Спорт
Ван Гал: Барселона не може да освои ЛШ поради Лео Меси
Поранешниот тренер на Барселона, Луис ван Гал, влезе во зачудувачки напад на Лионел Меси тврдејќи дека Аргентинецот е виновен што Барса нема освоено титула од ЛШ одамна и дека наместо тој да се адаптира на тимот, го принудува тимот да се адаптира на него.
Според Холанѓанецот, Меси добива преголема слобода на „Камп ноу“ и низата менаџери се приспособуваат да му услужат на Аргентинецот. Ова, според него, е главната причина што Барселона нема титула од ЛШ од 2015 година.
„Според мене, нема ништо поважно од тимски играч. Барселона страда од тоа. Мислам дека Меси треба да се запраша како е можно толку долго да нема титула од Лигата на шампионите. Колку титули има со тој за кој сите велат дека е најдобриот во историјата на фудбалот? Видете го Нејмар во ПСЖ. Колку титули од ЛШ има тој? Можеби е најдобриот индивидуален фудбалер на светот бидејќи статистиката е безмилосна. Но, каде е титулата од ЛШ? Кога си капитен, мораш да се запрашаш зошто е така. Според мене, вината е кај него. Кога имаш тим од 30 фудбалери, не велиш дека сите треба да се адаптираат на него“, вели Ван Гал во интервју за шпанскиот весник „Ел паис“.
Ван Гал освои две титули од Ла Лига со Барса во 1997 година по што се врати во 2002 година кога беше отпуштен по половина сезона откако тимот се најде на 12. место. Тој беше во директен конфликт со Ривалдо обвинувајќи го Бразилецот дека мисли само на себе, а не на клубот. 67-годишниот Ван Гал очигледно го мисли истото и за Меси.
„Пеп Гвардиола го натера Меси да игра за тимот, но последните неколку тренери премногу се адаптираа на Меси наместо да играат тимски. Меси се приспособи на планот на Гвардиола, а не обратно“, додава Ван Гал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.