа

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија7 часа

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Македонија8 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет10 часа

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Европа10 часа

(Видео) „Фајзер“ произведе стотици илјади дози вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави видео кое покажува дека веќе има произведено стотици илјади дози вакцина против коронавирус во својата белгиска...

Свет11 час

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет11 час

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет11 час

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Македонија12 часа

Ковид-19 го прележале над 17 илјади лица во земјава

Од Ковид-19 досега оздравеле 17.239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава...

Регион12 часа

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет града во црвената зона според бројот на лица...

Европа24 часа

(Видео) Илјадници Французи излегоа на улиците поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата...

Европа1 ден

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата во Прага

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот....

Регион1 ден

Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во...

Досие