Спорт
(Видео) Арсенал лесно со ПСЖ, Борусија го понижи Селтик, Звезда го честеше Интер, Милан падна во Леверкузен
Лесни победи на фаворитите во вечерашните седум натпревари од второто коло во Лигата на шампионите. Во дерби натпреварите Арсенал го порази ПСЖ со 2:0, а Милан падна во Леверкузен 1:0. Вечерашните натпревари ја обележа победата на Борусија Дортмунд над Селтик (7:1) и хет-трикот на Карем Адејеми постигнат во првото полувреме.
Манчестер сити лесно се справи со Слован во Братислава, запиша победа од 4:0, со ист резултат Интер ја победи Црвена звезда. Спектакуларен гол постигна Чалханоглу од слободен удар, а во второто полувреме играчите на српскиот шампион ги честеа противниците со три гола.
Барселона славеше во дуелот со Јанг Бојс со 5:0.
Победник единствено немаше во Ајндховен каде ПСВ и Спортинг Лисабон одиграа 1:1.
Резултати:
Салцбург – Брест 0:4 (0:1)
Сима 24, 70; Камара 66, Переира 75
Штутгарт – Спарта Прага 1:1 (1:1)
Мило 7 — Каиринен 32
Арсенал – ПСЖ 2:0 (2:0)
Хаверц 20, Сака 35
Барселона – Јанг Бојс 5:0 (3:0)
Левандовски 8, 51; Рафиња 34, Мартинез 37, Камара 81г
Леверкузен – Милан 1:0 (0:0)
Бонифејсј 51
Дортмунд – Селтик 7:1 (5:1)
Џан 7п, Адејеми 11, 29, 42; Гираси 40p, 64; Нмека 79 — Маеда 9
Интер – Црвена Звезда 4:0 (1:0)
Чалханоглу 11, Арнаутовиќ 59, Мартинез 71, Тареми 81п
ПСВ – Спортинг 1:1 (1:0)
Шоутен 15 — Браганка 84
Слован – Манчестер сити 0:4 (0:2)
Гундоган 8, Фоден 15, Халанд 58, Мекати 74
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Во Загреб се револтирани од судењето: Ние сме мал клуб на кој може да му го направат ова
Фудбалерите на Динамо Загреб не се задовлни од арбитржата на судијата Харм Осмерс по нерешениот резултат со Монако (2:2) во второто коло од Лигата на шампионите.
„Модрите“, не успеаја да ја задржат предноста од два гола, примија голови во 74. (Салису) и 90.минута од пенал (Закарија).
Токму досудениот пенал во последната минута од натпреварот ги натера да го кренат гласот против главниот судија.
Играчите на Днамо потсетуваат дека претходно во слична ситуацјија капитенот Бруно Петковиќ беше соборен во шеснаесетникот на Монако, а германскиот арбитар покажа фаул во напад. Во 90.минута донел поинаква одлука, пвотрно на шетата на Динамо.
„Не го разбирам судискиот критериум, не би сакал да се расправам околу тоа, но некои одлуки беа во нивна полза. Го прашав судијата, ако над Бруно немаше пенал, како може да биде пенал на другата страна? Навистина не ги разбирам тие одлуки“, ече стрелецот на вториот гол за Динамо, Мартин Батурина, а неговиот соиграч Јосип Мишиќ дополни.
„Ние сме мал клуб на кој може да му го направат ова“. .
Динамо во следното коло гостува кај Салцбург.
Спорт
Сенегал го отпушти Сисе
Фудбалскиот сојуз на Сенегал објави дека од функцијата е разрешен селекторот на националниот тим Алиу Сисе.
Сојузот, објави дека одлуката била донесена поради лошите резултати и се поголемата непопуларност што меѓу навивачите ја имал Сисе.
Сисе повеќе од девет години на чело на националниот тим и го освои Купот на Африканските нации во 2022 година со Сенегал.
Фудбалскиот сојуз на Сенегал исто така соопшти дека добиле писмо од министерот за спорт Кади Диен Гаје во кое не се одобрува продолжувањето на договорот на Сисе, кој истече на 31 август.
Спорт
Крај на сезоната за најдобриот дефанзивец на Јувентус
Најдобриот дефанзивец на Јувентус, Глисон Бремер (27) ја заврши сезоната поради скинати вкрстени лигаменти. Бразилскиот стопер се повреди во вчерашната победа на Јувентус против Лајпциг од 3:2 во второто коло од Лигата на шампионите, во шестата минута.
Тој го напушти теренот со помош на физиотерапевт, а по денешните прегледи беше констатирано дека е повреден и неговиот менискус.
Бремер пристигна во Јувентус во летото 2022 година од Торино за 46,9 милиони евра и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи на Јувентус.
Оваа сезона забележа осум настапи, одигра вкупно 637 минути. Според „Трансфермаркт“, тој вреди 60 милиони евра.