Спорт
Вархолм и Накаи го одбележаа четвртиот ден на СП во атлетика во Доха
Норвешкиот тркач Карстен Вархолм ја одбрани титулата на 400 метри со пречки на натпреварите од четвртиот ден на СП во атлетика во Доха. Среброто во оваа дисциплина му припадна на Американецот Рај Бенџамин, а бронзата отиде на градите на Абдерахман Самба од Катар.
Во женската трка на 800 метри Халима Накаи од Уганда со национален рекорд на својата земја го освои златото на трката на која во минатото неприкосновена беше Кастер Семенја. Втора на денешната трка заврши Американката Рејвен Роџерс, а на третото место се пласираше Аје Вилсон исто така од САД.
Во трката на 5000 метри доминација на Етиопјаните. Златото е за Муктар Едрис пред сонародникот Селмон Барега, а за бронзен медал се избори Канаѓанецот Мохамед Ахмед.
Кенијката Беатрис Чепкоеч ја освои титулата на 3000 метри стиплчез. Во трката среброто и припадна на Американката Ема Кобурн, а со бронза се задоволи Германката Геса Краузе.
Русинката Марија Ласицкане ја освои светска титула во скок во височина со прескокнати 2.04 метри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…
Спорт
Арне Слот преговара со Ливерпул
Ливерпул напорно работи да го најде наследникот на Јирген Клоп, а последен кандидат е Арне Слот. Тренерот на Феенорд бележи одлични резултати со холандскиот тим кој го привлече вниманието на великанот од „Енфилд“.
Феенорд, сезонава е на второто место во првенството, додека лани беше шампион, минатиот викенд го освои трофејот во Купот на Холандија.
Според добро информираниот Фабрицио Романо, веќе е остварен контакт помеѓу Слот и Ливерпул, а преговорите се движат во позитивна насока.
Наскоро се очекуваат нови разговори
Исто така, нема откупна клаузула во договорот на Слот со Феенорд, па холандскиот тим ќе бара обештетување за да му дозволи на тренерот пред време да го заврши договорот.
Истото се случи минатата година, кога Слот преговараше со Тотенхем, но не беше постигнат договор меѓу двете страни.