Контакт

Спорт

Ван дер Варт за Рајс: Вреди 120 милиони, а само ја враќа топката назад

Објавено пред

Поранешниот холандски репрезентативец, Рафаел ван дер Варт жестоко го критикуваше англискиот играч за врска Деклан Рајс.

Фудбалерот на Арсенал беше во стартниот состав на секој натпревар на Англија на Европското првенство во Германија. „Топчиите“ за трансферот на Рајс на Вест Хем му платија 116 милиони евра, а неговата моментална вредност на „Трансфермаркт“ е 120 милиони евра.

„Сто и дваесет милиони евра за Деклан Рајс… Што прави? Тој доаѓа по топката, а потоа му ја враќа на Џон Стоунс. Џабе е. Ако вредиш 120 милиони евра, треба да знаеш да додадеш напред“, изјави Холанѓанецот за холандската телевизија НОС.

Ван дер Варт не ги поштеди ниту останатите избраници на Герет Саутгејт. Откако Холандија беше елиминирана од Гордиот Албион во полуфиналето, тој изјави:

„Англија е лоша репрезентација. Имаат врвни играчи, но играат како да не им се игра“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Челзи ќе покрене судска постапка против Сити

Објавено пред

Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска.

Според англиските медиуми, клубот од „Стемфорд Бриџ“, планира официјална жалба и потенцијална правна постапка против Сити поради начинот на кој италијанскиот тренер го напушти Челзи претходно оваа година.

Мареска ненадејно ја напушти клупата на „сините“ на почетокот на годината, а сега е главен кандидат да го наследи Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Во Челзи веруваат дека токму контактите со Сити сериозно го дестабилизирале тимот и ја уништиле сезоната на лондонскиот клуб.

Наводно, за време на престојот во Челзи, Мареска ги информирал сопствениците на клубот дека разговара со Сити, а оваа информација никогаш не била официјално демантирана.

Затоа, Челзи е подготвен да бара финансиска отштета „граѓаните“, но и да го отвори прашањето за околностите под кои Италијанецот го напуштил клубот.

Според британските медиуми, Челзи би морал официјално да поднесе жалба до Премиер лигата, која потоа би била должна да спроведе истрага. Се очекува целиот случај дополнително да ескалира во моментот кога Сити официјално ќе го објави назначувањето на Мареска.

Мареска пристигна во Челси во летото 2024 година откако ја освои Чемпионшип лигата со Лестер, а во својата прва сезона ја освои Лигата на конференции на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.

Сепак, односите со клупските челници брзо се влошија. Челси беше втор на табелата во Премиер лигата на почетокот на декември, но потоа имаше голем пад на формата и само една победа во седум натпревари.

Кулминацијата дојде кога Мареска ги прескокна медиумските обврски по ремито со Борнмут, по што набрзо беше отпуштен.

Оттогаш, Челси смени дури четири тренери, а во моментов е десетти на табелата. Клубот веќе го договори доаѓањето на Чаби Алонсо од следното лето.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години

Објавено пред

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински терен кај Борнмут и со тоа остана на 78 бода, четири помалку од Арсенал пред последното коло од Премиер лигата.

На тимот на Пеп Гвардиола му беше потребна победа во овој натпревар за да остане во трката за титулата, но четата на Гвардиола не успеа, штп значи дека по 22 години Арсенал повторно е шампион на Англија.

Голот за домаќините го постигна Ели Жуниор Крупи во 39-та минута, додека Ерлинг Халанд постигна гол за 1:1 во петтата минута од судиското продолжение за израмнување и драма на крајот.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Аферата „Спајгејт“ го остави Саутемптон без можност да се бори за место во Премиер лигата

Објавено пред

Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се борат на Вембли за влез во елитата бидејќи беа прогласени за виновни во сега веќе познатата шпионска афера.

Можност да игра во најскапиот меч во светот (победникот добива 200 милиони фунти), добија фудбалерите на Мидлзбро. ќе се сретне со Хал на Вембли утре.

Мидлсбро побара Саутемптон да биде исфрлен од плејофот откако објави дека бил жртва на шпионажа на тренинг, два дена пред првиот полуфинален натпревар. Клубот изјави како го фатиле аналитичарот на Саутемптон додека се криел во грмушките и го снимал нивниот тренинг.

Саутемптон беше казнет и со одземање на четири бода на почетокот од следната сезона во Чемпионшип.

Финалето е сè уште закажано да се одржи оваа сабота на стадионот „Вембли“. Саутемптон има право на жалба, а комисијата има намера да одлучи за евентуалните приговори до крајот на утрешниот ден, со цел да се обезбеди непречено одвивање на финалниот натпревар.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Венс: Не е вистина дека американската војска се повлекува од Европа, тоа е одложување

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс им изјави на новинарите дека распоредувањето на американските сили во Полска е одложено, додавајќи дека...

Свет6 минути

Шефот на МААЕ: Нападот врз нуклеарната централа во ОАЕ може да биде катастрофален

Шефот на нуклеарната централа на Обединетите нации предупреди дека директен напад врз нуклеарната централа Барака во Обединетите Арапски Емирати би...

Македонија14 минути

Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот,...

Свет18 минути

Америка заплени ирански танкер во Индискиот Океан

САД запленија танкер поврзан со Иран во Индискиот Океан, објави „Волстрит журнал“, додека Вашингтон продолжува да го зголемува воениот и...

Европа22 минути

Калас: Русија би можела да ја тестира европската одбрана во следните пет години

Намалувањето на военото присуство на САД на европско тло нема да го ослаби одвраќањето на НАТО на неговото источно крило,...

Македонија31 минута

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува...

Македонија33 минути

Делови од Ѓорче Петров денеска без вода

РЦУК – Скопје известуваме дека денеска поради уличен дефект ф-400 на Лука Геров 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од...

Спорт8 часа

Челзи ќе покрене судска постапка против Сити

Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска. Според англиските медиуми, клубот...

Спорт8 часа

(Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински...