Контакт

Спорт

(Видео) Голема победа за Баерн на „Сантијаго Бернабеу“

Објавено пред

Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Реал во Мадрид со 2:1 (1:0) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Секако, реваншот на „Алијанц Арена“ за осум дена нема да биде само формалност, но факт е дека Баварците направија голем чекор кон ново полуфинале.

Тешко е да се избројат колку одлични можности имаше на овој натпревар.

Веќе по 45 секунди, Баерн се закани преку Конрад Лајмер, а во 9-та минута, чиста шанса промаши Упамекано.

Реал одговори преку Килијан Мбапе, а потоа Винисиус, чиј удари го одбрани Нојер во 16-та минута, а во 27-та. Тиаго Питарч му ја даде топката на Серж Гнабри, кој не ја искористи од седум метри од голот.

И потоа Баерн прв зададе удар. во 41-та минута, по брлијантна акција, која ја креираа ГКејн и Гнабри, а ја заврши Луис Дијаз. со стил.

Нов шок за Реал следуваше по само 20 секунди во вториот дел. Олисе ја креираше акцијата, а Кејн со удар од 17 метри го совлада Лунин.

Реал се разбуди по еден час игра. Во пет минути две шанси не реализираше Мбапе, една Винисисус.

Баерн ги одбиваше нападите на реал се до 74-та минута, кога Трент Александар-Арнолд му сервираше на Мбапе во шеснаесетникот, а тој едвај успеа да го матира Нојер со помош на пречката.

Реал се обидуваше да се спаси од пораз, но не успеа, додека Баерн имаше подобри шанса за трет гол, но на крајот, гостите беа нефокусирани во ситуации каде што имаа вишок и веројатно можеа да го решат двомечот уште вечерва.

На овој начин, со нетрпение ќе го очекуваме реваншот во Минхен, кој ќе се игра следната среда, 15 април, кога ќе се донесе конечната одлука за учесникот во полуфиналето на елитното натпреварување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата

Објавено пред

Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс, во натпревар што заврши со резултат 1:1, беше доволен за тимот на Френк Лампард математички да обезбеди промоција воелитниот ранг на англискиот фудбал.

„Херој на историската вечер беше Боби Томас, чиј гол со глава во 84-та минута донесе неопислива прослава за навивачите на „Небесно сините“, пишува Би-Би-Си.

Се чинеше дека прославата ќе биде одложена, откако Блекбурн поведе во 54-та минута. Риоја Моришита му донесе предност на Белкбурн.

За домашниот тим, освоениот бод е исклучително важен во борбата за опстанок во лигата.

Поминаа точно 9099 дена од последниот натпревар на Ковентри Сити во Премиер лигата. Враќањето во елитата предизвика силни емоции. По последниот свиреж на судијата, навивачите на трибините беа во солзи, играчите славеа на теренот, а менаџерот Френк Лампард, познат по својата воздржаност, мирно се ракуваше со своите колеги.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Интер сигурно чекори кон шампионската титула

Објавено пред

Фудбалерите на Интер го победија Каљари на домашен терен со 3:0, во 33-то коло од Серија А.

Од самиот почеток, Интер наметна висок ритам на играта, со константен посед на топката и постојан притисок врз последната линија на Каљари. Гостите од Сардинија издржаа во првото полувреме кое заврши без голови.

На првиот гол се чекаше до 52-та минута, кога Маркус Тирам со глава ја испрати топката во мрежата по центаршут од левата страна.

Само четири минути подоцна, Николо Барела, ја дуплираше предноста на својот тим, а конечниот резултат го постави Зиелински во втората минута од судиското продолжение.

По оваа победа, Интер со натпревар повеќе има 12 поени повеќе од Наполи.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Почина легендарниот Оскар Шмит

Објавено пред

Тажна вест, доцна во петокот, пристигна од Бразил. Оскар Шмит, еден од најголемите стрелци во историјата на кошарката, почина на 69-годишна возраст.

Членот на Салата на славните, познат по прекарот „Света Рака“, страдаше од тумор на мозокот 15 години.

Членовите на неговото семејство потврдија дека Шмит си заминал со „храброст, достоинство и неуморен дух, останувајќи пример за решителност, дарежливост и љубов кон животот“.

Статистичарите евидентираа дека Шмит постигнал вкупно 49.973 поени за време на неговата професионална кариера во сите натпреварувања, што го прави најдобар стрелец во историјата на кошарката до април 2024 година, кога го престигна Леброн Џејмс.

Шмит никогаш не играл во НБА, но бил високо ценет во Бразил поради неговата посветеност на националниот тим и неговите настапи на рекордни пет последователни Олимписки игри.

Тој е рекордер на олимпискиот турнир по бројот на поени. Беше клучен играч на бразилскиот тим во антологиската победа над селекцијата на САД на Панамериканските игри во 1987 година.

Својата професионална кариера ја започна во 1974 година и поголемиот дел од неа го помина во Бразил и Италија, каде што стана идол од детството на идниот великан Коби Брајант. Во 1984 година, тој беше избран од Њу Џерси Нетс во шестата рунда од драфтот на НБА. Тренираше со тимот, но го одби договорот. Во тоа време, на играчите од НБА не им беше дозволено да играат за националните тимови.

Со висина од 205 см, тој беше исклучително прецизен шутер за тројки во 1980-тите, кога тројката не беше ни приближно толку честа како што е денес. Токму затоа го доби прекарот „Мао Санта“ („Света рака“).

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт7 часа

Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата

Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс,...

Спорт8 часа

(Видео) Интер сигурно чекори кон шампионската титула

Фудбалерите на Интер го победија Каљари на домашен терен со 3:0, во 33-то коло од Серија А. Од самиот почеток,...

Спорт8 часа

Почина легендарниот Оскар Шмит

Тажна вест, доцна во петокот, пристигна од Бразил. Оскар Шмит, еден од најголемите стрелци во историјата на кошарката, почина на...

Спорт8 часа

Заврши регуларната сезона во Евролигата

Вечерва заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига. Шест екипи директно изборија место во четвртфиналето, а четири ќе разигурваат...

Спорт8 часа

Вардар 1961 лесно се справи со Алкалоид, ќе го брани трофејот во Купот

Ракометаерите на Вардар 1961, в недела ќе се борат за 18-от пехар во Купот на Македонија. На Завршниот турнир во...

Свет9 часа

Трамп: Ќе го земеме збогатениот ураниум од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе соработуваат со Иран за собирање на збогатениот ураниум и да го вратат...

Свет9 часа

Зеленски: Русија повторно се обидува да ја вовлече Белорусија во својата војна

Белорусија гради патишта што водат до украинската граница и поставува артилериски позиции во близина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако...

Свет9 часа

Стармер: Повеќе од 10 земји се подготвени да издвојат средства за мисијата во Ормускиот теснец

Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека повеќе од 10 земји се подготвени да придонесат со средства за одбранбената мисија,...

Свет9 часа

Ирански медиуми: Изјавата на иранскиот министер за отворањето на Ормускиот теснец е „лоша и нецелосна“

Изјавата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, дека по прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални...