Спорт
(Видео) Барселона против Реал ја потврди 29-та титула во клупската историја
Фудбалерите на Барселона го победија Реал со 2:0, во 35-то коло, во Ла Лига. Со триумфот во Ел Класико, Барселона на три кола до крајот, математички ја обезбеди 29-та титула во клупската историја.
Барселона, работата против најголемиот ривал ја заврши во првите 20 минути. Потоа го диктираше темпото и пред се го чуваше поседот, што против ваков Реал и не им преставуваше предност. .
Првиот гол го постигна Рашфорд во деветтата минута. Англичанецот погоди од слободен удар. Со десна го гаѓаше аголот во кој стоеше Куртоа. Голот оди на душа на голманот на Реал.
Вториот беше делонан Феран Торес, по брилијантната асистенција од Дани Олмо во 18-та минута.
Реал во ппрвиот дел создаде една конкретна шанса, преку Гарсија, кој од добра позиција очајно шутираше.
Вториот дел не донесе буквално ништо, една шанса за Феран Торес и врвна интервенција на Куртоа.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Холандија и Јапонија ремизираа во дербито на една од најсилните групи на СП
Фудбалерите на Холандија и Јапонија одиграа нерешено, 2:2, во натпреварот од првото коло од Групата Ф на Светското првенство.
На стадионот во Далас, Холандија и Јапонија одиграа две различни полувремиња, првото беше здодевно, а второто донесе вистинска експлозија, зачинето со непрекидното навивање на јапонските навивачи.
Почетокот на натпреварот не наговестуваше дека првото полувреме ќе биде толку здодевно. Мален имаше добра шанса, но Сузуки лесно ја отстранува опасноста.
И после тоа… Речиси ништо. Минаа 30 минути пред да се случи нешто. Јапонците ја создадоа својата шанса, но реализацијата беше многу лоша.
Во 33-та минута, Холанѓаните ја имаа можеби најдобрата шанса, кога Мален ја украде топката и се упати кон јапонскиот гол, но извлече само орнер, а потоа неговиот удар го одбрани Сузуки.
Во последните две минути, Јапонија имаше две полушанси, Камада шутираше покрај голот, а потоа Уеда ја погоди надворешната страна од мрежата.
Второто полувреме беше неспоредливо подобро, поинтересно, со многу повеќе темпо. Во 51-та минута, Холандија успеа да поведе кога Вирџил ван Дајк погоди по нафрливањето на Дамфрис.
Следеше уште една опасна можност за момците во портокалови дресови, а кога не беше искористена, Јапонија одговори – Накамура постигна гол во 57-та минута и го израмни резултатот на 1:1.
Холанѓаните не застанаа тука – Самверил одлично се снајде и во 64-та минута го постигна вториот гол за Холандија на овој натпревар.
Холанѓаните потоа имаа голема шанса преку Гакпо и упте неколку опасни напади, но резултатот не се смени.
Јапонците во последните 15 минути целосно ја презедоа иницијативата, имаа неколку шанси и полушанси, но израмнувачкиот гол дојде во претпоследната минута.
По корнерот Огава највисоко скокна, шутираше, топката удри во главата на Камада и заврши во мрежата на Вербруген.
Вториот меч во оваа група од 4 часот ќе го одиграат Шведска и Тунис.
Foto/ EPA
Спорт
Реал се договорил со Кукуреља
Марк Кукуреља (27) ќе стане нов играч на Реал Мадрид, објавја вечерва неколку релевантни медиуми. Шпанскиот репрезентативец ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Мадрид по завршувањето на Светското првенство. Реал за него чќе плати 55 милиони евра,а доколку ги исполни бонусите, Челзи ќе може да инкасира и дополнителни пет милиони евра.
Договорот е постигнат ненадејно и без најава, бидејќи најблиску до потписот на левиот бек беа Атлетико Мадрид и Барселона. Наводно веќе постои усмен договор меѓу сите вклучени страни.
Според достапните информации, Кукуреља бил експлицитна желба на Мурињо за позицијата лев бек. Доаѓањето на Кукуреља би претставувало значително засилување за Реал Мадрид. Тој е клучен играч и во Челзи и во шпанската репрезентација. Со неговиот ангажман, Реал би добил докажано и квалитетно решение на левата страна од одбраната.
Кукуреља пристигна во Челзи во 2022 година од Брајтон во трансфер вреден 65 милиони евра. Оттогаш, тој има 163 настапи за лондонскиот клуб со девет гола и 13 асистенции.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Барселона преку Фуксе Берлин до титулата во ЛШ
По феноменален финален натпревар, ракометарите на Барселона успеаја да го победат Фуксе Берлин – 37:34 (20:16) и 13-ти пат во клупската историја стнаа европски шампиони. Од друга страна, Берлин втора година по ред дожива пораз во финалниот меч. Најдобриот ракометар во светот, Матијас Гидсел, се уште нема титула во најсилното клупско натпреварување.
Барселона во целост го контролираше натпревар, стекна предност од два гола во раната фаза, а на полувреме разликата беше четири гола во корист на Каталонците. Клуч за предноста на Барселона беше извонредната одбрана врз Гидсел, кој во првиот дел постигна само еден гол.
Клучната предност, Барселона ја направи на стартот од второто полувреме, кога во 34-та минута стекна предност од шест гола. Берлин се обиде, се доближи на негатива од два гола, но не успеа да направи пресврт, благодрение на грешките и брилијантниот голман Нилсен.
Дуелот на голманите беше исто така интересен, Нилсен имаше 17, а Милосављев 13 одбрани, но Данецот на голот на Барселона бранеше во клучните моменти, кога Берлин опасно се закани.
Стрелците кај Барселона ги предводеше Луис Фраде со седум, Алеиш Гомез со шест, Блаж Јанц и Домен Макуц со по пет, Дика Мем со четири гола. Кај Берлин, Матијас Гидсел постигна осум гола, Ласе Андерсон и Тим Фрајхофер по седум, Нилс Лихтелајн шест гола.
Foto/ EPA
