Спорт
Ван Гал поднесе оставка
Луј ван Гал се повлече од функцијата селектор на Холандија откако беше елиминиран на пенали од Аргентина, во четвртфиналето на Светското првенство. Ван Гал во август минатата година по трет пат стана холандски селектор.
„Нема да продолжам… Ова е мојот последен натпревар. Немаме изгубено ниту еден натпревар, не знам колку победивме, но можете на Гугл да напишете Луј ван Гал Холандија и сами ќе ја видите гол-разликата“, изјави 71. годишниот Ван Гал.
Во неговиот последен мандат, Холандија забележа 14 победи со шест нерешени и гол разлика 51:17.
„Не бевме поразени со причина. Имаме одличен тим со многу таленти. Едноставно не може да го преболиме овој пораз. Имаше сомнителни судиски одлуки, но не дозволувам да мислиме дека загубиме поради судијата“, изјави Ван Гал и додаде дека не го интересира кој ќе стане светски шампион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познати сe полуфиналните термини во Лигата на шампионите
Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето, во Лигата на шампионите.
Познато е дека во полуфиналето ќе се сретнат Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд, односно Баерн Минхен и Реал.
Домаќини на првите натпревари ќе бидат германски клубови, додека реваншите ќе се играат на „Паркот на принцовите“ во Париз и на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Полуфиналните натпревари се закажани за 30 април и 1 мај, а реваншите на 7 и 8 мај.
Сите натпревари започнуваат во 21:00 часот.
Финалето на Лигата на шампионите е на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Спорт
Де Роси ќе ја води Рома и следната сезона
Даниеле Де Роси и следната сезона ќе остане на клупата на Рома. Поранешниот капитен ги оправда очекувањата и на навивачите и на клупските челници.
Поранешниот италијански репрезентативец, функцијата ја презеде од Жозе Мурињо, кој доби отказ во јануари по поразот од Милан (1:3).
Де Роси ја донесе Рома на петтото место на табелата, кое според сегашната ситуација треба да го одведе тимот во Лигата на шампионите, бидејќи Италија во моментов води на УЕФА рангирањето на најдобрите клубови и со тоа би добила уште едно место во елитното европско клупско натпреварување.
Исто така, Рома е и во четвртфиналето на Лига Европа, каде со Милан се бори за место меѓу најдобрите четири екипи.
„По средбата со Даниеле Де Роси, можеме да кажеме дека ќе остане со нас и следната сезона. Тој донесе позитивни промени и сакаме да продолжиме по тој пат“, изјавија газдите на Рома, Американците Ден и Рајан Фридкин.
Спорт
Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф
Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко воведува неверојатно правило во тамошниот фудбал. Судиите ќе мора да поминат на полиграф пред натпреварите. Судиите ќе бидат избрани по случаен избор, а целта на овој проект во украинскиот фудбал е да се стави крај на местењето натпревари.
Оваа информација ја пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“, со образложение дека идејата на Шевченко има за цел „да ја намали корупцијата во фудбалот и да спречи местење натпревари“.
Судиите ќе мора да поминат тестирање пред натпреварите. Нешто слично како случајните допинг тестови за фудбалерите, кои се прават по натпреварите.
„Го гледаме полиграфот како шанса да добиеме повеќе информации и да разбереме кои судии можат да се справат со оваа работа, а кои не. Почнуваме од нула“, рече Шевченко, поранешен напаѓач на Милан, Челзи и Динамо Киев.