Спорт
(Видео) Бразил и Мароко одиграа без победник
Фудбалерите на Бразил и Мароко одиграа 1:1, на „Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. На 21-во Светско првенство по ред, Бразил остана непоразен во првиот натпревар од (17 победи и, вклучувајќи го и овој четири нерешени резултати).
Навивачите на стадионот и милионскиот аудиториум, видоа одлично прво полувреме, во кое Мароко доминираше и помалку здодевно второ полувреме. Јасно е дека Карло Анчелоти, селекторот на Бразил, ќе мора да одговора на тешки прашања пред домашните новинари.
Стартот на натпреварот му припадна на Мароко. Мароканците беа подобар ривал во секој можен поглед. Бразил направи серија грешки, загуби многу топки, а Мароканците се обидоа од сите страни.
Стоеја високо, константно ја притискаа последната линија на ривалот. Таквиот пристап им донесе резултата во 21-та минута.
Додавање од Брахим Дијаз, чија топка ја распара одбраната на Бразил, Габриел доцнеше, поради што Саибари излезе сам пред Алисон и потоа ја префрли топката преку бразилскиот голман.
Шансите на Монако продолжија и по голот, но на крајот Бразил, од ништо, благодарение на индивидуалниот квалитет, дојде до израмнување.
Сè направи Винисиус во 32-та минута, Бруно Гимараес успеа да му ја врати топката по двојно додавање во шеснаесетникот, а Винисиус од првиот удар кон голот на Бразил му донесе израмнување на својот тим.
Бразил се разбуди по овој гол, па тимот на Карло Анчелоти успеа да се закани неколку пати до крајот на првото полувреме, но и да го отвори второто многу подобро.
Бразил ги смири своите ривали, ја презеде контролата врз топката, но трите удари што ги упатија кон голот на Мароко, беа лесен плен за Боно. Н
Мароко се разбуди од 75-та минута и успеа да направи неколку солидни напади, но тоа не беше доволно за да го загрози Алисон и да постигне уште еден гол. Немаше конкретни напади од страна на Бразил, темпото исто така се намали во споредба со првото полувреме.
Многу помалку трчање и пресинг, многу повеќе позициска игра на двете страни, како да беа задоволни со нерешениот резултат. д
Последната шанса ја имаа Мароканците, во 99-та минута. Алисон го запре ударот на Ел Алајуни, потоа се фрли како мачка пред нозете на Амајуни и спаси бод за Бразил.
Вториот натпревар во оваа група ќе го играат Хаити и Шкотска. Во второто коло, Бразил ќе игра против Хаити (20 јуни), а Мароко ќе игра против Шкотска (20 јуни).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хрватска е 20-та, а БиХ 29-та на Светското првенство
Светското првенство во САД, Канада и Мексико влегува во завршна фаза, во вторинк и среда на програмата се полуфиналните натпревари Франција – Шпанија и Аргентина и Англија.
Кога станува збор за другите учесници на Светското првенство, тие се рангирани од петтото до 48-мо место. Од екипите од регионот, Босна и Херцеговина е сместена на 29-та позиција врз основа на вкупниот настап, а Хрватска на 20-та позиција, по елиминацијата во осминафиналето.
Да одиме по ред, од петтото до осмото место се репрезентациите кои беа елиминирани во четвртфиналето: Норвешка, Белгија, Мароко и Швајцарија.
Од 9-то до 16-то место се пласираа Мексико, Колумбија, Бразил, САД, Португалија, Канада, Египет и Парагвај, а потоа (од 17-то до 32-то место):
Холандија, Германија, Брегот на Слоновата Коска, Хрватска, Јапонија, Австралија, ДР Конго, Гана, Еквадор, Јужна Африка, Шведска, Австрија, БиХ, Алжир, Сенегал и Зелено’ртски Острови.
Од 33-то до 48-мо место е најслабата група на екипи на Светското првенство, тоа се екипите кои беа елиминирани по првата фаза од натпреварувањето.
Тоа се: Иран, Јужна Кореја, Турција, Шкотска, Уругвај, Саудиска Арабија, Чешка, Нов Зеланд, Катар, Курасао, Панама, Јордан, Хаити, Узбекистан, Тунис и Ирак.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Халанд: Не беше фаул
Ерлинг Халанд го изрази своето разочарување и гнев откако Норвешка беше елиминирана од Англија на Светското првенство во драматично четвртфинале.
Норвешка беше поразена од Англија со 2:1 по продолженијата на стадионот во Мајами, а 25-годишниот напаѓач беше во центарот на контроверзиите.
Десет минути по почетокот на второто полувреме, голот на Торбјорн Лисекер Хегем беше поништен по прегледот на ВАР.
Судиите проценија дека Халанд го фаулирал својот иден соиграч Елиот Андерсон пред голот, уште пред топката да биде уфрлена во игра. По натпреварот, Халанд не ја криеше својата фрустрација.
„Искрено, се чувствувам малку празно. Мислам дека заслуживме повеќе. Според мене, не беше фаул. Голот беше поништен затоа што наводно го турнав Елиот Андерсон, а така ме туркаат во секој дуел. Ова остава горчлив вкус“, изјави Халанд за ТВ 2 и продолжи:
„Ако е фаул, тогаш треба да добијам слободен удар по речиси секој дуел, на секој натпревар. Тие постојано ме туркаат и ме влечат, и затоа мислам дека ова е лошо судење. На Светското првенство малите работи одлучуваат. Против Бразил успеавме да ги свртиме таквите ситуации во наша корист. Денес, кога одлуките беа 50-50 против нас, беше тешко“, додаде напаѓачот на Манчестер Сити.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓорческа скокна 14 позиции на ВТА листата
Лина Ѓорческа напредуваше 14 позиции на најновата ВТА листа. Пласманот на 208-то место на ВТА листата и го донесе импресивниот настап во квалификациите за Вилблдон. Ѓорческа ги мина трите рунди, со што постигна историски успех за македонскиот тенис, со пласманот во главната рунда на турнир од Гренд слем серијата.
Лина Ѓоречска има 367 бодови се наоѓа на 208 место. Инаку, нејзиниот најдобра пласман на листата е 170-то место во 2027 година.
По Вимблдон, на позицијата број 1 остана Арина Сабаленка со 8.550 бодови, Елена Рибакина е втора со 8.143 поени, додека Џесика Пегула е на третата позиција со 6.301.
Коко Гоф е четвртата тенисерка во светот, а Мира Андрејева е рангирана на петтото место.
Финалистката на Вимблдон, Каролина Мухова, напредуваше за пет позиции и сега е шеста на ВТА листата, а новата шампионка на Гренд слемот во Лондон, Линда Носкова, се помести од 12-та позиција на седмата.
Меѓу првите 10 се Ига Швионтек, Аманда Анисимова и Елина Свитолина.
