Спорт
Вештерството не е ништо ново во францускиот и африканскиот фудбал
Пол Погба и неговиот постар брат, Матијас Погба, последниве месеци се на насловните страници на спортските медиуми откако Матијас наводно го уценувал Пол со откритие дека ангажирал вештер по име Ибрахим т.н. Гранде да му фрли клетва на Килијан Мбапе пред мечот помеѓу Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен во 2019 година.
Иако ова беше чудно за многу фудбалски фанови во светот, не е ништо ново во светот на францускиот и африканскиот фудбал, а најпознати се случаите на Пари Сен-Жермен во 1997 година и на Сенегал на мундијалот во 2002 година.
Во 2002 година „Лавовите од Теранга“ го најмија Нгој Лингуел Мбаје како официјален вештер за турнирот. Нивниот селектор, Французинот Бруно Мецу, изјави дека „можеби два-тројца го сфаќаат тоа сериозно“, но Сенегал тогаш стигна до четврт-финалето како втора африканска репрезентација во историјата (по Камерун во 1994) победувајќи ja Франција со 1:0.
Емануел Пети, член на француската репрезентација, верува дека имало нешто.
„Една година пред Светското првенство во 2002 бев на плажа во Франција и се сретнав со еден сенегалски продавач. Тој дојде и ми кажа: ‘Види, на Светското првенство за една година Франција ќе игра со Сенегал и ќе загуби со 1:0 бидејќи нашите вештери се силни. Ќе видиш’. Не бев уверен во тоа додека не се случи навистина една година подоцна“, открива Пети.
ПСЖ, пак, има уште поинтересна приказна во 1997 година. По службениот пораз во квалификциите за ЛШ од 3:0 од Стеауа Букурешт, тогашниот претседател на ПСЖ, Мишел Денисо, се обрати до Сиди, уште еден славен вештер од Париз. По неколку консултации (што го чинеа по 200 евра), Сиди му кажа дека „ПСЖ ќе победи со 5:0, а четвртиот гол ќе биде постигнат од бројот 18 во 41. минута“. ПСЖ победи со 5:0, а Флоријан Морис, кој ја носеше 18-ката, го постигна четвртиот гол во 40. минута.
По ова, Денисо постојано работеше со Сиди и во ПСЖ и потоа во третолигашот ЛБ Шатеру, со кој стигнаа до финалето на Купот на Франција во 2003/2004 пред да загубат со 1:0 од ПСЖ.
„Продолжив да го користам талентот на мојот марабу, вклучувајќи го и во Шатеру, годината кога стигнавме до финлето. Додека не згреши во последната процена, работев врз основа на логиката“, напиша Денисо во својата автобиографија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
И Манчестер јунајтед го сака Дани Олмо
Манчестер jунајтед влезе во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.
Неодамна на пријателскиот натпревар со Брзил во Мадрид постигна гол во меч кој заврши без победник (3:3).
Олмо, во јуни минатата година го продолжи договорот со Лајпциг до летото 2027 година, но тоа не значи дека ќе остане таму до крајот на договорот.
Во јуни ќе може да се активира откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.
За него претходно беа заинтересирани Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Реал Мадрид, а од неодамна во трката влезе и Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ парите за трансферот ќе соберат од продажба на играчи кои веќе немаат место во тимот. Прашање е дали Олмо ќе ги избере „црвените ѓаволи“, бидејќи се уште не се сигурни дали ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона.
Спорт
Ливерпул замената за Клоп ја најде во Лисабон
Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерпул и ќе замине на долг одмор, фудбалска јавност шпекулира кој ќе биде новиот тренер на „црвените“.
Како очигледен избор се истакна поранешниот играч на Ливерпул, Чаби Алонсо (42). Неговиот Баер Леверкузен игра неверојатно добар фудбал оваа сезона. Статистиката на германскиот тим е 38 натпревари без пораз во сите натпреварувања, со 109 постигнати голови.
Извесно е дека Чаби Алонсо ќе им ја донесе на „фармацевтите“ првата шампионска титула во клупската историја, со која ќе ја прекинат единаесетгодишната доминација на Баерн.
Сепак, од релевантни извори во Германија доаѓаат информации дека Алонсо ова лето нема да го напушти Леверкузен, а доколку реши да замине од Баер, ќе остане во Германија и ќе се се пресели во Минхен.
„Скај Спортс“, пишува дека Ливерпул покажал сериозен интерес за Португалецот Рубен Аморим (39), тренер кој четири години е на клупата на Спортинг, а претходно беше тренер на Брага. Тој користи систем со три стопери исто како и Алонсо, а неговиот напаѓачки стил на игра му донесе титула на Спортинг во првата сезона на Аморим.
Спорт
УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.
Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.
На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.