Контакт

Спорт

Венгер: Баерн е најдобар бидејќи конкурентите се слаби

Објавено пред

Поранешниот тренер на Арсенал Арсен Венгер за „Шпигл“ говорел за успесите на Баерн Минхен. Баварците немаа конкуренција во Лигата на шампионите, а сезоната ја завршија со тројната круна.

Арсен Венгер рекол дека фудбалерите на Баерн заслужено ја освоиле европската круна, но изненадил со изјавата дека овој тим е далеку зад тимот кој во 2013 година исто така ја освои Лигата на шампионите.

„Не сакам ова да звучи потценувачки бидејќи Баерн е најдобриот тим во Европа, во моментов немаат конкуренција. Барселона е слаба, Реал е слаб, сите останати се слаби. овој Баерн не е најдобриот во историјата на клубот, не е ниту блуски до тимот ос 2013 година“, рекол Венгер.

Легендарниот тренер добро се сеќава на таа генерација на Баерн бидејќи во нокаут-фазата Баерн во двата натпревари со вкупни 10:2 го елиминираше Арсенал.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Лига Европа: Арсенал и Рома со пресврт-победи, Наполи дома загуби од десеткуваниот Алкмар

Објавено пред

Арсенал и Рома со пресврт во второто полувреме успеаја да стигнат до победи во првото коло од Лига Европа, а Наполи немаше толку среќа и дома загуби од холандскиот АЗ Алкмар, тим што имаше 9 фудбалери во аут со коронавирусот.

Рапид во Виена имаше 1:0 водство против Арсенал до 70. минута кога во четири минути „топчиите“ обезбедија победа преку Давид Луиз и капитенот Пјер-Емерик Обамејанг.

Слично беше и во Швајцарија, каде што Јанг Бојс имаше 1:0 водство против Рома со гол од пенал од 14. минута. Бруно Переш израмни во 69. минута пред албанскиот репрезентативец Мареш Кумбула да обезбеди победа во 74. минута.

Наполи на „Сан Паоло“ успеа да загуби од холандскиот АЗ Алкмар со 0:1 со голот на Дани де Вит во 57. минута. Најефикасно беше во Леверкузен, каде што Баер со 6:2 ја растури Ница на Патрик Виеира.

ЛИГА ЕВРОПА, 1. КОЛО

ГРУПА А

ЦСКА Софија – ЦФР Клуж 0:2

Јанг Бојс – Рома 1:2

ГРУПА Б

Дандалк – Молде 1:2

Рапид Виена – Арсенал 1:2

ГРУПА Ц

Баер Леверкузен – Ница 6:2

Хапоел Бер Шева – Славија Прага 3:1

ГРУПА Д

Лех Познањ – Бенфика 2:4

Стандард Лиеж – Ренџерс 0:2

ГРУПА Е

ПАОК – Омонија 1:1

ПСВ Ајндховен – Гранада 1:2

ГРУПА Ф

Наполи – АЗ Алкмар 0:1

Риека – Реал Сосиедад 0:1

РАПИД ВИЕНА – АРСЕНАЛ

ЈАНГ БОЈС – РОМА

Прикажи повеќе...

Спорт

Баерн е среќен со УЕФА и ЛШ, не размислува за европска премиер лига

Објавено пред

УЕФА преговара со клубовите за потенцијална реформа на Лигата на шампионите, потврди генералниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, додавајќи дека европските шампиони се задоволни од ЛШ и немаат планови да се приклучат на иницијативата за европска премиер лига, предводена од Ливерпул и Манчестер јунајтед.Иднината на европскиот клупски фудбал повторно е во центарот на вниманието по плановите на англиските клубови со американски газди за формирање елитна лига со финансиска поддршка од 6 милијарди долари.Румениге вели дека тие не знаат ништо за плановите и посочи дека истото тоа е и со Александер Чеферин, претседателот на УЕФА.

„Не знам ништо за тоа. Денеска, за тоа зборував со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, и двајцата не ги знаеме деталите и не можеме да ви дадеме мислење дали се работи за сериозен проект или за лажни вести. Ние сме многу задоволни со Лигата на шампионите, а бидејќи се разговара за реформи на ЛШ, работиме на план за клубовите, фановите и ТВ-мрежите. Тоа е позитивно“, вели Румениге.

Прикажи повеќе...

Спорт

Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира

Објавено пред

Американската УФЦ-ѕвезда, Џастин Гетџи, вели дека мајка му ќе може да престане да оди на работа по неговиот саботен мегамеч против Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 254 бидејќи тој ќе заработи доволно за да си ја осигури иднината.

Се очекува Гетџи да заработи над 3 милиони долари, без разлика дали ќе успее да го победи шампионот во лесна категорија, Нурмагомедов на Островот на борбите во Абу Даби. Неговата мајка Каролина, која по потекло е Мексиканка, работи во пошта.

„Моите родители никогаш не летале надвор од САД, а сега пристигнаа со бизнис-класа. Мојот татко Џон се пензионира пред неколку години откако 37 години работеше во рудник за бакар. А мојата мајка ќе оди во пензија по овој меч. Кога ќе почне мечот, тоа ѕвонче на почетокот ќе осигури таа да може да се пензионира по 35 години работа. Сите пари што ги заработуваа одеа кај мене и кај моите браќа и мојата сестра за да добиеме шанса“, вели Гетџи.

Американецот има скромно потекло од Сафорд, Аризона, каде што израсна со својата сестра и братот близнак и признава дека не било лесно.

„Живеевме на два часа од кој било град. Кога одевме да купуваме алишта за училиште, беше како празник за нас бидејќи возевме два-три часа. Знам колку финансиски им тежеше тоа и нема подобро чувство од тоа да си способен да го вратиш тоа“, вели Гетџи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Георгиевски во Софија на средба со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Информацијата...

Регион2 часа

Дачиќ е избран за претседател на српското собрание

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на...

Македонија3 часа

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Свет3 часа

Шведска ги повика повозрасните граѓани да излезат од изолација

На повозрасните Швеѓани, на возраст над 70 години, и на другите ризични групи сега им се препорачува да ги следат...

Свет4 часа

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Желелезничката станица „Пар-Диу“ во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата додавајќи...

Македонија6 часа

Македонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказна

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија...

Македонија7 часа

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој...

Европа8 часа

И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи

Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од...

Македонија11 час

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион11 час

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет11 час

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија12 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет12 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија13 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет1 ден

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија1 ден

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ1 ден

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија1 ден

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија1 ден

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Досие