Контакт

Спорт

Вардар е шампион на Македонија

Објавено пред

Фудбалерите на Вардар на ја освоија шампионската титула, 12-та во клупската историја и прва по пауза од шест години. Во пресрет на последното коло, Вардар, стекна недостижна предност во однос на сега поранешниот првак, Струга Трим Лум.

За да ја обебеди титулата во 32-то коло, на Вардар му беше потребен бод во Струга. Црвено-црните ги освоија трите.

Славеа минимална победа со голот на Цетковиќ во петтата минута.

Вардар во сезоната 2026/ 2027 ќе игра во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Табела:



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Сензација – Реал елиминиран во 1/4 финалето од АЦБ лигата

Објавено пред

Тенерифе ја приреди најголемата сензација во европската кошарка оваа сезона. Тимот од Канарските Острови го елиминираше Реал Мадрид, а конечниот резултат од третиот натпревар од четвртфиналната серија од плејофот на АЦБ лигата во „Висинк Центарот“ беше 95:107 (24:23, 21:26, 28:21, 22:37).

Иронично е што тимот на италијанскиот тренер Серхио Скариоло стигна многу подалеку во Евролигата, односно до финалето, а последен пат „кралскиот клуб“ беше елиминиран во четвртфиналето од плејофот на шпанското првенство во 2008 година, кога Реал загуби од Уникаха.

Тенерифе победи поради значително подобриот шут за три поени – 13/28 наспроти 5/31 на Реал.

Секако, искуството беше одлучувачки фактор – кошаркарска легенда во репрезентативните натпреварувања, 37-годишниот Австралиец Пати Милс постигна 29 поени, додека 43-годишниот Бразилец Марселињо Уертас имаше 23 поени.

Кевин Јебо, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, значително му помогна на тандемот ветерани со 22 поени и седум скока.

Тенерифе немаше играч под 29 години во маестралната игра против Реал. Ако нешто можеше да се издвои како светла точка за Реал во овој дебакл, тоа би била играта на Марио Хезоња. Хрватскиот репрезентативец шутираше 8/9 за двојки, 1/5 за тројки и 3/4 од линијата за слободни фрлања, постигна за 22 поени.

Речиси е сигурно дека ова е последниот натпревар што го одигра 38-годишниот Серхио Љуљ. Тој помина шест минути и 14 секунди на теренот, промаши еден шут за два и еден фаул.
Последната сезона во која Реал не освои ниту еден трофеј и во фудбал и во кошарка беше пред 16 години.

Прикажи повеќе...

Спорт

Алварез го одбил Арсенал, ќе остане во Мадрид

Објавено пред

Плановите на Арсенал да доведе голема ѕвезда во летниот преоден рок, барем засега нема да се остварат. Хулијан Алварез, напаѓач означен како приоритет од страна на менаџерот, Микел Артета, одбил да се пресели во Лондон.

Според, новинарот на „СЕР Депортивос“, Педро Фулана, Арсенал е единствениот клуб подготвен да даде конкретна понуда до Атлетико за 26-годишниот напаѓач. Сепак, договорот не е можен бидејќи Алварез немал намера да се враќа во Премиер лигата.

Со оглед на тоа што интересот на Барселона престана поради финансиски проблеми, се чини дека освојувачот на Светското првенство е задоволен што останува во Шпанија под водство на Диего Симеоне и нема намера да бара трансфер.

Фулана објасни во програмата на „СЕР Депортивос“, дека целата операција со неколку заинтересирани клубови „целосно запрела“. Тој нагласи дека иако Арсенал е единствениот тим што нуди реална опција, одбивањето на играчот дури и да размисли за трансфер во голема мера го прави невозможен неговиот трансфер.

Во Атлетико, од друга страна, се целосно мирни и покрај шпекулациите во медиумите и активно градат тим за следната сезона околу Алварез, кој постигна 20 гола минатата сезона.

Шпанскиот клуб даде приоритет на засилувањата во одбраната и средниот ред. Нивните цели се дефанзивецот на Челзи, Марк Кукуреља, а ја следат и ситуацијата околу Бернардо Силва. Амбициозните планови на клубот зависат од задржување на клучни играчи како Алварез, чија иднина е обезбедена со договор што важи до јуни 2030 година.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) (Не)пријателски натпревар меѓу Португалија и Чиле

Објавено пред

Португалија го победи Чиле со 2:1, во пријателски меч одигра во Лисабон.

Натпреварот го обележа она што се случи во финишот на првото полувреме, кога судијата подели два црвени картони.

Физички се пресметаа чилеанскиот дефанзивец Иван Роман и португалската ѕвезда Рафаел Леао. Рамон заврши на земја откако Леао го турна во лицето со рака, по што другите играчи ја смирија ситуацијата.

Судијата им покажа на Рамон и на Лео директни црвени картони по кратка мешаница. Одлуката предизвика протести од двете страни, а публиката го испрати судијата со свирежи. Екипите влегоа во второто полувреме со десет играчи.

Ова е претпоследниот пријателски натпревар на Португалија пред Светското првенство, каде што е во група со Колумбија, Узбекистан и ДР Конго. Чиле не се квалификуваше за Мундијалот.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized53 минути

Дали е точно дека на Богоев му биле ветени 10% од наместениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалната матрица на СДС не се менува и не исчезнува, таа се наследува од сениорите како Венко Филипче, Зоран Заев...

Македонија59 минути

СДС и Филипче не сакаат Македонија да успее, затоа повеќе од Бугарија бараат уставни измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС...

Македонија1 час

Денес темепратура до 34 степени, попладне можни пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер

Управта за хидрометеорологија за денес прогнозира сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен...

Регион2 часа

Денес избори во Косово третпат за 18 месеци, граѓаните пак избираат пратеници

Граѓаните на Косово денеска повторно излегуваат на  парламентарни избори, третпат во последните 18 месеци, откога ниту една партија не успеа...

Забава2 часа

Танцовата претстава „Ајде!“ на Македонскиот културно-информативен центар го преполни Загрепскиот танцов центар

Преполна сала, долги овации и силни емоции ја одбележаа изведбата на современата танцова претстава „Ајде!“ во организација на македонскиот Културно-информативен...

Македонија2 часа

(Видео) Рекордни 2.700 учесници од над 30 држави на „Охрид трчат“

Охрид викендов е во знакот на трчањето и спортот. Јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчат“ привлече повеќе од...

Спорт12 часа

Сензација – Реал елиминиран во 1/4 финалето од АЦБ лигата

Тенерифе ја приреди најголемата сензација во европската кошарка оваа сезона. Тимот од Канарските Острови го елиминираше Реал Мадрид, а конечниот...

Спорт12 часа

Алварез го одбил Арсенал, ќе остане во Мадрид

Плановите на Арсенал да доведе голема ѕвезда во летниот преоден рок, барем засега нема да се остварат. Хулијан Алварез, напаѓач...

Спорт12 часа

(Видео) (Не)пријателски натпревар меѓу Португалија и Чиле

Португалија го победи Чиле со 2:1, во пријателски меч одигра во Лисабон. Натпреварот го обележа она што се случи во...