Спорт
(Видео) Арсенал со два корнери го „скрши“ Манчестер јунајтед
Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер јунајтед (2:0) во дербито од 14. коло на Премиер лигата.
„Топџиите“ до триумфот стигнаа по два корнери. Најпрвин погоди Јуријен Тимбер во 54. минута, а потоа и Вилијам Салиба во 73. минута.
Екипата на Микел Артета го дели второто место со градскиот ривал Челси. Двата тима имаат по 28 бодови, седум помалку од лидерот Ливерпул.
Јунајтед падна на 11. позиција која ја држи со 19 бодови, а ова е прв пораз на Рубен Аморим на клупата на „црвените ѓаволи“.
Инаку, Арсенал и Јунајтед на 11.јануари ќе играат на исто место но во ФА Купот. Јунајтед во следното коло ќе го пречека Нотингем Форест, додека Арсенал ќе му гостува на Фулам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Прв милионски трансфер во женскиот фудбал
Наоми Гирма, фудбалерка од САД, се сели од Сан Диего Вејв во Челзи за рекордна сума за трансфер во женскиот фудбал. Челси плати обесштетување од 1,1 милиони долари.
Дваесет и четиригодишната Гирма важи за еден од најдобрите во светот, а сега ќе премине во редовите на повеќекратниот англиски шампион.
Сан Диего Вејв ја избра Гирма како прв пик на драфтот во 2022 година (имаат ист систем во фудбалот како и во другите спортови).
На крајот од сезоната беше избрана за дефанзивец на годината, како дебитант. На крајот на следната година доби тригодишен договор и беше меѓу првите фудбалерки на кои им беше понуден долгорочен договор.
Таа беше избрана и за фудбалерка на годината во САД.
Сега има можност да се докаже во најконкурентната женска лига во Европа.
Спорт
Зверев ја искара публиката во Мелбурн: Покажете повеќе почит кон Новак Ѓоковиќ
Германскиот тенисер Александар Зверев застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ откако навивачите во Род Лејвер Арената го испратија со свирежи. Ѓоковиќ поради повреда му го предаде мечот на Зверев по завршувањето на првиот сет.
Веднаш по мечот, светскиот тенисер број два побара од сите на трибините да покажат поголема почит кон најдобриот светски тенисер на сите времиња.
„Ве молам, никогаш немојте со свирежи да испраќате тенисер кој мораше да го напушти теренот поради повреда. Тоа едноставно се прави, особено не ако тој некој е Новак Ѓоковиќ. Тој е голем шампион, со големи болки освои титули на овој терен, играше повреден и тој заслужи поголема почит. Знам дека купивте билети, сакавте да гледате меч од пет сета, но тоа не е причина за такво однесување“, изјави германскиот тенисер и додаде:
„Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите момци во светот на тенисот. Секогаш кога имам проблем или треба да разговарам со некого, му се јавувам. Тој е прекрасен лик и му посакувам да закрепне што е можно поскоро Тој е толку добар тенисер што едвај успеав да освојам сет, во тај брејк, кога тој беше толку повреден. Забележливо беше во финишот на првиот сет дека тежко се движи, дека има болки и дека не може да продолжи“.
The ultimate respect, from one competitor to another.@alexzverev 🤝 @djokernole#AO2025 pic.twitter.com/smH1WI5Fge
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2025
Спорт
Вуд ќе остане во Нотингем до 2027
Нотингем Форест го продолжи договорот со Новозеланѓанецот Крис Вуд до 2027 година.
Вуд оваа сезона игра во животна форма. Откако му се приклучи на тимот во 2023 година, тој успеа да постигне 29 гола на 58 натпревари, а само оваа сезона беше прецизен 13 пати.
„Шумарите“ имаат одлична сезона во Премиер лигата, во моментов го делат второто место со Арсенал.
Покрај за Нотингем, Вуд настапуваше и за Њукасл, од каде пристигна во сегашниот тим, а пред тоа настапуваше за ВБА, Брајтон, Барнсли, Бирмингем, како и за многу други клубови.