Спорт
Ветеранката Кирстеа ја победи Сабаленка на Мастерсот во Рим
Романската тенисерка Сорана Кирстеа, која го прослави својот 36-ти роденден во април, се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Рим. Кирстеа забележа една од најголемите победи во кариерата, во Рим славеше против најдобрата во светот, Арина Сабаленка.
Романката славеше по голема драма во три сета, со 2:1 (2:6, 6:3, 7:5).
Во дуелот помеѓу првата и 27-та во светот, сè започна како што се очекуваше, со рутинска игра и Сабаленка која го доби првиот сет со два брејка.
Сепак, дури ни тогаш не беше целосно задоволна од својата игра, а потоа, видливо нервозна, почна драстично да паѓа.
Искусната Кирстеа почувствува дека противничката е во криза и тргна во напад, па дури и три пати ѝ го одзеде сервисот на Сабаленка и успеа да го израмни резултатот со 6:3.
Сабаленка тонеше кон поразот и тоа беше веќе навестено во првиот гем од третиот сет кога Романката направи нов брејк и сè зеде во свои раце. Но, женскиот тенис е секогаш непредвидлив, па веќе во следниот гем Белорусинката го врати сервисот, а потоа направи пресврт.
Сепак, 36-годишната Кирстеа прави нов пресврт и со дополнителен брејк стигнува до 5:3, и сервис за победа, но дури и тогаш не успеа. Се очекуваше дека Сабаленка ќе изврши притисок и ќе го комплетира пресвртот, но не беше така.
Кирстеа возврати со ри-брејк“, повторно сервираше за победа и по два часа и 15 минути славеше голем триунф.
Во следната рунда чека ја Линда Носкова од Чешка, која претходно во текот на денот ја победи Украинката Олињукова со 2:0.
Foto/ Depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дивок Ориги замина во пензија
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дивок Ориги, официјално стави крај на својата кариера.
Ориги припаѓа на оние важни, но не премногу експонирани играчи, кои имаа големо влијание врз тој клуб.
Белгискиот фудбалер со Ливерпул ги освои речиси сите титули: во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот…
Одигра 175 натпревари за „Црвените“, постигнувајќи 41 гол.
Играше и за тимови како Лил, Волфсбург, Милан и Нотингем Форест, додека за белгиската репрезентација одигра 32 натпревари.
Кога новинарите на „Скај Спортс“ го прашаа пред на кој гол најмногу ќе се сеќава кога ќе ја заврши кариерата, Ориги рече:
„Оној против Евертон на моето деби во 96-та минута, како и двата во полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона.“
Foto/ Depositphotos
Спорт
Тимбер ќе го пропушти Мундијалот
Јуриен Тимбер ќе го пропушти Светското првенство. Дефанзивецот на холандската репрезентација и на Арсенал не успеа соодветно да се опорави од повредата на препоните, па тренерот Роналд Куман одлучи наместо него да го повика Лутшарел Гертруида, дефанзивецот на Сандерленд.
Повредата на Тимбер е тежок удар за Холандија, со оглед на тоа што тој е нивниот втор највреден играч. „Трансфермаркт“, ја проценува вредноста на Тимбер на 70 милиони евра, десет помалку од играчот од средниот ред на Ливерпул, Рајан Гравенберч.
Тимбер не играше повеќе од два месеци, па се врати во финалето на Лигата на шампионите.
Препоните ги повреди кон средината на март и пропушти повеќе од два месеци. Тој се врати на теренот во финалето на Лигата на шампионите, каде што играше од 66-та минута во поразот на Арсенал од Пари Сен Жермен по изведувањето на пенали.
До повредата минатата сезона, Тимбер беше стандарден играч во првиот тим на Арсенал на позицијата десен бек. Тој одигра вкупно 44 натпревари со учинок од четири гола и седум асистенции. Тој беше со Холандија на Светското првенство во 2022 година, но ова е негово второ големо натпреварување по ред кое го пропушта поради повреда. Тој не учествуваше на Европското првенство пред две години бидејќи се опоравуваше од скинати предни вкрстени лигаменти.
Foto/ Depositphotos
Спорт
САД му забранија влез во земјата на најдобриот африкански судија
На судијата Омар Абдулкадир Артан, избран од ФИФА да го суди Светското првенство, му беше одбиен влезот во Соединетите Држави по пристигнувањето. Иако ја доби потребната виза по долг процес, неговото пристигнување во САД, за разлика од другите африкански службеници, не помина без проблеми.
Артан, кој неодамна беше прогласен за најдобар африкански судија за 2025 година, беше запрен на аеродромот и вратен во Турција без јасно објаснување.
Веста брзо одекна на социјалните мрежи, каде што беше потврдено дека причините за одбивањето на влезот не беа наведени.
„На врвниот африкански судија Омар Абдулкадир Артан му беше одбиен влезот во Соединетите Држави по пристигнувањето за Светското првенство во 2026 година. Тој беше вратен во Турција, без очигледна причина“, објавува „The Daily Somalia“ на платформата „X“.
Сомалија е меѓу земјите кои се соочуваат со ограничувања за влез во САД, при што на повеќето сомалиски граѓани им е забрането да добиваат одредени категории визи, со ограничени исклучоци за дипломати и случаи кои се сметаат за важни за националниот интерес на Соединетите Американски Држави.
Ова е уште една луда ситуација пред почетокот на Светското првенство во фудбал.
Познато е дека на многу фудбалери и луѓе од светот на фудбалот кои доаѓаат од политички проблематични земји им е забранет влез во САД, иако треба да учествуваат на Светското првенство, кое започнува на 11 јуни.
