Спорт
Вдовицата на Коби Брајант бара астрономска отштета од округот Лос Анџелес
Ванеса Брајант, вдовицата на легендарниот Коби Брајант, го тужи округот Лос Анџелес за отштета од 75.000.000 долари за нарушување на приватноста и невнимание поради објавување фотографии од хеликоптерската несреќа во која загинаа нејзиниот сопруг, ќерката Џиана и уште седум други лица.
Дури на десеттиот ден од судењето нејзиниот адвокат Џером Џексон пред судот го претстави точното барање за отштета што ја бараат Ванеса Брајант и Крис Честер (партнер во парницата на семејството Брајант).
„Кога ќе дојдам до оваа точка во завршните зборови, обично сум загрижен дека барам премногу. Но, денес ја немам таа вознемиреност, бидејќи ќе ви кажам, дами и господа, не можете да дадете многу пари за тоа низ што поминале. можете да барате пари, ставете ги премногу високо. Тоа што се случи е нехумано“, рече Џером Џексон во својата молба, пренесува „Ју-ес тудеј“.
Во својата изјава пред судот, Ванеса Брајант ги обвини властите за незаконско делење на фотографии од телата на нејзиниот сопруг и ќерката.
„Се чувствувам скршена, повредена и изневерена од вработените во округот кои ги објавија фотографиите“, рече таа пред судот во Лос Анџелес, додавајќи дека сè уште не ги видела фотографиите затоа што сака „да се сеќава на членовите на семејството на какви што биле. ”
Луис Ли, адвокатот на Ванеса Брајант, пред судот тврди дека институционалната „култура на бесчувствителност“ навела осум агенти од округот Лос Анџелес да направат и споделат фотографии од телата на Коби Брајант и другите жртви на хеликоптерската несреќа со своите мобилни телефони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.