Спорт
Вчера бил на тренинг, денеска е позитивен на корона!

Фудбалерот на лондонски Челси, хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ е заразен со ковид 19, потвди денеска неговиот тренер Томас Тухел.
„Беше на тренинг во понеделникот, денес дозна дека е позитивен, па сега е во изолација. Бев свесен дека тоа може да се случи затоа што има многу такви случаи во екипите и не сум среќен поради тоа. Не само како тренер, туку и како човек. Но тоа е реалноста, мораме да се прилагодиме и да ги зачуваме луѓето здрави“ изјави Тухел.
Утре „сините“ ја играат последната средба од групната фаза во ЛШ против Зенит, но од порано го обезбедија пласманот во осминафиналето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Зинченко благодарен на Уфа, но не сака ниту да го спомене името Русија

Ѕвездата на Арсенал и на украинската репрезентација, Олександер Зинченко вели дека воопшто не може да го изговори името на Русија по 13-месечната војна во Украина, и покрај тоа што дел од својата кариера играше токму во Руската Премиерлига.
„Не сакам ниту да им го изговорам името. Само ќе кажам ‘терористичка земја’. Не сакам да зборувам за нив. Воопшто“, вели Зинченко во интервју за „Дејли мејл“.
26-годишниот Зинченко во 2014 година заедно со својата мајка се пресели токму во Русија по војната во Донбас, раскинувајќи го договорот со Шахтјор Доњецк, каде што беше од својата 11-та година. Следните пет-шест месеци тој играше фудбал за повеќе аматерски клубови во Москва, пред во февруари 2015 година да потпише со прволигашот Уфа. Само година и пол подоцна, во јули 2016 година, Манчестер сити го купија од Уфа, за минатата сезона да направи трансфер во Арсенал.
„Благодарен сум за тоа што го направија Уфа за мене. Но, по терористичката инвазија, не сакаам да имам никакви сеќавања од тоа време. Не сакам да слушнам ништо за таа земја. Зошто? Бидејќи секој ден Украинците умираат поради нив, поради нивните бомби. Нема човек во Украина кој не загубил нешто. Војната влијаеше на сите нас и нашите умови се целосно сменети од тој момент. За жал, дел од нас почнаа да се навикнуваат. Уште не ја губиме надежта дека во иднината ќе биде подобро“, додава Зинченко.
Спорт
Како пилешкото кари ја десеткува холандската репрезентација

Холандија ќе биде без пет од своите стандардни првотимци на стартот на квалификациите за ЕУРО 2024 против Франција, и според холандските медиуми главен виновник е пилешко кари.
Во првиот меч на Роналд Куман како наследник на Луис ван Гал на клупата на „оранје“, тој не може да смета на Коди Гакпо, Матијс дде Лихт, Свен Ботман, Џои Ферман и Барат Фербруген. Споре „Де телеграф“, во репрезнтацијата се сомневаат на пилешкото кари кое било подготвено на тимот пред вчерашниот тренинг.
Ова не е првпат „сомнителна“ храна да „десеткува“ еден тим – во мај 2006 година, откако за ручек добија лазања, фудбалерите на Тотенхем пред последното коло од шампионатот беа без повеќе свои првотимци. Тие загубија од Вест хем, дозволувајќи лутиот ривал Арсенал да обезбеди топ 4 пласман.
Спорт
Англиските играчи шокирани од изведбата на нивната химна

Англиската химна „God Save the King“ во изведба на италијанската пејачка Елинора пред натпреварот Италија – Англија (1:2) на стадионот „Диего Марадона“, во Неапол стана вирална, но од сосема погрешни причини.
Нејзината очајна, нечујна и непрепознатлива верзија на една од најпознатите национални химни во светот ја засени репризата на финалето на ЕП 2021 на стартот на европските квалификации следната година.
Елинора им го украде шоуто на бројните фудбалски ѕвезди на теренот и стана хит на социјалните мрежи.
Поточно, таа стана мета на жестоки критики и потсмев, меѓу кои се издвојува оценката дека тоа е најлошата изведба на англиската химна во историјата.
Освен вистинската верзија на националната химна, вирални станаа и сцените со изразите на лицата на англиските фудбалери додека слушаат што прави Елинора од нвната химна. Како што можете да видите репрезентативите на Англија останаа занемени и со неверување ја слушаа химната.
What a disgrace of the national anthem #England #Italy #Euros #EURO2024 #EURO2024Qualifiers #Naples pic.twitter.com/K0cUvPqrh0
— Gary Hershcovitch (@GaryHersh) March 23, 2023
Wow. Got to be the worst national anthem performance I’ve ever watched 😭 #ITAENG pic.twitter.com/LYiev3KcGl
— Kyle Gacheru (@KyleGacheru) March 23, 2023