Спорт
Вернер ќе си замине од Челси

Тимо Вернер, во летниот преоден рок, сака да го напушти Челси, тврди германски „Спорт 1“. Напаѓачот во 2020 година од Лајпциг се пресели во Челси, но не покажа дека е вистинско засилување за клубот од „Стенфорд Бриџ“.
Вернер бара клуб каде ќе може да се врати во формата од Лајпциг, бидејќи во ноември во Катар ќе се игра мундијалот. Напаѓачот сака да биде меѓу патниците за Катар.
Интерес за Вернер, наводно покажале од Дортмунд. Борусија ќе остане без Ерлинг Халанд во преодниот рок. Проблем за Борусија може да биде платата на Вернер, тој во Члси годишно заработува 16.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти: Заврши кариерата на Иско во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека Иско ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона. Иско вчера се прости од „Сантијаго Бернабеу“, во последното коло од Примера против Бетис (0:0), шанса доби во последните 20 минути.
„Кариерата на Иско овде штотуку заврши. Тој беше важен дел од овој тим во последните неколку години, одигра одлични натпревари, но можеше да направи поголема кариера во Реал. Му посакувам се најдобро”, изјави Анчелоти
Иско, оваа сезона во Примера одигра само 304 минути.
Иско во Реал пристигна пред девет години од Малага за 30.000.000 евра. За мадридскиот клуб одигра 352 натпревари и постигна 53 гола со 56 асистенции. Во Реал стана и шпански репрезентативец (38 настапи, 12 голови).
30-годишниот играч за врска би можел да ја продолжи кариерата во Бетис.
Спорт
НБА ги прогласи најдобрите дефанзивни петорки

НБА лигата објави кои десет играчи се најдоа во најдобрите две одбранбени петорки оваа сезона. Листата ја предводи бекот на Бостон Селтикс Маркус Смарт, а Дрејмонд Грин, од Голден стејт Вориорс, го најде своето место во една од овие петорки, по седми пат во својата десетгодишна кариера.
Смарт доби 99 гласа за место во првата петорка и вкупно 198 поени, пет повеќе од Микел Бриџис од Финикс Санс. Во првите пет им се придружија францускиот центар на Јута Џез, Руди Гобер, суперѕвездата на Милвоки Бакс, Џанис Адетокумбо и Јарен Џексон Јуниор. од Мемфис Гризлис.
Во втората одбранбена петорка е уште еден играч на Бостон, центарот Роберт Вилијамс, како и Бам Адебајо од Мајами Хит, Џру Холидеј од Милвоки Бакс , Матис Тибул од Филаделфија Сеентисиксерс и споменатиот Дрејмонд Грин.
Kia NBA Defensive Player of the Year Marcus Smart of Boston and runner-up Mikal Bridges of Phoenix received the most voting points in balloting for the 2021-22 Kia NBA All-Defensive Team.
More ➡️ https://t.co/VpKETU9caP
Voting results ⬇️ pic.twitter.com/dUxDi2L2oc
— NBA Communications (@NBAPR) May 21, 2022
Спорт
Ѓоковиќ го губи првото место поради одлуката на АТП
АТП и ВТА одлучија да не ги бројат освоените бодови на Вимблдон оваа сезона, како одговор на одлуката на најпрестижниот тениски турнир во светот, да го забрани доаѓањето на руски и белоруски тенисери оваа година.
Уште во април, Вимблдон објави дека нема да дозволи настап на руски и белоруски тенисери, поради руската инвазија на Украина со помош на Белорусија.
„Сметаме дека секој тенисер мора да има право да учествува на турнирот без било каква дискриминација. Одлуката на турнирот за забрана на руските и белоруските тенисери го нарушува интегритетот на системот за бодување на АТП. Жал ни е, но единствениот чекор што можевме да го направиме беше да се укинат бодовите на овогодинешниот Вимблдон“, стои во официјалното соопштение на АТП.
Најпогоден од ваквата одлука на АТП ќе биде Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер и бранител на титулата на Вимблдон. Ѓоковиќ на тој начин ќе остане без можност за одбрана на 2.000 поени.
Неговите најголеми ривали за тенискиот трон, Русинот Даниил Медведев и Германецот Александар Зверев, минатата година во Лондон освоија по 180 поени, па сигурно е дека Ѓоковиќ по завршувањето на Вилмблдон нема да биде на првото место.
Доколку веднаш се одземат бодовите од Вимблдон, Медведев, кој годинава нема право на настап во Лондон, би имал 7800 бодови, Зверев 6895, а Ѓоковиќ би бил трет со 6660 бодови. Петтопласираниот Рафаел Надал не играше ниту на Вимблдон минатата година, така што нема да загуби ништо.