Спорт
(Видео) Дебакл на Барселона во Севилја, Алавес го победи Елче
Во шпанската Примера повеќе нема непоразени тимови. Вечерва, Барселона и Елче доживеаја убедливи порази кај Севилја, односно Алавес.
Севилја ја декласира фаворизираната Барселона на „Рамон Санчез Пихуан“ и им го нанесе првиот пораз оваа сезона со убедлив резултат од 4:1. Севилја ја забележа првата победа на домашен терен оваа сезна и воедно ја победи Барселона прв пат по 2015 година.
Играчите на Севилја носени од публиката „летаа“ по теренот, иницијативата ја крунисаа со гол од пенал. Во 13-та минута погоди ветеранот Алексис Санчез. Дека на Барселона не и се пишува добро на „Рамон Санчез Писхуан“ навести Ромеро со голот за 2:0 во 36-та минута.
Барселона сепак успеа да се врати во мечот во седмата минута од судиското надополнување со голот на Рашфорд.
Во вториот дел Барселона ја контрлираше топката, но до 76-та минута играчите на Ханси Флик не направија ништо пред голот на одличниот Влаходимос.
Аднан Јанузај 40 секунди беше на теренот, немаше контакт со топката, но успеа да направи пенал врз Балде. Левандовски шутираше лошо, топката ја спрати крај голот. Пет минути подоцна ново влезениот Нардагчи имаше „еден на еден“ со Влаходимоз, лошо шутираше, буквално му ја додаде топката на голманот.
Севилја ја нокаутира Барселона во судиското надополнување, од две контри. Првата ја реализира Кармона во 91-та, а втората Актор во 96.минута.
На „Мендизороза“ во Виторија, Алавез го победи Елче. Натпреварот беше здодевен до 76-та минтута. Висенте погоди од пенал, а пет минути подоцна Тони Мартинез ја зголеми предноста на Алавез.
Елче намали со голот на Андре Силва (негов четврти во сезоната) во 93-та минута, но само две минути подцна Боје, поранешен играч на Елче, го постави конечниот резултат.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Емери е експерт за Лига Европа – Астон Вила доминантно го освои трофејот
Фудбалерите на Астон Вила на доминатен начин ја освоија титулата во Лига Европа. Во финалниот меч, одигран на сѕадионот на Бешикташ во Истанбул, тимот од Бирмингем го победи Фрајбург со 3:0 (2:0).
Астон Вила финалето го реши во интервал од 17 минути, кога постигна три гола. Разликата во квалитетот беше очигледна, Фрајбург речиси и да не се закани кон голот на Мартинез.
Се истакнаа Буендија и Роџерс со по гол и асистенција.
Серијата ја отвори Тилеманс во 41-та минута, а спектакуларен гол за 2:0 постигна Буендија во третата минута од судиското надополнување на времето.
Сите надежи на Фрајбург дека може да направи нешто повеќе ги урна Роџерс во 58-та минута.
Астон Вила го освои првиот европски трофеј по 1982 година, кога прво го освои Купот на европските шампиони, а потоа и Суперкупот на УЕФА.
Тренерот на Вила, Унаи Емери, покажа дека е експерт за ова натпреварување, во шестото финале го освои петтиот трофеј. Претходно три трофеи освои со Севилја, еден со Виљареал, пораз доживеа само со Арсенал.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Силекс го освои Купот на Македонија
Фудбалерите на Силекс четврти пат во клупската историја го освоија Купот на Македонија. Екипата од Кратово, во 33-то финале на Купот ја победи Шкендија со 1:0 (0:0). Со вој триумф Силекс избори пласман во квалификациите во Лига Европа.
Финалето го реши интернационалец од Босна и Херцеговина, Алиќ во 71-та минута. Напаѓачот на Силекс ја искористи изнонредната асистенција на Донов и од пет метри ја смести топката во голот.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v77yibo”,”div”:”rumble_v77yibo”});
Спорт
Кристијан Киву доби нов договор
Интер се ближи кон крајот на многу успешна сезона, кога станува збор за домашниот фронт, што беше доволно за раководството на клубот да му понуди нов договор на тренерот Кристијан Киву.
Романецот го презеде тимот на крајот од минатата сезона, по заминувањето на Симоне Инзаги. И веднаш во првата сезона, тој ја освои двојната круна, Скудетото и купот, што беше прв пат „нероаѕурите“ да успеат да ги освојат двата домашни трофеи од познатата тројна круна во 2010 година.
Иако Интер направи драматичен чекор назад во Лигата на шампионите, елиминиран од Бода Глимт во осминафиналето, поранешниот дефанзивец на големиот Милан сè уште не е вознемирен. Доминацијата преовладуваше на домашниот фронт, што го принуди врвниот тим да го зацементира тренерот со нов договор.
Новиот договор беше потпишан на две години со можност за продолжување за уште една година. Со, секако, зголемена плата. Како тренер, Киву ги помина сите јуниорски категории на Интер од 2018 до 2024 година пред да ја преземе Парма на 18 февруари 2025 година. Тоа беше неговата единствена независна работа сè додека не се врати на Џузепе Меаца на 9 јуни истата година.
Foto/ Depositphotos
