Спорт
(Видео) Гризман за нов триумф на Атлетико, Лил во трилер меч го победи Штурм
Атлетико Мадрид и Лил според прогнозите забележаа победи во првите натпреври од вечерашната програма во Лигата на шампионите. Атлетико, рутински го победи Слован од Братислава со 3.1, а Лил потешко од прогнозите славеше со 3:2 во дуелот со Штурм.
На „Метрополитано“ во Мадрид, Атлетико доминираше 70 минути кога реши да го спушти ритамот. Хулијан Алварез постигна убав гол во 16.минута, до крајот на полувремето, апзолутната доминација на теренот во 42.минута со втори гол ја круниса Гризман.
Слован во првиот дел имаше само еден обид, кога поранешниот играч на Вардар, барсегјан ја погоди гредата.
Во второто полувреме, сомнителен пенал добија играчите на Слован во 51.минута. Прецизен од белата точка беше Стрелец. Само шест минути подцна Гризман со својот втор гол го постави конечниот резултат.
Во Лил се одеше според планот на „догите“ до последните секунди од првиот дел. Имаа домашните предност од 2:0 со головите на Шарауи во 37. и Бакер во втората минута од судискоот надополнување. Сепак веќе во следниот напад Штурм се врати во мечот со голот на Китишвили.
По две минути игра во вториот дел целосен шок за Лил, на 2.2 изедначи Бирет. Сепак австрискиот првак не издраж, во 81.минута Харалдсон го постави конечниот резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал заинтересеиран за десниот бек на Рајо Ваљекано
Реал Мадрид мора да направи реконструкција на позицијата десен бек. По повредата на Дани Карвахал, еден од хероите на минатосезонското финале во Лигата на шампионите во кое постигна гол против Борусија Дортмунд, единствена опција на оваа позиција е Лукас Васкез.
Главна цел на реал е бекот на Ливерпул Трент Александер-Арнолд, но овој трансфер евентуално може да биде реализиран во летниуот преоден рок.
Договорот на англиската ѕвезда истекува на крајот од сезоната, исто како и 33-годишниот Лукас Васкез, кој оваа сезона голема улога поради отсуството на Карвахал. Васкез не игра добро, често е најлош во одбраната на Реал и поради тоа клубот нема да му го продолжи договорот кој истекува на крајот од сезоната.
Ова значи дека и доколку пристигне Александар-Арнолд, на Реал ќе му треба резервна опција. Се уште не е познато кога Карвахал ќе се врати по тешката повреда на предните вкрстени лигаменти и во каква состојба ќе биде по рехабилитацијата.
„Sports Illustrated“, објави дека Реал Мадрид покажал интерес за десниот бек на градскиот ривал Рајо Ваљекано, Романецот Андреј Ратиу (26).
Роамнскиот репрезентативец се смета за еден од најдобрите дефанзивци на позицијата десен бек во Ла Лига, за него наводно е заинтересирана и Барселона, а шпанскиот портал „spherasports.com“ пишува: „Романецот е како куршум. Се брани цврсто и се приклучува во нападот како да му дале дополнителни животи. Јасно е дека тој е ееден од еден од најдобрите дефанзивци во Ла Лига“.
Ратиу е проценет на 15 милиони евра, а бидејќи неговиот договор истекува во 2028 година, сигурно е дека Рајо Ваљекано ќе има можност да заработат голема сума.
Инаку, Реал пред две сезони се засили со играч од Рајо Ваљекано. Тогаш на клубот му се приклучи левиот бек Фран Гарсија.
Спорт
Лука Јовиќ се сели кај својот поранешен тренер Ади Хитер
Лука Јовиќ до крајот на зимскиот преоден рок, како слободен играч, ќе го напушти Милан. Клубот од „Сан Сиро“ не бара обесштетување, целта е да се ослободи од платата на Јовиќ.
Лука Јовиќ ќе се пресели во Монако, по иницијатива и желба на тренерот на клубот, австрискиот стручњак Адолф Хитер.
Според „Танјуг“, заемен интерес има, преговорите се при крај, а реално е да се очекува наскоро и официјална промоција.
Јовиќ поради Хитер и Монако одбил понуди од Италија, Англија, Шпанија и Дубаи.
Српскиот фудбалер имаше добра соработка со Хитер во Ајнтрахт Франкфурт. Во Анјтрахт играше во извонредна форма, што му овозможи тренасфер во Реал вреден 63 милиони евра.
Хитер е тренер на Монако од 2023 година, а претходно ги водеше Борусија Менхенгладбах, Ајнтрахт, Јанг Бојс, Салцбург, Гредиг и Алтах.
Јовиќ (27) е член на Милан од 2023 година, а претходно играше за Фиорентина, Ајнтрахт, Реал, Бенфика и Црвена звезда.
За српската репрезентација одигра 42 натпревари и постигна 11 голови.
Монако моментално е трет во француската Лига 1 со 31 бод од 17 натпревари, пет зад Олимпик Марсеј и 12 зад лидерот Пари Сен Жермен.
Спорт
Барди, откога раскина со Трабзон, се враќа во Шпанија
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди го раскина договорот со Трабзон. Барди без обесштетување ќе го напушти клубот. Постои можност тој да се врати во Шпанија каде претходно успешно го носеше дресот на Леванте.
Тренерот на Трабзон, Шенол Гунеш, на почетокот на ноември го исфрли Барди и уште неколку триги играчи од тимот. Подоцна Барди доби дозвола да трениера со првиот тим, но беше јасно дека во зимскиот преоден рок ќе го напушти клубот.
Барди сезонава настапи на осум натпревари за Трабзонспорт, одигра вкупно 377 минути.
Репрезентативецот на Македонија има две недели да ги слушне понудите и да се реши каде ќе ја продолжи кариерата.
Наводно тој има три понуди да се врати во Шпанија. Најсериозен интерес покажува Еспањол и според медиумите клубот од Барселона води во трката за неговиот потпис.
Интерес за Барди покажале и клубовите од Мадрид, Леганес и Рајо Ваљекано. Интересно, во овој период минатата година, Барди се поврзуваше со Рајо Ваљекано.