Спорт
(Видео) Баерн го декласира Динамо – „Модрите“ го забележаа најтешкиот пораз во историјата
Баварците на своите навивачи им приредија вистински спектакл, а Динамо понижувачки пораз, најтежок во клупската историја, а Баерн стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите кој успеа да постигне девет гола на еден натпревар.
На „Алијанц арена“ навивачите видоа 11 гола, три гола беа поништени, три пенали за Баерн, блиц-криг на Динамо кога во 60 секунди дојде до 3:2 и четири гола на Хари Кејн.
Англичанецот со вечерашниот учинок ја исткна кандидатурата за прв стрелец во Лигата на шампионите. Кејн постигна три гола од пенал и еден од игра.
Покрај Кејн два гола, во своето деби во Лигата на шампионите постигна Мајкл Олисе, а по еден гол дадоа Грималдо, Лирој Сане и Леон Горецка.
Стрелци за Динамо беа Петковиќ во 49. и Огивара во 50.минута.
Во тимот на Динамо Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, а Аријан Адеми на теренот влезе во 78.минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Анчелоти го објави спискот, Нејмар ќе игра на СП
Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти го објави списокот од 26 играчи што ќе ги предводи на Светското првенство во 2026 година.
Најголемата вест е враќањето на Нејмар, за кого ова ќе биде четврти настап на СП, а воедно и прв повик под водство на италијанскиот стручњак.
Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Фенербахче) и Вевертон (Гремио)
Одбрана: Алекс Сандро (Фламенго), Бремер (Јувентус), Данило (Фламенго), Даглас Сантос (Зенит), Габриел Магаљаеш (Арсенал), Ибањез (Ал-Ахли), Лео Переира (Фламенго), Маркињос (ПСЖ) и Весли (Рома)
Играчи од средниот ред: Бруно Гимараеш (Њукасл), Касемиро (Манчестер Јунајтед), Данило Сантос (Ботафого), Фабињо (Ал-Итихад) и Лукас Пакета (Фламенго).
Напаѓачи: Ендрик (Лион), Габриел Мартинели (Арсенал), Игор Тиаго (Брентфорд), Луис Хенрике (Зенит), Матеус Куња (Манчестер Јунајтед), Нејмар (Сантос), Рафиња (Барселона), Рајан (Борнмаут) и Винисиус Жуниор (Реал Мадрид).
Бразил ќе игра во групата Ц на Светското првенство со Мароко (13 јуни), Хаити (19 јуни) и Шкотска (24 јуни).
Пред тоа, ќе имаат два теста против Панама (31 мај) и Египет (6 јуни).
Foot/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Арсенал е на чекор до титулата во Премиер лигата
Фудбалерите на Арсенал го победија Барнли со 1:0, во 37-то коло од Премиер лигата.
Домашниот тим се доближи до титулата на која чека од 2004 година. На овој натпревар еден гол им беше доволен за победа.
Арсенал го контролираше натпреварот, Барнли немаше ниту еден удар кон голот на Давид Раја ниту во првото ниту во второто полувреме.
Тимот од Лондон поведе во 37-та минута, по корнерот на Букајо Сака, Каи Хаверц го следеше додавањето и постигна гол за 1:0.
Пред водечкиот гол, Арсенал два пати бараше пенал, но ВАР собата ги потврди одлуките на судијата на теренот.
Во вториот дел Езе имаше две шанси да ја потврди победата, но во Англија ќе се дебатира за одлуката во 68-та минута, кога Хаверц се извлече само со жолт картон.
Арсенал е сè уште прв на табелата во Премиер лигата со 82 бода, пет повеќе од Манчестер Сити, кој има натпревар помалку.
Доколку Сити ги добие двата преостанати натпревари, на Арсенал ќе му биде потребна победа во последното коло за да ја освои титулата, бидејќи Сити ќе има подобра гол-разлика во тој случај.
Foto/ EPA
Спорт
Дејли Мејл: Гвардиола во недела си оди од Манчестер Сити
Пеп Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити, ќе го напушти клубот, во недела, по последниот натпревар во Премиер лигата, тврди „Дејли Мејл“.
До крајот на сезоната остануваат уште два натпревари за Манчестер Сити, останува и надеж дека можеби оваа година „сините“ ќе го кренат трофејот наменет за шампионот на Англија.
А потоа, пишува „Дејли Меил“, Пеп ќе го означи крајот на престојот на „Етихад“.
„Гвардиола ќе ја спушти завесата на десетте магични години на „Етихад“ во кои го направи Сити еден од најблиските клубови во светот и освои 20 трофеи“.
Овој извор, соопшти дека клубот ги информирал спонзорите и партнерите дека наскоро ќе мора да ја потврдат веста. Сепак, тоа не се очекува да се случи пред да заврши сезоната во недела.
Очигледно, сè што Гвардиола направил во своите десет години на „Етихад“ ќе биде прославено во понеделник – со парада во Манчестер за време на која тимот ќе се вози во автобус со отворен кров.
До крајот на сезоната, Сити има уште два натпревари – во вторник (20:30 часот) гостува кај Борнмут, а во недела, во последното коло, ја пречекува Астон Вила.
Сите натпревари од последното коло од Премиер лигата традиционално ќе започнат во 17 часот.
Foto/ Depositphotos
