Контакт

Спорт

Варан сака да го напушти Реал Мадрид

Објавено пред

Рафаел Варан еден од столбовите на одбраната на Реал Мадрид побарал трансфер. Договорот на францускиот репрезентативец со „кралскиот клуб“ истекува за 18 месеци.

Шпанците тврдат дека Варан не бил задоволен од се она што се случува во клубот и дека бил подготвен за нова авантура.

Летниот преоден рок е последна шанса кога Реал ќе може да заработи добра сума од трансферот на Варан.

Рафаел Варан е играч на Реал од 2011 година. Со клубот ги освоил сите можни трофеи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Вест хем се врати на победите, овојпат „матиран“ Лидс

Објавено пред

Откако прво ВАР системот им поништи два гола на Лидс јунајтед во првите седум минути игра, Вест хем јунајтед успеа да стигне до 2:0 победа за да се искачи на петтото место во Премиер лигата со само два поени заостанување зад четвртопласираниот Челси.

Тајлер Робертс во шестата минута и Патрик Бамфорд една минута подоцна постигнаа голови кои беа поништени поради офсајд, иако втората ситуација беше многу „сомнителна“. По ова следуваше пенал за „чеканите“ во 21. минута, кој го изведуваше Џеси Лингард, и иако Меслие му одбрани, одбиената топка позајмениот фудбалер на Манчестер јунајтед ја смести во мрежата. Ова е четврти гол во шест меча на Лингард за Вест хем. Само седум минути подоцна Крег Досон зголеми на 2:0, доволно за победа на тимот на Дејвид Мојс.

Лидс, за кои македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски го одигра второто полувреме, сега се на 11. место на табелата со 29 поени по два порази во низа и четири порази во последните пет натпревари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Интер не го дава врвот – Шкринијар за победа над Аталанта

Објавено пред

Интер помина уште една голема пречка на патот до остварување на сонот, освојувањето на скудетото, откако со 1:0 ја совладаа Аталанта на „Сан Сиро“ за со победата над силниот ривал да ја вратат предноста од шест поени пред Милан по 26 од 38 кола во италијанската Серија А.

Аталанта веднаш покажа дека го направила краткиот пат до Милано со желба за победа, откако во првите 20-тина минути ја имаа контролата на топката, додека Интер чекаше шанса за контра-напад. Двата тима немаа многу шанси во првото полувреме, а во финишот почна да се игра поостро и пофизички цврсто.

Само што почна второто полувреме, во 54. минута, Милан Шкринијар се најде на вистинското место по една мешаница пред голот на гостите, за да ја смести топката во мрежата и да донесе предност за „нераѕурите“.

Интер сега има 62 поени на првото место во Серија А пред Милан (56), Јувентус (52) и Рома (50), додека Аталанта е на петтото место со 49 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бруно го дава дресот и копачките на аукција за пари за лекување на деца

Објавено пред

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш ги даде на аукција својот дрес и копачките од дерби победата над Манчестер сити во неделата во обид да собере милион долари за лекување на две болни деца.

Португалецот го постигна првиот гол на „Етихад“ при 0:2 победата со која Јунајтед ја прекина низата на Сити од 21 победа во низа, и сега се обидува да собере пари за лекување на две деца од Португалија, осумгодишната Жаиме и нејзиниот петгодишен брат Леонор, кои страдаат од редок тип на рак, неуробластома. Тој отвори „GoGetFunding“ страница за донации.

„Неодамна дознав за ситуацијата на Леонор и Жаиме. Како татко, ваква приказна ме потресе и не можам да ја замислам болката и агонијата на родителите. Добрите вести се дека ‘Детската болница’ во Филаделфија има иновативен третман со позитивни резултати. Сепак, цената е висока, 1 милион долари за двете деца. Затоа ве молам да помогнете“, напиша Фернандеш.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Креаторите на „спутник в“ бараат извинување од ЕМА – „Можно е политичко мешање“

Креаторите на „спутник в“ бараат извинување од висок функционер Европската агенција за лекови затоа што ја спореди можноста за итно...

Свет11 час

Папата: Средбата со исламскиот водач беше мевлем за душа

Папата Франциско се врати во Ватикан по историското тридневно патување во Ирак. Тој пред новинарите изјави дека неговата средба со...

Македонија12 часа

Сопругата на Пендаровски се вакцинира против коронавирус

Сопругата на претседателот,Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, се вакцинира против коронавирусот. Таа објави фотографија на „Фејсбук“. „Детска и превентивна стоматологија –...

Спорт12 часа

(Видео) Голема прослава за Ѓоковиќ во Белград – „Ова е успех на целата нација“

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, официјално стана рекордер по бројот на недели (311) поминати на првото место на АТП-листата....

Регион14 часа

Внукот на Тито осуден на затворска казна во Белград

Едвард Броз (70), еден од внуците на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, е осуден во отсуство во Високиот...

Македонија15 часа

Изет Меџити се повлече од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ

Пратеникот Изет Меџити се повлече од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ. Тој вели дека продолжува да биде гардијан...

Македонија16 часа

Потврдени 316 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 316 нови случаи на коронавирус, 681 оздравен пациент и 11 починати, соопшти...

Македонија20 часа

Јавно обвинителство: Од „Телеграм“ засега немаме добиено никакви податоци за случајот „Јавна соба 2“

Од Јавното обвинителство велат дека активно постапуваат за утврдување кривична одговорност во предметите поврзани со групите „Јавна соба“, во пресрет...

Македонија21 час

Грција не ги отвора границите за Македонија, продолжена забраната за патници од трети земји

Грција ја продолжи забраната за пристигнување патници од околните земји по воздушен, копнен и морски пат, а тоа правило важи...

Македонија21 час

Филипче: Предложивме од среда да се воведе полициски час, најмногу поради непочитувањето на мерките

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку објава на својот фејсбук-профил ја објасни причината за барањето на ресорното министерство за воведување...

Европа21 час

Европската агенција за лекови засега не одобрува користење на руската вакцина во ЕУ

Високата службеничка на Европската агенција за лекови (ЕМА), Криста Виртумер-Хохе, апелираше до членките на Европската Унија да не го одобрат...

Свет22 часа

Меган Маркл: Сакав да се самоубијам, а не смеев да побарам помош

Во интервјуто кое се емитуваше на „CBS“, војвотката од Сасекс, Меган Маркл изјави дека имала суицидни мисли додека била бремена....

Свет23 часа

Американците тврдат дека пронашле лек за коронавирусот, во употреба за шест месеци

Новиот антивирусен лек „молнупиравир“ може да го смени текот на епидемијата на коронавирусот, бидејќи за време на експерименталното истражување е...

Забава1 ден

Меган тврди монархијата одбила да го направи Арчи принц поради бојата на кожата

Меган, сопругата на принцот Хари, изјави дека пред раѓањето на нејзиниот син Арчи постоела загриженост дека неговата кожа ќе биде...

Македонија1 ден

„Држава што не постапува е држава што силува“ – марш за женските права по повод 8 Март

Денеска по повод Меѓународниот ден на жената, со почеток во 15 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне...

Свет2 дена

Зошто е речиси невозможно да се заразите со коронавирус на отворено?

Аеросолите, ситни честички што лебдат во воздухот, се главниот виновник за пренесување на коронавирусот. Според наодите на научниците, ова особено...

Свет2 дена

Градоначалник во Италија даде оставка откако јавноста дозна дека се вакцинирал преку ред

Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне денес објави дека дава оставка откако преку ред се вакцинира против Ковид-19, а полицијата отвори...

Македонија2 дена

Во Македонија 333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, 268 оздравени и 10 починати лица, соопшти...

Македонија2 дена

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се лекува од коронавирус е стабилна, кажа министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија2 дена

Пристигна првата пратка од руските вакцини во Македонија

На скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка од руската вакцина „спутник В“. Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот...

Досие