Контакт

Спорт

(Видео) Египет го победи Нов Зеланд, Зеленортските острови го шокираа и Уругвај

Објавено пред

Во натпревар од второто коло од Групата Х, Уругвај и Зеленортските острови ги поделија бодовите играјќи 2:2.

Двете екипи сега имаат по два бода. Нерешениот резултат ги остава двата тима за пласман во нокаут фазата, но за Уругвај ситуацијата стана многу покомплицирана бидејќи играат против Шпанија во последното коло.
Кевин Пина Лентини и донесе предност на африканската селекција, со гол од слободен удар.

Во финишот Уругвај изедначи во 44-та минута преку Араухо, а во петата минута од надополнувањето на времето, Канобио погоди за предност.

Конечниот резултат го постави Хулио Варела во 61-та минута, по големата грешка на комплетната одбрана на Уругвај.

Египет испиша историја и ја забележа првата победа на Светските првенства. По пресврт, „Фараоните“ го победија Нов Зеланд со 3:1 и се на чекор до пласман во нокаут фазата.

Нов Зеланд поведе по само 15 минути игра. Корнерот го изведе Пејн, стоперот Шурман најдобро се снајде во шеснаесетникот на Египет и ја испрати топката во мрежата со одличен удар со глава.

Иако Египет беше фаворит на хартија, Новозеланѓаните беа одлични во првото полувреме и заслужено заминаа на пауза со гол во предност. Сепак, пресвртот се случи за само десет минути од второто полувреме. Мохамед Зико го следеше одличниот центаршут на Хани во 58-та минута и го израмни резултатот со глава.

Во 67-та минута, на сцена стапи најдобриот египетски играч на сите времиња. Мохамед Салах одигра двојно додавање со херојот на натпреварот Зико, а потоа мајсторски ја испрати топката во левиот агол на голманот на Нов Зеланд за пресврт и водство од 2:1.

Резервата Трезеге стави точка на победата во 82-та минута.

Најново

Свет2 минути

„Покривот на Европа“ изгуби повеќе од еден метар во висина за една година

Највисокиот врв во Европа изгубил повеќе од еден метар во висина во текот на изминатата година. Мон Блан во Франција...

Спорт47 минути

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет51 минута

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија59 минути

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт59 минути

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија1 час

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...

Свет2 часа

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија....

Свет2 часа

Мерц: Ниту едно евро за помошта за Украина не се зема од нашите граѓани

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Бундестагот изјави дека помошта за Украина не оди на сметка на германските граѓани и...

Свет3 часа

Ватикан објави информации за здравствената состојба на Папата

Папата Лав XIV закрепнува според очекувањата по операцијата, тој веќе почна да се движи низ болничката соба и да се...