Спорт
Вестон Меккени е првиот Американец во Јувентус
Вестон Меккени официјално го комплетираше трансферот во Јувентус, на позајмица од Шалке за 4.5 милиони евра со опција за откуп за 18 милиони евра, со што стана првиот Американец кој го облекол дресот на „бјанконерите“.
Според „Скај спорт Италија“, опцијата за купување ќе стане обврзувачка доколку Меккени одигра 60 отсто од мечевите во 2020/21, а со бонусите трансферот вкупно може да ги чини Јуве 30 милиони евра. Фудбалерот од средниот ред го имаше својот медицински тест за Јуве во петокот, на неговиот 22. роденден.
Меккени е роден во Тексас, но детството го помина во воена база во Германија, пред во 2016 година од Далас да се пресели во Германија и во 2016 да потпише договор со Шалке. Тој има 75 настапи во Бундеслигата со 4 гола и 4 асистенции.
? An American dream come true for @WMckennie ?
WATCH the full interview on @JuventusTV ➡️ https://t.co/EvCcUc0ubp#WelcomeWeston #ForzaJuve pic.twitter.com/nJ7cEE6W2g
— JuventusFC (@juventusfcen) August 29, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.